Здраво мајки. Незнам дали е прашањето за тука Веќе една недела има кај што ме болат плеќите, дали ви се дешава и на некоја од вас? Дали може да е од бебчето што го држам, веќе 7600 сме тешки... Страв ми е да не е нешто проблем со плуќата
Исто тераме и ние, прозор на будност му е 2-2,5 часа зависи, знаци не покажува ретко се прозева или трие очи. Заспива со цуце и во раце па префрлам на спална или во креветче. Има 4 дремки најчесто, следам саат за да знам кога да го заспивам ама веќе подолго и имаме ред па скоро во исто време заспива секој ден, најчесто зависи кога ќе се разбуди сабалје. Леле со какањето сме на мака имам пишувано откако внесовме вкусови многу тешко се олеснува, не знам дали да ги земам капкиве,ама ако помага за да се олесни би било добро, давав пробиотик до пред 2недели можеби ама прекинав... како се дозира?
Не спие над мене ама некогаш си полежува на стомаче легнат на мене Иначе може да сум од доење искривена. Навечер си го земам кај мене и си цица ама ептен боли позади кај плеќите некако како внатрешна болка и затоа на мисла ми е да не е плуќата. Маж ми ми вика да се снимам ама не сакам
Немора одма да се снимаш, оди на еден преглед да те проверат дали е мускулна болка. Од доењето боли се, мене вратот и грбот ми се крш.
@Autumn05 @dummy @Baby warrior не знам кој кога пиша и што вратив. Денес денот цел хаотичен. Бебуш од пладне навака заспиваше и се будеше на секое со пискање и виткање. Повремено прткаше и еднаш ептен се расплака толку гласно ја немам слушнато. Нема какано од саботата, значи скоро 1 недела, с претходно 5 дена. И реков пакувај ранчето одиме до систина. Е демек меко и е мешето ништп страшно па после испитуваа крв и гасна анализа ама 3 пати ја боцнаа и не можеа убаво да земат крв. Бебе помодре од плачење па уште доаѓа вика ќе мора пак не е добро. Не може. Ама како. Така не може. Едвај ја смирив не мо же. На крај докторката рече да даваме 3х20 капки еспумисан, био гајата секако редовно ја давам и тие омега и д3+к1. Да сме отишле на ехо во вторник. А читам по нет и на редит вика доено бебе може да не кака и по 7-8 дена, дека скоро цело млеко се апсорбирало. Битно е да има мочано пелени, а тоа секако има. Нз првово дете какаше и по 3 пати ма ден, ова сега ич и некако не ми штимаше. Се молам да се искака до утре.
Иста сум, пред некој ден толку силна болка ме фати баш како што објаснуваш мислев дека инфаркт доживувам, поминаа 5минути викам не е срцето, нема толку долго да трае од доењето е изгледа, искривена сум и јас цела, го дојам како стасам, плус сама пола ден, не дека има кој перници да ми мести позади за да сум исправена или па ако почне да плаче одма го земам, не местам прво угодна позиција.
Барем еден ден ти траела. Мене скоро една недела, ама ептен грдо се осеќам појќе мислам дека е од кревањето од колку од доењето. Добро е не сум сама, да не ми е на мерак дека нешто не е во ред со плуќава
Моево какаше на 10-14 дена. Цело време значи..не знам ни сама на колку педијатри бев. Има такви бебиња на доење, ретки се, но ги има Имам пишувано што се пробував, баш пребарај..и ништо не делуваше. Ни масажи, ни чајче, ни вода од суви сливи.. јас се утепав од јадење модри сливи пиење вода од нив..сирота се сотрев од одење во вц, малово демек преку млеко ќе примело. Глупости. Ништо. Само од себе се среди. Наполни 5м ( не бевме почнати со храна ) и точно од дента почна да си кака по 2-3 пати на ден, до ден денес е така, годинка сме. Жими се го однесов на лекар да не не му е добро нешто Инаку пробиотик укинав уште првата недела, дополнително влошува проблем со какање..самите педијатри ми потврдија и ме советуваа.
Правам да. Гледав и по нет некоја i love you масажа, па кружно по мешето па и кај колковите ја фаќам и мрдам кружно нежно. Со нозете и точаче и плус вежбите за колкови. Па дури и некоја масажа на пети има и тоа пробав. Секако не се наеднаш. Не знам може јас нешто филм си направив ама некако не бев мирна два пато толку долго да не се искака ми е премногу. Вака грчеви нема сега два дена што писка се вртка и пртка.
Точаче со нозете, масажа на стомаче, кружни масажи на табанчињата. Пробај смени пробиотик мн често и тоа има влијание. Се надевам нешто ќе помогне
Значи ете имало ретки промери кај што е сосема нормално и така си функционирало детето. Можеби и јас некој филм си направив ама не бев мирна да седам така. А пазам со храна не нешто да претерувам ама ете грав, зелка, брокула не јадам првиве месеци. Иако мислам какање и грчеви не се строго поврзани.
Кај мене воопшто немаше врска јас што јадам и што пијам..со сигурност ти кажувам. Инаку и јас си правев 300 филмови од преплет црева до не знам аномалии на крај еве го не можеме да протераме ден без 10 пелени 3 фул какани, 7 фул мочани денес се искака само што излеговме од мол, немав каде да го пресоблечам, со гзето се креваше нагоре во седиште тие пола саат до дома
Хахах леле моево поголемо е ко машина за какање, сабајле станува и кака одма инстант онака и после градинка иде у соба и кака пак. Од секогаш си какал без проблем. Ама малава ете нешто поинаку и работи мешето. Ќе отидеме во вторник на ехо да ми е мирна главата ако ништо друго.
Да..нема штета да видат..мада ти кажувам што ми рекоа, има такви бебиња, ретки се, но ги има..мене животов ми се скратуваше по пола месец некакан, месечно излегуваше еднаш два пати да кака сите други бебиња после секој подој 2-6 пати во ден, јас готово, 300 филмови во глава..најјако е што бебко немаше никаква мака грчевите исто, дали 3-4 вечери го дрмнаа јако само, останатото лабаво..он си беше најаден, чист и спокоен, јас за во лудница од грижи
Напиј се бруфен, има антиинфламаторно дејство. 2 дена пиев и ме олабави болката. А и припазувам да не го ставам да лежи врз мене многу и на кревање да не е нагло.
По пет капки од двете шишенца во секое млеко што го пие преку ден, јас ставам само кога пие ад значи 3-4 пати дневно. Некогаш е тоа цела доза ад од 90-120мл, некогаш е помалце ако дополнувам откако цицал
Кај моево многу лошо изгледаат и се многу црвени, има исто така и по градите и позади на грбот малце, дали и твоето имаше таму или само на лицето
Добро ви претаат ли бебињава од два ипол месеци? Толку прета што не можам да го додржам некогаш, ем што ужасно ме нервира цело време ме мава, ем си викам да не нешто не е во ред со детево, внукиве не правеа вака. На психа ми мава више, снемувам трпение… Матичната вика супер си е, цврсто активно бебе ама не знам некако