Леле каква споредба, помодарство. Нас не ни давале вода. Не знам од каде таа информација. Од толку правење споредби ќе изгинеме. Млеко му треба на бебето, не вода. Млекото е 85% вода.
Ако си одлучила да даваш давај, твое со е тоа. Ама како да бараш оправдување за тоа што даваш порано Јас почнав скоро на 5ипол месеци со вкусови и со по некоја голтка вода, претходно не, на екстра доење сме од раѓање
А што ќе смени некоја голта вода во хидратација на бебето, освен тоа што ќе им смета на бубрезите? Еве од тој аспект да ги гледаме работите - неколку голтки вода нема да го хидрираат бебето, а може само да ги оптеретат бубрезите, па која е поентата? И да, нас ни давале вода, ама ни давале и сокче на 3 месеца, нашите се ранети со леб и манџа од 4 месеца, треба ли да ги правиме тие работи Медицината, и истражувањата одат напред, за разлика од нашите педијатри што очигледно одат само назад
Не барам оправдување, кажувам што ми кажале и никогаш не присилувам некој да го применува моето мислење
ЖЕНО! Јас не прашав за вода па ти да ми одговориш! Прашав за чајче. И оти немало од каде да прочитаат не не израстиле, не сме во ред ние, сега ние повеќе знаеме со ВИ и разни глупости. Можеш да одговориш на прашања, да дадеш искуство твое, а не да кажуваш одповеќе
Па и јас не и давам ама постари ме прашуваат дали давам по некоја лажичка вода, и зошто не Затоа решив да прашам
Нема потреба од големи букви и извичник де. Погрешка сум те цитирала, се извинувам, мислев дека ја цитирам другата членка, па затоа и го избришав постот. Чајче од анасон давав еден месец ама намената му беше за да му ги смири грчевите дека имаше премногу. Во врска со водата, членката праша, одговоривме како што мислеме. Понатака како мисли дека е најдоброто за бебенцето, така нека прави.
Леле вчера на свекрва ми и праќав зошто не треба, статии, статии на повеќе јазици да види и надвор дека е така. И сфатив дека е џабеее ми вика не шкоди па уште и капка лимон. Се шетаме ми викаат топло му е водичка дај му и чорапи gosh тие чорапи….
Ретко која свекрва е разумна и прифаќа нови истражувања. Тие се водат по тоа што тие правеле, неможеш да му го смениш мислењето и не ни се труди. А чорапите ќе ти бидат веќе дел од секојдневието и мноогу други работи хаха.
Патем, прашав искуства од мајките за чајче од анасон дали давате, а не за водата. За водата само кажав мислење кое никоја не мора да го прифати
На 10 дена бебе освен млеко ништо не се дава. Ти одговорија и погоре, за грчеви давале чај. Нуди му почесто града, само тоа го храни, се останато нема никаква корист нит па хранлива вредност.
Одлука дали ќе даваш или не , е апсолутно твоја. И има педијатри и тоа извикани , што кажуваат дека може вода. Ама и дека вода на мало бебе смета на бубрезите, смета. И не би се сложила дека ништо не ни фали на нас, што ни давале вода, храна на уште 2-3 месеци. Многу ни фали, многу. Кога ќе сфатиме дека се ни се развива уште додека сме бебиња и дека тоа има многу влијание, години после тоа, тогаш би размислиле за се што даваме на бебе. Одлуката сепак си е твоја.
Види ги генерациите ко нашите баби кои на тоа време можи и од после 40 дена давале се и сешто и живеат по 90 години а види ги поновите генерации кои се болежливи. Ова настрана од темата и не ме сфаќајте погрешно ве молам
Сто пати го спомнуваш ова, а никој не го кажа тоа, напротив сите кажуваме дека супер не израстеле - како што знаеле и им кажувале во нивно време. Во тоа време поголемиот дел од педијатри биле за вода, во денешно време е обратно, затоа што повторно - истражувањата одат напред и се откриваат нови работи. Исто како што кога ти ќе бидеш баба и нема да ти е јасно зошто твоето дете ќе го гледа неговото на одреден начин, меѓутоа треба да сме во тек со медицината и истражувањата, а не назад
Ова е точно, ама според мене нема никаква врска со тоа како се гледале како бебиња, туку понатаму. Нашите баби прво биле многу физички активни, нива, секаде пеш итн, се хранеле доста поздраво и поразновидно, и да не бројам уште 100 разлики што знам дека ги знаеш дека се причината зошто е тоа така. Ама не е така зошто давале се и сешто после 40 дена. Едноставно е - споредете смртна стапка на бебиња од тоа време и сега, а за понатаму спореди ги начините на живот и сл.