Исто и на мојава беба и искочија вакви пред неколку дена. Може и од топлото да е плус батко многу ја фаќа. Јас земав Биодерма атодерм и за неколку дена скоро да нема ич веќе.
Ние мака мачиме со грчеви. Дадов пред 3-4 часа Nurse Harveys 3мл по препорака на педијатар и пред скоро 15 капки еспумисан и еве ја ми спие во раце скроз е успана ама а ја спуштам вришти. Исто такс многу ретко кака. Од саботата нема какано а и тогаш и беше 5 дена без каки. Еве сега 6 дена. Педијатарот вика да давам од харвито 2х3мл и масажа да правиме на меше ама не помага баш. Синко памтам какаше и по неколку пати на ден, а на најдобрите пријатели малата исто вака ко сега мојава какаше еднаш неделно. Мислам дека веќе се мачи сега и баш е жално. Кажете ако има нешто што помага.
Кај моево за какање највеќе разлика направи babytol coli, две шишенца има, едното е пробиотик а другото за грчеви. Минимум 3-4 пати дневно кака, скоро после секое ад млеко затоа што ставам во секое шишенце од тие што ги пие преку ден
никако, некогаш и после 20 мин се буди... некогаш и по 2-3 пати ја презаспивам за да поспие подолго (рачунај подолго е макс 1 саат). многу членки рекоа тука дека после 5 скок сами си ги продолжиле дремките бебињата, ама мојата не, многу ретко се случува.
Исто! Поминува брзо за недела две и јас бев испаничена дури и на главчето под косичката и излегоа…помина се и сега е женска убава
Женски бебе 8 дена едното окце пушта како жолто па бело,не е отечено окото не е црвено само таков секрет,го чистам со превриена вода со газа,друго што треба? Педијатар тек во вторник имаме закажано..
Дали ја спиеш во спална, на тивко, темно или во дневна на галама? Јас уште ја оставам во дневна, не дека е многу гласно ама пак тука сум, знам да тропнам на пустам. Не знам дали тоа грешам...
@Autumn05 @Baby warrior на своја рака или по препорака од педијатар земавте? Инфакол сега немам кок да ми донесе, сестра ми беше пред една недела во бугарија ама тогаш немаше мака до толку. Башка давам од Харвито така ми рече педијатарот и некогаш еспумисан и мислев да не мешам да дојде премногу. Пробиотик исто давам секој ден Био гаја и оние д+к и омега што ми се мршти и ги плука
Во спална спие и ден и ноќ. Ова од 6+ ја префрлив. Преку ден спие со светло, навечер се е забарикадирано, да е темно и имам пригушено светло.
Јас на своја рака си нарачав инфакол докторката од систина ми рече исто состав со еспумисан ама нас повеќе ни помогнаа овие ги пробав и еспумисан или па сами од себе завршија не знам што да кажам инаку составот е тој / симетикон е супстанцата
И малатаа имаше ни рекоа запушен солзен канал и само да чистиме со газа и нежна масажа кружна со прстите на внстрешниот крај од окцето (кај носот). И се среди за неколку дена
Уфф тој периодот со грчеви, реално на нас ништо не ни помогна скроз само за ублажување симптоми да може да заспие. Ние дававме колиеф и еспумисан и плус по потреба кога неутешно викаше Nurse Harvey’s - тој некако инстант и делуваше кога и беа најаки. Со какање немаше проблем мојава какаше по неколку пати во ден а дававме и уште даваме пробиотик bio gaia. Исто вежбичките за нозе како точаче и жабче и помагаа да се испрди и олесни и топло на меше (тој појасот со семки од цреши го стававме)
Espumisan капките во комбинација со BiGaia пробиотик. Сега за сега успеваме лесно да поминеме. Колку недели сте вие?
Коли по препорака на педијатар, инфакол давав на почетокот ама не приметив некоја разлика… ама кај моето грчевите престанаа когс му ги прекина педијатарот д3 к1 на 1 месец. Коли ги давам повеќе ради пробиотското дејство, а и харви давам повремено иако мислам нема грчеви веќе
Nie zemavme po preporaka Colief kapki pa neznam kako ke se pokazat Dali nekoj od vas gi koristel i po kolku na den maksimalno davate?