Ни останува у некој нареден живот и по еден син да имаме или па да заборавиме на лудилово моментално за некоја година па да се излажеме за второ
Јас второ дете никогаш не сакам да имам, ова од лична преференца. Уште пред да се вериме му имав кажано на маж ми. Он до душа уште си го сфаќа на шала, ама ќе прифати еден ден.
Јас па сакам а немам живци, несакам само дете едно да остане, неможам да замислам тоа незнам мислам ќе биде мн осамена. Ма да знам мн деца единци што се ок со тоа дека се сами. Јас не би сакала да сум сама па од таму тргам. Ама немам ни сила ни живци па ни години треба да се решам до две год да се прави тоа дете. Мн лоша бременост имав, да не беше вака немаше да имам толку страв. Здравје
А две ќерки на татко? Често имам пишувано, големата повеќе татко и ја израсна отколку јас. Корона фати, он од дома работеше и по цели денови се чуваа. Ден денес на прсти можам да избројам колку пати јас ја имам избањато. Со татко и се тим мајстори, така се викаат самите, се нешто заедно прават. Пред некој ден сифон чистеа заедно. Тоа гнасотилук, а она стои до татко и му подава работи. Добро со мене е тим готвачи и тим крафти крафт, затоа што што и да почнам да готвам она е на столче со кецела нацртана до мене. Е сега и второво е заљубено во тата. Врат ќе искрши по него, па како мило го гледа, па нежни насмевки, страшна работа. Го гали, сака да му кубе брада и мислам цело време може да седи кај него. Маж ми е пресреќен со две ќерки, баш е целиот таков нежен, мек. А за некоја година кога ќе ви пораснат, па кога ќе почнат активност некоја, топење ќе биде. Еве кај нас е балет, па го тегне татко и цело време да играат. И така по дома знаеме за плие, гранд плие, аланже, сите позиции во балет. И играме, играме, најмногу на Вивалди. А и ова Кога некогаш ќе дојде второ дете, ако сакате нормално, сфаќате дека со едно било баш мирно, со време на претек уствари. Тек со две кој хаос е, измешани емоции, немање време за ништо. Баш не знам тие со три како излегуваат на крај, секоја чест за нив.
Знам дека многу луѓе мислат дека децата треба да имаат братче/сестриче, но јас едноставно не се гледам себеси како мајка на две деца. Ќерка ми многу ја сакам, повеќе од животот мој и сакам да ѝ дадам сѐ што можам, но не чувствувам потреба, ниту желба да поминувам низ се по втор пат. Дури и ако некогаш таа посака сама сиблинг, сакам да верувам дека љубовта, вниманието и стабилноста што ќе ѝ ги дадам ќе ѝ бидат доволни.
Татко ми беше ваков. Јас тргнувајќи од мене зборам, и возрасна си легнував со главата кај него во скут и заедно така си гледавме филмови. Има филмови што на татко ми ме потсеќаат. Кога почина, мислам дека умрев и јас пола со него. Долго време не можев да се помирам со тоа, го сонував три години секој ден без прекин. Ги сакам и мајка ми и татко ми исто ама љубовта е различна. Друга димензија на љубов е. Мајка е мајка, ама татко е татичко. Еве ќере во несвест паѓа по него.
Моментално мојава му спие на рака, он со другата рака скрола на тел и си пие второ кафе на послужавник, сликава е во дневна на гарнитура у сабота сабајле па има ли поубаво
И јас сакам 2 дете сепак што викаш само не ми се остава.Кај мене па ризикот е голем пак да не се пофтори истото и тој стрес што го поминав и во бременоста и послем тоа.Ама оваа бременост сонував девојче и името и беше Софија во сонот и мислев дека ќе е женско но испадна машко.Пред некој ден пишував со гинекокологот што ми ја водеше бременоста прашуваше за бебе,дека сега сме кај неговата сопруга она ни е док.Му викам ајде за второ се гледаме пак ми вика најди си друг гинеколог ти ми ствараш стрес.Ќе видиме како времето ќе покаже прво да го пркнеме ова бебе.
И мене ми е тажна помислата да ја оставам сама .. реално имаме преубави услови, голем дом, убави примања и двајцата, бизниси, коли тоа стваравме изминативе 10години додека немавме деца ама месецов ми се претвори животот во нешто сосема друго од тоа што го живеев до сега и не знам дали вака е за стално променет или пак до негде ќе се нормализираме рано ми е да пресечам за одлукава сега 40дена породена со прво.
Каква помисла на второ сега, не се замарај воопшто. Мене после 4 ипол години некаде ми дојде на мисла само. Па додека да се решиме да го правиме (добро правењето е најзабавно нели) Претходно бев во паника ако и еден ден ми каснеше. Уживајте и запознајте си се со ова сега. Растете заедно сите.
Јас па ја немам таа љубов доживеана и многу ми фали некогаш да е тука, мајками многу покрила и неможам да ви опишам колку ја сакам, ако имам дете таа љубов е посебна...и одкако се породив ми фали врмето со неа поминато само ние две.Најтешко ми беше кога барав кој да ме извади од дома за свадбата, кој да го замени. Ама сакам моето дете да ја осети таа љубов и многу сум среќна што мм е таков човек сака деца ништо не му е тешко. Кога сум сама и си зборам дај му господе живот да не сум сама и ќерками да има татко.Не бев порано таква сега како стареам ме фаќа страв од самотија.
И мене немаше кој да ме извади од дома за свадбата, братучед ми го направи тоа. Мене ми е тешко што не ја запозна ќерка ми, што не дочека да не омажи, а знам дека сон му беше тоа. Ама знам дека е тука некаде и не гледа. Го осеќам тоа. Иако претешко ми беше да се помирам со тоа дека го нема, морав за сопствено добро.
Ние сме две ќерки, дефинитивно во многу погледи татини. Иако татко ми е доста конзервативен тип, цело детство го поминавме со него, се нешто чепкавме, работевме. Сестра ми има два сина, и го обожаваат дедо им. Исто се со него цело време. Ама сега кога го гледам со ќерка ми се топам зошто сфаќам како било со мене П.С. Изгледа само јас се породив и одма сакам второ Толку сакам две што ништо не може да ме предомисли. Мм се нервира зошто цело време веќе му зборам
Хаха ако си природно можеш, нека пркне да јаде и нека застане на нозе ова и одма прај друго. Кумата моја во германија ги спои со едното дома остана трудна таман се врати ајде пак на породилно ете ги две сега братче и сестриче живо забавно им е Јас и сестрами сме разлика 16 месеци. Ее во тоа време на транзиција све дома технолошки вишок па не мислеле оп едно оп друго, едно проодело друго одма после и после тепачки за алишта исти да се, исти коси исто све хаха
На бебчо две недели почна да му солзи едното окче како жолтеникаво му тече и кога стане од спиење како залепенко е.Дали да го чистам со нешто?
Можеш да го чистиш со стерилна газа со малку физиолошки раствор, ама можеби треба и капки да ставаш (тобрекс). Консултирај педијатар. Син ми уште во болница кога се роди му ставаа капки таму и дома јас продолжив. Честа појава е инфекција на око кај новороденчиња и треба побрзо да се третира за да не се влошува. Можеш и да го масиркаш окото лесно, од внатрешната страна кај коренот на носето, во случај да има запушено каналче.
Исто имаше и син ми, тобрекс капки три пати на ден и хлорамфеникол маст сабајле и вечер. 7 дена теравме вака па 3 дена пауза. Доколку не се среди може да се продолжи уште 7 дена
Дали некое бебче прима Сидерал + Биотрина? Какви се каките? На малава сите и станаа темно зелени со слуз одкога почнавме да даваме. Читам нормално е од суплемент железо така да е…