Во право си, но муабетот ми е дека и да се дава вода не е ништо страшно како некој што гледа. Да, медицината е многу понапред, но некои работи ако порано биле дозволени зошто сега да не се, тоа е исто суштество како тоа пред 30,40...години. Не велам давајте, секој си знае и кога ќе ме праша некој го кажувам моето мислење и велам да си се консултира со доктор.
Скок, заби или демони????? За 1 недела правиме 6 месеци, спиење без мене нема, будење на секои 5-10 минути, оставање на подлога ЈОК, хранилка ЈОК, што се дешава, јас ли си го зезнав детето?! Не се издржува веќе.
Само мене ли ми дава на овој онлајн калкулаторов на wonder weeks дека уште сме во 5ти скок ? Моево само вреска на цел глас по цел ден, нешто збори се кара. Вчера никакви дремки, ненаспана, кенкава и се и е досадно.
некое искуство да ви се има појавено вакви како лиши, 3м сме сменивме и колекција за бањање од биодерма на реластил
Исти сме, како јас да сум пишувала. Ништо не сака. Само кај мене и кај татко му во раце и да го шетаме. Ниту подлога, ниту играчки, ниту количка буквално за се цивка и кенка. Пред некој ден му се насмеав, го задевам како и секој ден за да ми се насмее, ауу луѓе кога вресна, мислиш кој знае што му направив. Му се насмеав само. Многу лошо се покажа кај нас 5ти скок, 23та недела сме по термин.
Здраво @mariz ! Се потрудив баш сите мислења на темата проблем со крв во столица кај детенцето од тебе да ги прочитам. Би сакала да стапиме во контакт некако за да те прашам некои работи бидејќи со синчето (4 години е сега) а се јави идентичен проблем како вашиот на 3ипол месеци по примање на 1ва доза ДиТеПер. Те молам контактирај ме во порака биејќи немам опција да ти пратам ЛП. Фала ти! Поздрав
Не е за утеха, ама кај нас траеше ова доста време. Да не кажам ама еве ја скоро 11 м ќе прави, уште мама и тато само. Кога ќе ја чува друг гајле нема, ама ако сме ние тука
Мене ми личи на егзема. И на мојата на таа возраст и се појави егзема. Најдобро на дерматолог да видат, што поскоро да почнеш со терапија.