Немам намера да се расправам со непознати на интернет, ниту ме интересира што и како му даваш на твоето дете. Кажав што мислам со едно емоџи За млада сум да, најпаметна не сум ама за разлика од тебе го користам интернетот да се едуцирам а не да се расправам со сите што реплицирале.
Влез во 28ма недела сме ние поминат ли ни е 5ти скок?Од оваа што наброја и кај нас се случува, на моменти е екстра расположен ама на моменти леле, кенкав цело време, не се заигрува и залажува се фрла што ќе му подадам в раце, цуцла плука, заспива со плачење хистерично кратко ама плаче... оваа недела некако оваа е поизразено. Јас мислам дека го мачат и забчиња, многу му течат лиги и се во уста става.Ни излезе 2ка долу па да не излегува и нешто плус затоа така.
Леле у реду е. Цел ден реплицираш како мало дете последна да бидеш, демек да вратиш. Давај вода, кафе ако сакаш дај на бебето. Прекини да се караш со сите што исто ти пишаа. Ти си знаеш најдобро за твоето бебе.
А ти што реплицираш, ако не сакаш не реплицирај. Очигледно сакаш на секоја манџа зачин да ставиш и со тоа си фалеку од дете мало. И забораваш гледам, јас за вода не прашав, туку за чај, за водата дадов мислење. Престани ти да се расправаш, пиша то што имаше и никпј не те прозива повеќе, што се јавуваш на секое
Исто и ние, 7 месеци сме значи полудев…спиење преку сила 25 мин не сака ништо да прави само плаче и само што ќе ја земеш во раце се смирува како ништо да не било…Се надевам дека е период и дека ќе пројде.
Леле ја сфатив двојки прво хахах. Ќе никне, еве и нас горе отечени, ама не ми делува дека ќе бидат за брзо, па и не дава бе да видиш.
Кога рика се гледа се инаку и мојот уста не отвара Веќе знае и капки кога му давам леле тегнење левел 100 абе запечатува и не мрда
Немаш потреба од ваков однос. Не биле нашите родители ужас, туку со такви информации располагале. Медицината оди напред, секој ден се прават нови истражувања за секакви работи, плус го имаме бенефитот тие истражувања и информации да ни се лесно достапни, па секој може да донесе информирана одлука за себе и своето дете. Ти можеш и несквик да даваш, ама не значи дека е правилно. И не знам на која возраст си, јас имам 35 и не ми давале вода а сум била на дохрана плус родена во најжешкото. Свекрва ми исто не давала вода на нејзините деца а тие се постари од мене и исто летни бебиња.
Нема потреба од таков однос ни на мајката што кажа дека педијатарот е ужас, па во тој контекс и јас реков дека и нашите родители биле ужас. Во ред е, не разбирам што се напнавте со водата, патем за чај прашав, а за водата дадов мислење.
Еве да ти одговорам за чајот ако не дојде зорт ептен со грчеви и ништо друго со денови да не помага дај … ако не нема потреба. Според светска здравствена оргснизација на бебе до 6месеци ништо друго не му е потребно освен млеко!
Фала ти. Секогаш коректно и исцрпно го споделуваш твоето искуство. И во темата труднички муабети и овде беше истата.
Не знам со кого зборев за вториов скок, мислам беше @Baby warrior, ама мнооогу е досаден тоа неќе да спие преку ден, строго во раце и ај што е во раце ама мора да го нишкаш и мора на нога, штом седнеш вреска. Ноќе кога како, некогаш спие некогаш не, ама многу прета, не сум видела вакво претање, да не можам да го држам, ме мава, ме клоца, со глава се мава од мене. Ќофте од 4ипол кила не можам да го скротам жешково мислам уште толку го збеснува. Хаос деновиве