Во ред е. Лимфоцитите се повисоки, а неутрофилите пониски ама ова е карактеристично за мали бебиња. Другите параметри се океј.
Како убаво зборува жената…многу убав муабет, добив желба да и ја купам книгата. Баш ќе пробам да применам некои од советите, баш ми делува искусно и смирено.
Здраво мамички,ние сме 3 ипол месеци не се смее на глас, пробувам што и да ми текне се смее но никаков крик нема,а не престанув со гугање.Мала помош со што ги вежбавте?
Еј ептен, викам како кај нас нема некоја ваква патронажна, мада таа од Јане беше приближно и јас сакам книгата да ја побарам, сигурно е добра
Спонтано им доаѓа смеењето, мислам не е нешто што се вежба. Мојава пример рандом почна на најобичен муабет гледајќи ја во очи дур татко и ја држеше а јас и зборев да не се прави важна и се уште највише се кикоти така. Исто и ако ја бацувам силно со звук по вратче и ноџиња
Здраво мамички Прилично сум нова во оваа улога, бебуш имс само 3 недели, и ни се јави проблем преку ден со заспивање. Се обидуваме два часа додека заспие. Гладно не е, чисто е, памперс сменет. Сака да заспие но се мачиме со плачење и секакви позиции и техники. Почнаа грчевите, но го масирам и со ноџињата правиме вежби, почнавме да користиме и капки Ноќе го нема овој проблем. Дали е нормално ова, го менува ритамот ли или незнам што да помислам и пробам веќе. Неискусна мамичка плаче тоа, плачам јас
Исто јас прашував ние сме 4 недели дење се заспиваме и дремнува 5 минути и станува си седи и по 4-5 часа несака да спие а не плаче нахрането и чисто ама несака.Инаку кои капки ги користите
Воведувањето цуцла неуспешно Воведувањето шише со измолзено исто така... некој совет како да се навикне ?
Од една страна сум среќна што не сака цуцла, од друга нервозна. Еден куп цуцли имаме и не сака, ги плука. Мислам ќе фатеше ако бев поупорна на почеток, ама тогаш бев фокусирана на доењето и помина возот за цуцла. Шишето од Филипс Авент го сакаше, сега ни тоа а гледам доста мајки на форумов го користат тоа.
Цело време менуваат, мене најмногу преку ден ми спие во количка надвор ако ја возам, дневно испод 3000чекори не сум она спие, мама кардио
Неможеше таа да плука јас колку што и ја враќав и се научи. Дури и звук и правам како да цуца некој и одма и она почнува.
Колкаво е ? Абе мене ми е заради шо имам мака со големата уште палче цица (5г) сеа за спиење само ама пак мислам цела фаца и се издолжи од тој палецот. Цуцла ќе и ја скинам или нешто и готово палец немам како да и земам А и за неа се радував дека не сака цуцла исто на почеток сконцентрирана на доење бев. @Ladyme мм само еднаш успеа да и ја стави. Инаку има логика со звуков мм така и прави и одма ми бара да цица
За десетина дена 5 месеци, прекасно е за цуцла. Јас имам аномалија на устата од цицање палец, процес е ама е решлив. Таква ми е работата и имам видено многу полоши аномалии од цуцла, затоа си ветив кога ќе имам бебе до 1 година ќе го одбијам од цуцла ама моево уште нефатено се одби.
Каква аномалија ? Многу се плашам заради тоа а еве и паднаа и единиците горе и доле. Долните и пораснаа веќе ,горните абер немаат.
Overjet, тоа е кога горните заби се истурени нанапред. Решливо е со фиксна протеза, ама работава е да не дојде до тука. Пробај да ја однесеш на стоматолот, да разговара и да ја убеди зошто е лошо тоа за забите. Нека гушка мече, ќебенце нешто за задпивање веќе е големка.
Све влијае, и спиење со отворена уста, мм има катастрофален проблем од тоа високо тло горе заби искривени, проблем со синуси итн.. на све треба да се пази, абе нема пензија од улогава родител, кога ќе отидеме на другиот свет хаха ќе одмориме.
Се пробав ,стоматолог не сака да чуе ,еднаш со болки ја носев и не соработуваше... пробав сенф ,бибер џабе..вчера му викам на мм да и ги засецнам малку некако да ја пече кога ќе стави уште тоа не ми е пробано. За протези и зборував јас и отворив на нет да види, виде една шарена ми вика вакви сакам јас