Да не е затнато солзно каналче? И син ми бебе имаше секрет така му се лепеше жолтеникаво зелено, без капки поминавме. Само пребришувај со физиолошки, јас па и со превириена вода го бришев, буквално ништо не користев и му помина. А да заборавив, масажа нежна со прст исто ни препорачаа меѓу очињата и носето за да се одзатнат каналчињата.
Да кога не пуштија од болница беше 104 сега ни е 110.Ако остане така ќе го прекинеме следна контрола .
За хепатит б вакцина, колку пати да му редам ациди борици? И дали да го намачкам малку и местото отворено да го чувам?
Нас ни рекоа ништо да не се става. Не ни имаше реакција. Јас и на првото мое ниеднаш не му ставав никакви облоги, не планирам ни на второво дете освен ако има видлив оток.
Женски од кога отприлика ви почнува вечерна рутина? Бебе е два месеци, знам дека ни е рано за строга рутина ама сакам малку по малку да почнам. Гледам до 9 да е прошетан и избањат, после тоа директ во спална, пригушено светло, white noise, цицање и спиење. Ама денес ми се успа во осум одма после шетање, пресоблечен и најаден, па се мислам дали ќе спие барем до кај 12 па само да цица тогаш и да презаспие или ќе се журкаме до ситни саати
Izmolzenoto mlekce vo sisence kako go cuvate za podocna dali na sobna temperatura zosto mnogu e toplo sega ili vo frizider i po kolku casa moze da se dava podocna
Рутина буквално од прв ден. Бањање во исто време секој ден, пижамки, цицање, темна соба... нормално е хаос на почеток, ама си доаѓа на место за некое време. Ако не почнеш кога е многу мало, тешко за понагаму ќе биде. Во фрижидер може и до 4 дена да стои, ама позади во фрижидерот, не на вратата. На собна ако е над 25-26с во собата не би чувала искрено. Инаку до 4 часа мислам можеше.
Рутина за спиење од сам почеток почнав но секако не одеше скроз по план до кај 6та недела. Инаку и мене еднаш ми се успа непланирано неизбањата (се бањаме секогаш пред спиење како дел од рутина) и ја оставив си отспа само малце порано ми се разбуди за цицање и сабајлето
Како правите рутина со толку мали бебиња? Јас се што правам е преслечи, нарани и заспи, денски во дневна, навечер во спална на негово креветче. Пропуштам нешто?
Јас почнав со тоа што пред спиење туширање,пижамки сега летно време боди облакаме ,млекце и заспива.Денски кога се враќаме од шетање сменуваме пелена, пиеме млекце аконе буден на релахатор, ако заспие го ставам во креветче дека климата е пуштена.Наутро прво млекце па се пресоблекуваме,миеме лице со газа,вежби правиме и излегуваме на шетање.
Па тоа е отприлика, само гледам да е ист редослед во отприлика исто време секој ден ама еве го денес трет пат го успивам, од осум до сега, спие пола саат, прета како машинче и се буди, мислам дека му е жешко ќе земам на планина ќе се преселам до октомври
Ние уште немаме излезено на шетање, зато се исто ми е..битно ми е да разликува ден/ноќ и да спие во креветче навечер, па допрва ќе видиме како ќе испадни
Да, јас уште му давам на секои три сати и од прилика тука така е времето секој ден. Последниве две недели и јас мака мачам со заспивање, заспиј го, разбуди се за 3 мин, па сега кога ќе заспие го оставам на мене 30-40 мин, па го префрлам
Исто и јас го оставам така последниве денови, инаку се буди одма. Претходно ми успеваше некогаш до мене да го спуштам, сега ни тоа колку е старо твоето?