Од пред 2-3 дена се појавија ко брунчуња на едната страна од лицето на бебуш. Нз дали се бебешки акни или од што ја пипаме сите воедно и бато само ја чепка и ја бацува. На преглед сме тек за 2 недели ќе прашам тогаш ако не се изгубат но дали некоја мајка знае што е ива и дали се третира? Бебе е скоро 8 недели. На поголемиот му се појавија брунчиња околу 7ми месец и мачкав Еуцерин атопиконтрол, многу помогна.
Слични имаше и мојава, педијатар ми рече атопичен дерматит и со Биодерма маслена купка и лосион исчезнаа
Еве сега ќе пишев… значи мојава навечер неповиена не може да спие ради моро рефлексот со рачињата ептеееен и е изразен и од прв ден е навечер повиена… ноќеска ја преповивав едно 10пати од 1 до сабајле до 6ипол за да презаспива. Нозе искрши само прета … ај со рацете до сега некако се справуваме со тетра сма сега и нозете лупа какода е дете од 2години а не бебе од месец ипол … се нервира од тетрата ме бута… ржи… на цице спобудалува како да не видела па после повраќа од што цица како луда у сред ноќ се ова маж ми спие у дневна ја се борам цела ноќ во спална со змеј не со бебе девојченце нежно од месец ипол
И кај нас се појавија исти… мачкам биодерма емулзија еднаш два пати дневно и ја смирува деновиве се помалку и излегуваат. Мојава спие по раце и по гарнитури … нејќе да чуе за креветче иско сегде ставам тетра препишувам се на тоа со допир по површини и кожа на кожа со нас
До 4 месеци моево спиеше повиено заради тој моро рефлекс. Неколку пати пробавме без повивање, 100 пати стануваше во текот на ноќта со плачење. Знам дека е застарена метода, ама кај нас само тоа успеа сите тројца да се наспиеме како луѓе. Од 4 месеци почна да се врти и тогаш престанавме да ја повиваме. Со моторика апсолутно никаков проблем немаме поради тоа што сме ја повивале. Преку ден спиеше само контактно неповиена, ама навечер во креветче лепев рачиња. Ние не ја повивавме со тетра туку со таква подлога со лепенки и нозете не, само рачињата благо. Така повиена спиеше во вреќичка, ама ова зимно време.
Имам и такво со лепенки, ги дига рацете жено толку сила има не може со тоа… сега нарачав од тему едно како порастегливо материјалче да пробсм и со тоа … првите недели со класична тетра некако вршеше работа … сегс со една голема од метар ја увиткувсм ама пак прета нозете и јас и ги оставав отворени ноќеска збесна ни отворени ни затворени …. Прета нервозно не знам што ќе правиме одвај чекам да го надмине рефлексов зошто е лудило. Преку ден исто контактно само на мене или на маж ми и тоа во некои пози пречудни жал ми е да ја гледам така искривена цела кога ќе ми текне колку време читав за душечето пто и го одбрав срце ме стрефува
Јас ја повивав и после полека почнав да ја оставам да се бори и да не се буди.. сега пример може во две недели еднаш ќе ја повијам ако слабо спиела преку ден па нервозна е за заспивање. Сега брзо беше ја повив и јас во др соба легнав имав мн болки нешто во желудник стомак и на мм му викам мора да спијам не ме буди и јас дремам неможам да заспијам го слушам он хрчи, таа нешто се мачи станувам гледам се изборила извадила рацете а тетрата цела нагоре се увиткала околу врат и на глава она прета со рацете.. леле кога ја видов свикав по мм викам ти хрчи само таа ќе се дави...мн е лошо кога е уморен не реагира, јас на све се будам и најуморна да сум, мајка некој рефлекс и ние имаме. И некако решив да не ја повивам, голема е више и мн е силна неможе тетра да ја додржи, имам таква муслинска за повивање со лепенки ама дебела ми е некако за сега. И почнав да ја заспивам без музика подобро спие, си плука цуцла си ја брка де под глава, де под брада ја шутира си се врти ама не се буди. Два дена спие од 9 до 7 сабајле без станување стануваме свежи да не ја урочам хаха
Исто пред некој ден се преплашив сами спиеме на спална и се будам ја слушам прета кога се вртам тетрата избутана скроз горе околу врат се бори ржи … ќе умрев тие две секунди додека ја отповив …. Како желка се врти како да нема баланс кога ќе ја легнам на грб и не знам што ќе правиме освен да помине уште некој месец и да осознае дека се нејзини рачињата преку ден на меше ако успеам да ја наместам поспива ама ја гледам будно мн ми е страв да ја оставам иако сама крева глава и ја врти на другата странс кога спие и на меше мн е мака ова рефлексов а искрено пред да станам мајка никогаш немав чуено за него … пречудно ми е како никој не го спомнува како проблем
Инсче и ние спиевме тска од 9 до 7 додекс не влеговме во скоковиве први втори веќе не знам како да ја водам сега си се бориме цела вечер
Како ја заспиваш без музика? Ние со овие шшшш звуковиве бели по цели ноќи, ја смирува приметувам тоа ама пак не е дека ќе падне у некој длабок сон а иначе со цуце на почеток го цуца и после некое време ако уште не е заспана разбира дека не и тече млекце и се нервира и почнува хистерично да плаче… некогаш не знам дали и да и дадам цуце од што ја иритира ако е поспана тогаш брка работа ќе шмукне по малку и ќе си продолжи
Ептен јако твоево. Јас затоа не ја повивав дур е будна, откако ќе заспиеше цврсто тогаш полека ја повивав па ја ставав во креветче. Будна ни случајно немаше да седи, одма ќе ги ослободеше рацете. Инаку јас имам лепенки од енци менци и од тему, ама тоа од тему 10 пати подобро ми се погоди. А за контактното спиење, знам. Имам дома дете што уште така заспива ноќе, врз мене лежи цел саат и после ја префрлам во креветче. До 5 полни месеци сите дремки и беа или врз мене или врз татко и ако е дома. Јас мислев така ќе тера до годинка и си се помирив со судбината. Ама ете некако од 5 натаму почна да спие сама на меше на спална, легнувам до неа и ја заспивам. Брзо проаѓа тој период, како цела вечност да прошла откако спиеше врз мене 4-5 пати на ден, ама верувај дека минува. Не се секирај, ќе се научи да спие сама, ама до тогаш гушкај и уживај во периодот. Знам дека ти звучи како клише ама слушај паталец.
Да да помирена сум веќе некоја недела… на почеѕок си плачев … викав што ме снајде како ќе живееме вака - сега више ми е екслузивитет мочање кога сакам си го чекам маж ми поштено да стигне од работа, јадам пред да тргне на работа и така… Ама ај што не поминало па и ова да не помине. Јасно ми е дека е малечка, месец ипол и дека секој ден учи нешто плус … на почеток си викав леле да дојде 5-6месеци малце повеќе да разбира ќе се ослободам, ама читајќи ве сите што стр пред нас некој месец си сфаќам дека секој период своја мака и така си влагаш од круг во круг во ланецот гледање и растење дете живи и здраво да ни се А иначе ноќеска падна муабет со мм да почнеме да бараме жена за припомош дома бар 2-3пати неделно по неколку часа да ја погледа да можам да седнам на мир или да излезам саат на воздух или со другарка ради ментално здравје, да изџогира, да пребрише прашина онака нешто да ме одмени зошто на гарнитурава во дневна сум месец ипол буквално од екстра зафатена на работа со ептен одговорна функција настани еден куп трчање до скроз паралелен свет ова … со бебе на мене по цели ноќи и денови
Кај мене мн беше изразено дека мн осетлив нервен систем недоразвиен и неможев лажица да земам од кујна она рацете во вис и плачеше., или ногата ќе ја стресее и главата на страна, мн беше језиво се утепав од снимање и праќав по докториве што ми се блиски.. сега сме 3 месеци и 3 недели скоро и мн е подобро.. така да со тек на време ќе се намали, ама пробај полека да не ја повиваш секоја вечер, прво преку еден ден.. мислам дека ќе прета и ќе се умори еден период и намалува и така ќе заспиеше. Сега па после бањање, масажа, јаде ќе ждригне и ја држам исправено да не поврати и кога ја гледам дека вишњ на пола копје се очите идам полека во спална затемнето ми е и цуцлата и ја вртам накај мене како за доење.. и цуца така неколку минути ја тапкам и кога више е пред заспивање ја ставам во креветче и ќе ја галам по носето, и знае да не се предава плука цуцла дига раце пак исто повторувам и шшкам тивко и малку прекинувам со све и она цица цица цуцлата ама затворени очите е во фаза на тоа будно спиење и седам така до неа дане плукне цуцлата одма може да се разбуди и поминат 10 мин и дишењето и е сменето побавно и излагам, камера наместена и после некое време гледам ќе плукне ќе се побуни со рацете ама се смирува и спие. хаха со мм се поздравуваме или хајфајв успешна работа
Еј тоа па актив слипинг колку ми е језиво кога ја гледав на почеток птвара затвара очи .. прета ржи со главчето мафта лево десно и кај нас почетното спиење првите 20тина кинути се така може и повеќе тек после потонува поубаво во сон. А со рацеве не знам пробував ноќеска и да ја оставам ама се фаќа по лице нервозно и рацете нагоре ги дига и никако не се помирува
Оваа ли https://zegin.com.mk/mk/bioderma-atoderm-intenziven-smiruvachki-emolienten-balsam-75-ml ? По препорака на педијатар или на своја рака зема? Ја мислам дека е атопичен дерматит и валда од многу пипкање. Ја имав земено големата ваква што е ко за тело пошо на синко еднаш му се пресуши кожата, буквално за една недела беше ко нов.
Мала е уште бара некако утеха ама и се борат, несака да заспие а и се спие. Мојата уште додека спие ако тропнеме нешто во кујна додека средувам ја гледам одма реагира на камера се врти со раце крева и пак се смирува продолжува, осетлива е.. и нема тоа да се смени... комшиите кога ќе затропаат ми се буди и ја презапивам, само пцујам до 12 - 1 имаме кираџии со деца и тие ете нека се 5-7 години ама незнам како не спијат, на мм му викам да се во Германија до сега 10 пати некој ќе им викне полиција. Ама ние сме трпатори. Ајде до 10 до 11 викам ете лето е ама 12-1 уште столици уште тропаат трчаат се осеќа. Златна куќа, свој човек си ова стан мислам 30 год да живеам неможам да се помирам.
Супер, мислам дека е истото само различни милитражи има. Ќе земам, биодерма се топ никогаш не ме разочарале.
Ќути ноќеска пошто спиеме со отворена врата од спална тераса слушав како на тераса некое друштво од зградава или карши нас не сум сигурна си правеше пијанка … до 3ипол се смееа, наздравуваа, викаа, помедтувас столици ем ми идеше дс им свикам … ем па си мислам колку би сакала и ја да сум со нив како некогаш што сме седеле со друштво