Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.221
    Допаѓања:
    13.485
    Пол:
    Женски
    Тоа е, по моја препорака.:D
     
    На cocopuff, Ladyme и Baby warrior им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    4.416
    Пол:
    Женски
    Да Feniksce ја предложи, зборнав и со педијатарот од систина истото ми рече дека зосдава заштитен слој на кожата за иритации @cocopuff
     
    На cocopuff и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  3. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Кај нас првиот месец супер се справуваше ќе се штрекнеше малку ама не плачеше, 4та недела свекрва ми беше на гости и го зема пелена да му сменела и наеднаш го чув да вришти од плачење ми вика рацете си ги исправи и почна да плаче. И од тогаш секое менување пелена е борба, на подлога е ама нема ништо околу него и кога сум сама го држам со едната рака за раче, знам дека не треба да му се ускратува правото на рефлекс ама не можам да го смирам после еден саат.. Од пред некој ден почна и на креветчето а имам next2me мислев не им е многу широко пространство и од тогаш спие со гнездо во креветче, така и кога го има рефлексот се допира до страниците и не се расонува.. Јас исто се извадив од памет, да му се изрази после 4 недели ама педијатарот вели нормално е… Да го повијам шанса нема, с’клет невиден е, наутро накај 3-4 засвежува веќе, со обична тетра се трудам да го покријам, брзопотезно ја шутира спие по боденце по прерамки и ме фаќа страв да не го настинам така голо што спие ама не наоѓам начин…

    Туку, јас еве месец дена пројде и ова неспиење стварно ме утепува, мислев дека некако природата не спрема да го издржиме периодов ама кај мене не работи изгледа природата :D некако кога зборам и со пријателки и тоа поплачливи бебиња и кога ми се жалат и по цели ноќи дека не спијат, јас имам некои 4-5-6 саати сон, расцепкан и хронично уморна се чувствувам, не знам како да си помогнам. Пред бебето многу спиев, викенд и по 15 саати, преку недела 8-10 саати, мм исто, не одиме со пријатели на одмор зошто сите ги нервираме дека спиеме по пола ден :D Дополнително што ме испишаа со 85 хемоглобин и уште ми е под граница и покрај двојна доза суплементи. Ама ептен се осеќам немајка кога ќе чујам инфлуенсеркиве како не им е проблем ништо за бебето ни во сред ноќ, на моменти кога ќе стане само што сум задремала почнувам и јас да плачам со него од што ми е тешко.. Не сакам да се споредувам ама па си осеќам и тежина дека не можам уште да се прилагодам на неспиење..
     
    На Autumn05, КаринаТ, MariaBouli и 2 други им се допаѓа ова.
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.447
    Пол:
    Женски
    Не си единствена кај што не работи природата. Исто сум голема спанка и тоа не го смени доаѓањето на бебе кај мене. Исто ми се спие, ми се плаче, немам ни нерви ни сила навечер. Ниедна природа и Господ не ми даде сила како сите што ми викаа. Хемоглобинот ми е моментално 95, на ќерка ми 129.:rofl:
     
    На Autumn05, MariaBouli, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    9.474
    Пфффф тоа со силата е мамка само, каква сила какви бакрачи. Се навикнуваш да си патиш само, не е тоа сила.:D
    Што да праиме со подочњациве и почетниве брчкии, не се препознавам на слики.:x:D
     
    На MariaBouli, Noemi, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.966
    Допаѓања:
    24.904
    Пол:
    Женски
    Нема сила, има само навика.
    Се навикнуваш така да функционираш…
    Мене ми е шок , кога ќе ми стане навечер, иако тоа на една рака можам да избројам во скоро 11 м.
    Ама и јас сега откако затопли, ќе легнам во 12ч на полноќ и 6:30 веќе почнувам да се будам.
    Зимото беше бетер, ама навикнав.
     
    На Baby warrior и baguf4e им се допаѓа ова.
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.447
    Пол:
    Женски
    Мене ми е добра кожата, ама со подочњаците темни и косата побелена за нигде не сум. Никогаш досега се немам фарбано ама изгледа наскоро ќе морам.:D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.383
    Допаѓања:
    92.590
    Пол:
    Женски
    Дур беше помал ќе се разбудеше ќе го занишав и продолжуваше да дремка бар дур се освестам сега луѓе креветчето ќе го сокрши од претење се буди не сака ни цуцла ни галење спремен е за покрет прета се врти, вика :drunk: најтешко ми е првото станување сабалје еве 6+месеци (@Baby warrior :hai:) никако да се навикнам.

    @baguf4e и јас сум побелена во бременост почна да ми белее косата од стрес ми рекоа некаде во 10-12недела имав стресни денови а ептен ми обеле откако се породив посебно тие неколку дена во болница :drunk: уште не сум фарбана ич воопшто до сега ама мора, порано ги прекривав ама сега нема услов за тоа:D
     
    На baguf4e и Baby warrior им се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    И мене ми е обелена косава и пола ми падна страв ми е да ја мијам веќе цели топки паѓаат. Кога ќе се стабилизира утешете ме, од густа коса сега изгледам како Gollum Smeagol (Lord of the Rings) :(
     
  10. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Доиш? Мислам со доење уште повеќе паѓа, обично пикот е околу 3-4 месец. Кај мене со првото паѓаше додека доев до 9-ти негде. И за нигде бев во главата, со кратки влакненца низ цела глава што кога ќе се запотев се правеа ко федери (ко моника од френдс ама полошо), а кога ми беше тазе миена бев како испуфкано ќебе. Конечно заличи на нешто косата после 2ипол год кога израснаа новите. Сега јово наново :D
    Мидлсм додека се средат хормоните можно е да паѓа.
     
    На Baby warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    Дојам да и според тоа што кажуваш во пикот на опаѓање сум - 3+++ :(
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.383
    Допаѓања:
    92.590
    Пол:
    Женски
    Да тој период најмногу паѓа јас дури се исплашив оти мислев без коса ќе останам. И на миење и кога ја чешлав абе кога и да поминев со рака низ коса паѓаа влакна језиво дури. Ама се потсмири наеднаш престана и сега пак ми паѓа ама не толку многу,растат многу брзо нови влакненца :drunk: дојам и јас 6+сме
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    И моја беба пред една недела имаше ваков осип но + и зацрвенет.ја мачкав балзамот од биодерма и помина. Од денес повторно истиот осип. Мислам дека е од жешкото. Дали и вашиот осип беше зацрвенет?
     
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Женски
    Осипот 99% моја теорија е дека е од жешково. Нас др не испраша као јас да не сум каснала нешто конзерви или смоки. Па да не ја допирал мм до брада ,ќерка ми ја бацила. Ама тогаш и беа само на лице сеа има и на вратче и на рачиња и на грпчето затоа и мислам дека е од топло башка мојава беше натунтана до скоро.
    Рефлексот си го има ама повиена нема шанси да седи ,јас со тетра ја покривам кога спие ако сети се разбудува ако не кога ќе сети во спиење ржи рита додека не изрита. Баш со една комшивка вчера зборевме вика абе мене првото до 5 м ,второто до 3м третото до 40 дена беа завиени ,викам ако и направам вришти додека не се ослободи. Ми вика па и моите вриштеа ама ги оставав и на крај си се помируваа :?:.
    Јас не можам така да ја оставам да плаче бе ..
    За спиење со првото ако малку мрднеше се будев ,сеа со неа леле кома сум станувам јас ја хранам ја местам во креветче се ама сабајлето немам поим дали тоа се дешавало или јас сум сонувала (facepalm) и пелена се случи да и сменам и сабајлето ја гледам на земја викам од кај се најде :rofl:
    Дури страв ми е за ова што вака се дешава :o
    Со пелените е малку чудно 2ка и е тесна и прави засеци а и горе ако се разпрета ја изместува а 3ка па и е голема :rofl: ама 3ка ставам сеа тоа е :D
    За разлика од поголемата многу поподвижна е во круг се врти.
    Сакав да прашам цуцливе на адвент како се стерилизираа во кутивчето нивно,сум го изгубила упатството. Не дека фати ама да пробам пак :D
     
  15. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Да, се зацрвенува некогаш. Може и од топлото да е. Ќе земам јас од Биодермата па ќе мачкаме, нема штета. Помало паковање ќе земам.
    @Трагедијаупмм јас све стерилизирам исто, 5 мин на тивко да врие и после на чиста крпа или цедилка да се исуши.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Ќе се опраи само трпение. Можеш да си земеш некои шампони против опаѓање и да појачаш на витамини ама реалноста е дека нема што да правиш одвен да почекаш да си се обнови косата.
    Јас кај Дарон идам веќе со години и баш ми спомна пред скоро пак дека ќе ми паѓа и е сосема нормално пошо во бременост помалку паѓа, а после со губење на некои минерали и витамини и хормонскоот дисбаланс си паѓа повеќе од вообичаено. Ќе се нормализира.
    Рицинус и лук чуда прават, ако имаш ептен дупки триј лук и рицинус да речеме некој саат пред бањање.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    Пијам витамини немам прекинато воопшто и се мијам со шампон од лук ама џабе некако. Уште не сум стигнала до дупки дека ептен густа коса имав ама може треба да почнам со рицинус за секој случај. Фала за советите <3
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    4.416
    Пол:
    Женски
    Во кутивчето од авент стави водичка, цуцлите внатре и во микро
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Женски
    На колку и колку време ?
     
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.447
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш на ден ги пуштам на 3 минути во микрото. Бибс користиме ама на ист начин како авент ги стерилизирам.
    Ова го правам наместо да ги вријам, полесно ми е.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.