Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    И јас исто знам, дека го менува вкусот на млекото, а за алергија не сум чула, овошје како овошје.

    Калиас, мене пумпата ми е најискористена и најисплатена иснвестиција во овие 2 недели. Големо психичко растеретување е кога знаеш дека бебето независно како цица, дека ќе си добие мајчино млеко, колку што треба да изеде, а да не зборам дека разликата меѓу природното и дохраната што се дава во замена на недоволно цицање,не се споредува.
    А да не зборам дека ми ги разработи градите, редовно да ги празнам и се повеќе да се полнат, со цицаето на бебето до сега ќе останев на минимално млеко, а вака вадам по 80 мл од молзење.
    Твое е да решиш, ама големо олесенение е за овие денови додека бебињата не цицаат како треба.
     
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Уник тоа оди вака она плаче зашто е гладна и ако во секундата ама баш во секундата млекото не и е во уста вришти као ненормална . Инаку беше дете со голем апетит сега ќе шмукне -3 пати па плаче па пак 3 пати па па плаче и се така додека се дојаде а колку би и спремила еве јас некогаш ќе спремам 130 мл и ќе го изеде и уште ќе бара па имаме проблем а некогаш едвам 60 мл од понудените 130 и се откажува па гледам недела за недела да зголемувам за 10 мл па колку испие испие она ни приближно не пие исто не за 0 -30 мл некогаш има разлика и до 70 мл некогаш кога знам дека и е време да јаде онака ќе понудам шише иако глас не пуштила туку само се раздвижува повеќе колку да пробам и си го зема и ќе го исцица некогаш плаче читај дере за јадење едвам 10 мл ќе исцица а ќе шмукне со таков апетит зашто кога ќе почне ја фаќаат грчевите и толку е гладна си останува од нив
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058

    Ме замисливте и истражував малку.
    Само пред да образложам какви податоци најдов, да ви кажам дека нашиве педијатри немаат врска за оваа бактерија нивното образложение за не давање мед е “алергија на полен“ . Од ова следеше размислувањето и јас сум алергична на полен, но медот никогаш не ми пречел. Ок, тоа е , сите се прават паметни(од докторите), секој нешто кажува , додава, слушнале недослушале е работава. А демек они ни ги лечат децата :fubar:

    Во однос на бактеријата, најзастапена била во периодот од 1910-1919година, кога 70% биле заразени, за до 1990тите години да се намали на 2% и сето ова се податоци од Америка(The highest incidence rates occurred in Alaska, Idaho, Washington, and Oregon). Никаде не се спомнуваат други држави(или јас не сум нашла таков податок), сите статии на македонски кои ги има низ сајтовите се преведени од англиски.
    Наредно што беше е дека последниве години бактеријата е застапена исклучиво кај животни. Кај кои се лечи за одприлика до две недели.
    ДА напоменам дека оваа бактерија се добива и од конзервирана храна, храна која стоела во конзерва 2 дена.
    Посебно во Македонија не сум слушнала за ваков случај, ни од мед, ни од конзерва.
    Медот е одамна познат природен лек, за кој сега дознаваме дека може да убие. Мислам за мене не е логично. Знам, ДА, има случаи ,луѓе и тоа возрасни кои ги познавам дека имале реакција од мед и тоа кога биле повозрасни....
    НЕ сакам ниту пак ми е намера да убедувам некој, туку само сакав да споделам што се најдов за бактеријава, зошто навистина се заинтересирав, не знаев дека и ова го има, па сакав да видам што чудо е.
    Јас лично мед со години зимам од блиски(роднини), точно знам што чуваат и колкаво внимание посветуваат на тоа што го работат. Убаво си е објаснето дека бактеријава може да ја добие и возрасен, не само бебе/дете, симптомите се тие, но возрасните полесно ја поднесуваат.
    Ете така, ова беше она што јас го најдов, и искрено се надевам дека никогаш никој нема да се сретне со оваа бактерија.
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    јас на керка ми почнав да и давам мед од полни 2 годинки ,(до тогаш чекав од страв ) секој ден пие по лажиче до две со чајче и лимон обавезно ,фала богу имунитетот и зголемен и до сега не сме се соочиле со некој потешкотии ,и кажав и на докторкта таа рече да продолжам така ,медот е повеке природен лек и корисен во многу случаи , па сега боже мој има деца алергични на се и сешто ,со оглед на тоа на каква храна сме и каков воздух дишеме :!:
     
    На SimonaTino и meU им се допаѓа ова.
  5. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    806
    Мамички да ве прашам нешто, малото ми се исфрли на ноџињата има како црвенило и внатре во црвенилото како бубулички полни со вода, свеки ми вика дека и мм бил таков и дека му ставала црвена вода има некој вакво искуство дали да му ставам црвена вода или нешто друго...а и многу ми е страв јас како што сум паничар во несвест сум...
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    е сега јас сум на ред за исповед :) денеск кај мене во посета дојде една моја роднина а таа е доктор специјалист акушер, и во нашата болница таа ги прегледува новородените бебиња и им дава оцена. Го гледаше син ми го прегледа целосно и не пофали дека поправен е точно 1 кило од кога е роден :inlove: а има точно 3 недели. И ја прашав за мојата храна и млекото и неговото влијание на бебето и грчевите. Е сега нејзините одговори како на блиска особа беа нешто сосем спротивно на досегашното мое истражување. Односно жената ми рече капките против грчеви да не ги давам, дека биле хемија создадена за полесно празнење на цревата и немало потреба бебето да го труам сите бебиња минувале низ оваа фаза ништо не било страшно. За термафорот ми рече дека тој не помагал за ослободување на грчевите според некои последни истражувања туку бебињата се смирувале од него оти му било убаво кога му е топличко на мешето. За грчеви ми рече само масажа на стомачето и тоа да било како штипкање, значи ке го лените на грб ке го соблечето и ке му го штипкате стомачето така се стимулирале цревата побрзо да работат и побрзо ке се ослободеле грчевите од стомачето, и чајот ми го одобри и тој на бекутан или на хип дека убаво било чајче да се дава на бебе и онака за дополнителни течности без разлика на каква храна да е дури и да е на мајчино млеко а ако било на АД тогаш се давало и чајче и водичка. А за храната што ја јадиме ние мајките, рече дека додека да стигне храната до млекото минувала низ многу процеси на обработка и не било возможно ако мајката јадела тешка храна да му било тешко на бебето, само можело млекото да го смени вкусот од многу кисело или благо на пример, или да добие мирис од зелката или гравот и така бебето да го одбивало млекото заради лошиот мирис, но тоа неможело него да му предизвика грчеви оти составот на млекото пак бил истиот.
    Мајката требало да јаде се, ама со осет за да не се зделеби многу додека трае периодот на доење, и многу многу течности, посебно ми напомена сок од цеден портокал, цвекло, морков, банани, круши и јаболки, оти така многу витамини оделе во млекото и бебето ги примало. исто така рече дека било убаво да се јадат и бадеми лешници и други јаткасти плодови како и сусам оти придонесувале за поголема масленост на млекото. Значи пазењето на храната најмногу е за доброто на мајката, а млекото на бебето во многу голем процент било обработено од организамот и мајчиното млеко било најдобриот избор за бебето доколку се во можност и мајката и бебето за истото, инаку не било крајот на светот ако бебето се дохранува или е целосно на АД млеко оти во денешно време постоеле млека што биле со СЛИЧЕН состав како мајчиното, и децата хранети со АД не заостануваат во напредување.

    Инаку пронајдов решение за син ми да биде мирен и побрзо да му поминува мешето, а тоа е лежење на стомак нормално на мене, многу мал да го оставам сам во креветчето на стомак за тоа синоќа од 2 часот до 7 сабајле спиеше врз мојот стомак, а јас пуста сум хронично не наспана :!: ама се за малиот султан :lol: (така го викам во последно време оти дома сите не команда како сака, исто како Султан Сулејман :D ) ама се надевам дека и овие грчеви ке поминат наскоро па ке посмиеме повеке.
     
    На pepita82, meU и SimonaTino им се допаѓа ова.
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Мравче, син ми се исфрлаше така од топло тие црвени точки со вода се викаат горенци
    Не е страшно ништо само кога ќе го мачкаш со крема,ноџињата остави ги на кеај :) да не ги мачкаш горенчињата,па кремата,па телото можно е и да се прошират
    Ај прво пробај со обична пудра да му бидат суви ноџињата,и нека не му се потат да не му е жешко некој ден,види дали ќе му се смири...ако не црвена вода убаво ти рекол свеки :$ и ќе помине :D
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    761
    може црвена вода или еуцерин сапунче +крем еуцирин незнам точно како се викаше со12% е внатре нешто со плава капачка ке му ги исуши бруките и ке се излупат
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Јас, како што кажав погоре, ова ни го имаа кажувано во средно медицинско по предметот микробиологија.
    До тогаш никој од класот немавме слушнато дека не се давал мед на бебиња и ни падна чудно, затоа и сум го запамтила ова.
    Инаку еве што најдов. Годишно се пријавуваат по неколку случаи, ете за САД има податок од 1976-2006 се пријавени 2419 случаи. А во европските земји уште помалку, можеби затоа не е широко познато.

    Опасен бил медот затоа што само тој бил продукт во кој може да се најдат спори од бактеријата и тоа се наоѓало многу често.
    Возрасните имаат начин со останатите бактерии во цревата да ги уништат спорите пред да направат нешто лошо, ама бебињата пред една година немале таква способност и затоа се јавувал тој бебешки ботулизам.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Botulism#Infant_botulism

    Значи се на се, шансите да се фати овој ботулизам од мед се премногу мали, а алергијата на полен како причина за недавање на мед не ги сретнав многу на интернет. Амо кога веќе се знае ова зошто да си ги повикуваш шансите и да ризикуваш.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    црвена вода и јас користев за малата по препорака на патронажната кога ја виде дека има такво црвенило по ноѓињата ,и за кратко време се повлече ,не се плаши не е страшно :)
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    таа црвена вода се вика ЕУЗИН јас ја имам користено за малиот ми се изфрли црвени точки во болница од што беа многу чисти пелените во кои ги повиваат :)
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Давам и чајче бекутан ама не сакаше од чајчето и кога реков денес сабајле масирај по стомаче по грб , се откорнавме скоро 2 саати масажа и машала мажето се искака и тоа супер , фала богу , не сакав да ставам чепчиња а ги имам дома....

    Како сте со напредувањето, ние вчера го меревме , дома го донесовме 3 и 260 а вчера се измеривме на кујнска вага и покажа 3 и 470 , како стоиме , 210 грама за една недела ... со оглед на тоа што се раниме со АД и многу малку од левата града млеко ... :)
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Супер Иванивичка ,ке си напредува детето без разлика што е на ад млеко ,битно мешето да му е полно ,грчеви ,какњето полека ке се среди ,и Ломбарди погоре кажа убав совет од докторката масирањето многу помага :) и ме потсети како вчера да беше ,кога ја однесов керка ми на вкцина околу 4 месеци имаше докторката почна да ја масира по мешето во правец на стрелките на час. мислам дека прппеа од што и беше убавко :)
     
  14. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Денес цуцкава моја се ми исповрати и тоа сварено млеко а се на е испи дали и 400 мл премалку 450 пиеше на 15 дена старост утре планирам да ја носам на лекар да и го видат мешето на ехо се грчеше без престан 10 саати сега е мирна ,а повраќаницата мирисаше на кисело најверојатно од желѕдочниот сок премногу ме исплаши денеска да не имал некој слични искуства ?
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.392
    проблеми со не јадење имав и јас чинам и меу..
    Јас едноставно не ја терав да јаде додека убаво да огладне, зошто ако и буткам со сила она пак ќе го поврати.
    Повраќањето може да биде од разни причини, ќерка ми од 1.5 месеци почна да пика прсти во уста и некогаш ќе претера па повраќа,можеби тоа што го повратила и било вишок , можеби си ја фатила за стомаче после јадење .. или не дај боже некоја по сериозна причина.
    Полека , полека ќе с фатите ред и ќе знаеш од што и е, еве ние имаме скоро 4 месеци и сеуште се бориме да фатиме некој ред.. без нервоза само

    Јас да се пофалам дека ќерками конечно почна да пие по 120 мл , некогаш знае повеќе и од 120 да испие примев завчера , 170 испи и се прејаде па поврати малку ама не секогаш :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    И кај нас да чукнам од дрво тоа повраќањето полека се регулира.
    За јадење имаме два дневни обрка од 120мл, еден од 150мл , а другите се по 60-90мл, зависи. Вчера запишував цел ден колку испи, па до утрово(од кога почнав вчера) израчунав дека е јадена 750мл +70мл чајче.
    Е сега пак незнам дали е ова доволно, и колкава количина треба да јадат деца на возраст колку моето(за 10дена правиме 4 месеца).
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    мамички нас денес на првиот преглед ни рекоа дека бебушко е поправен само 200 гр за две недели и ми даде педијатарот да пие хумана по 60 мл по секој подој, бидејки ни мереа за пола сат исцица само 10 мл млеко од мене :( а мама има млеко, можи тоа е слабо, или него го мрзи да цица
    е сега ме интересира дали некој имал искуство со гурелки на очињата кај бебушко, ние имаме и ни дадоа капки дексаметазон неомицин, ама аптекарката ни рече дека морало да се има направено бриз за да се користат овие капки... сега се мислам дали да му ставам на бебушко :?:
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    да не му ставаш без да направиш бриз. Само даваат лекарства а некогаш, ма често немаат основа. Дексаметазон се многу јаки капки, ни за возрасен не се препорачливи. Мајка ми како човек со многу проблеми со видот и неколку операции постојано ми повторува “што и да се случи дексаметазон никогаш да не си ставила во око“.
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    затоа и јас се мислев дали да ставам, најдобро да одиме кај др педијатар и да видам и тој што ке ни каже, барем да ми биде мирна совеста после
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Денес бевме на лекар ни рекоа грчевите биле зашто била многу лакома и да не и давам многу да јаде а и дебели сме биле многу 6 кг ;( па ни скратија еден оброк ни дадоа 6 оброци по 120 не 7 значи вкупно 720 мл а она денес не изеде ни 400 мл и викам на др не јаде, вие сега ни давате 720 а она скоро цела недела јаде 500 ми вика уште поубаво :( ај си викам може ќе си избалансира. а да не заборавам ни рекоа чај колку сака многу ме зачуди зашто е полн со шеќер :( си викам па и од тоа ќе качува килажа тоа се празни калории