Кога почнаа вашите бебиња да заспиваат во исто време преку ден? Кога почнаа со дремки, да имаат ред? Големиот кога беше бебе се знаеше кога има прва, втора, трета дремка. Ќе заспиеше и тераше по 2 саати дремка. Малава не бре брате, ништо не се знае, преку ден спие само по 10мин максимум, ништо повеќе од тоа. И во раце ја оставам, не спие подолго од 15мин. Ќе стане и прво е свежа едно 10мин и после почнува да кенка, да плаче оти и се спие. Верувајте дека по цел ден само ја нишкам, немам време за ништо друго. Оти што попрво да направам во тие 10мин кога дремнува зајакот нели.. Дали да идам до вц, да јадам или ручек да ставам да се прави. Скоро 3м е, кога ќе почне да има ред ова бебе? Ме пукна веќе.
Кај ќерками беше, дека слаби мускули а јаки грчеви имаше и нон стоп нозете стегнати, имавме некоја почетна кила, сега поспадна, ама уште има едно делче така. Др Филев вика до годинка ќе се повлече само.
Извини што ќе се замешам, како си задоволна од др. Филев? На мисла сум дали да го одберам него или Сашко во Реоника, последниов период повеќе препораки добив за Филев.
Сашко е океј доктор, има знаење што сум го посетувала од работа вака кога работеше кај Ложанковски во центар. Филев го одбравме дека е неонатолог, работел на клиника и со прематурчиња да ги следи. Мене ми се допаѓа Докторот е мн океј и флексибилен. Сега не сме биле за настинка фала богу уште. Ама ќе видиме и тоа понатака.
Што е со 5ти скок луѓе? Не сака ни да го погледнеш, веднаш кенка па и знае да вреска, а ич не е некое врескало. Станува од дремка квиче, после јадење квиче, ништо не му е погодено. А толку беше смешко. Со татко му денеска цел ден изиграваме мајмуни за да се насмее барем малку, не бре, уште толку кенка. Како друго бебе да имам само што влеговме во скоков.
Кај нас сега после 5 скок е полошо отколку кога беше во скок. Вештина што ја научи е дека мама и тато може да ги снема на 5 секунди и вришти. Општо не е ич расположена после скокот, не знам што е работава.
Не сакаш да знаеш 6ти каков е…веќе не знам ни кога почна ни до кога трае. Ми паднаа белите влакна од што ми паѓа косава, сега нови ќе ми никнат…
Мојата за татко и гајле и е (а многу го сака), ама за менееееееееееее...... ако ја испуштам од раце вреска, не па да си заминам