Баш следев прозорец на будност на интернет вика исто саат до саат ипол макс али ова моево дремне 5 минути во раце го ставам во креветче и ете го се буди и си седи така не плаче не кенка ама будно си е
Ајде добро утро, јас после ноќва самодијагностицирав рефлукс неколку недели ја следам навечер се мачи од тоа и се враќа млекцето прета се нервира додека не поврати или бљуцне. Имате ли некој искуство со пернициве антирефлукс да и земам?!
Неколку пати неделава навечер млаз ми поврати на чаршавчето цело кругче млеко + крчи целата навечер од млекцето како да и се враќа, прета нервозно со ноџињата и испушта Звуци како закрчена
Па добро, добро цица. Може нешто моментално. Не мислам дека е рефлукс. Мојата така до 3 месеци бљуцкаше. Кој што прави ја само перев и пресоблакав.
Хаха и ја плус ако претече некоја пелена од кака како сабајлево, се дотеравме и си заврши работа цуцкава па кај и претече на хеланчиња кај некзе и моите панталони ги среди … а спремни за шетање пред врата па рикверц направивме и сега облакам нов аутфит
И еве ме мене пак со истата дилема како со првото бебе. Бебе е 10 дена и е од прв ден само на АД (Хип Комбиотик). Патронажната сестра рече да ја будиме на 2 саати за млеко(заради жолтица),а педијатарот рече на 3 саати. Јас знам дека АД оди на 3 саати и дека толку време му треба да се свари..ама бебе бара на 2 саати. Инаку има 3900г. и и давам по 60 мл. Секогаш го пие цело шише а некогаш и дополнувам уште 30мл. Не повраќа и кака само еднаш дневно тврдо и жолто. Дајте ми совет како да постапувам..
Истово го прави и кај мене. Пробај навечер после цицање да не го легнуваш веднаш. Нека полежи 10-15мин кај тебе на гради и пробај да си подригне. После слободно стави го во креветче. Малку е мачно, ама еве кај нас функционира.
Јас не знам што би те посоветувала освен да ти кажам дека моево беше исто. Никако не сакаше на 3 саати и никако не пиеше поголема количина. Од некаде 4-5 месец почна да регулира на 3 часа да пие, сега на 7 ипол месеци се молиме да испие едвај 90 мл. Исто сме на Хип комбиотик
И мојов никако не издржува на 3 саати и му давам порано, на комбинирано сме па гледам да му убацам цицање измеѓу две ад за да купам повеќе време ама некогаш не сака па му додавам шише. Си напредува најнормално до сега така да валда е ок што знам… вчера слушав еден подкаст, патронажна сестра е женава, вика бебе треба да јаде додека да се најаде, било да е ад или мајчино. Еве линк: