Јас еве и после 6 месеци не сум се осмелила. А реално и не сум имала потреба. Уште ми е паника со мм кога се вози позади, не па сама а и немам седиште, до сега беше во транспортер, деновиве треба да земам. Него да ми дадете идеја јас што да ставам да ја гледам кога немам потпирачи за глава на задните седишта
Кога бев месец и една недела, само што ми помина болката и се осеќав добро да возам јас, од хром до ремедика 40 - 50 возев со страв за главичето, сега возам релакс, само знае некогаш да пишти ако не и денот иначе заспива и возам без проблем. Еднаш е стравот мене само ради главата и вратот ми беше а градов ни е шахти и дупки. Ништо друго. Јои транспортерот има држач доле за седиште и транспортер монтирано. Имам огледало од грчка за во кола монтирано ја гледам.
За возење и мене ми е страв едвај со големата се опуштив ,а ќе морам да не излегува мм нон стоп од работа за вакцини чуда. На 2 м која вакцина беше не можам да се сетам ? И сакав да прашам како да почна да се лигави по малку ,нели е рано ? Големата ич не се лигавеше па не знам.
Огледалцето гледај да е плексиглас иначе не е безбедно. Ама немаш потреба од тоа, ако ја возиш сама и обично се кратки релации, можеш да ја ставиш до тебе на сувозачко во транспортер.
Јас од месец сама го возам. Огледало земав од Тему, онакво ко пластика, ама дечкото на 6 месеци реши да се дере во секоја вожња, па дури сега ми е на сувозачко. Обавезно играче/кутија од цигари/најлонче да се занимава ако не спие. Многу се нервирам што се поти ептен од транспортерот, мислам дека и него го нервира, и ич не знам какво седиште да барам. Сегашните две (транспортер и седиште) ни се Џои, не знам дали да се задржам на нив пак ко избор…
Ееееее, кажи ми да ти кажам Се што знам е дека сакам ротирачко, да се навалува, и да е до 8-9000. Има на Мони едни на попуст сега, или и на Кика Бу имаше некои модели вака што ми изгледаа океј, ама не знам кај можат да се видат на Кика Бу во живо?
Ние ова го земавме пред некој ден https://topolino.mk/product/sedishte-za-avtomobil-epic-i-size-40-150sm-grey-freeon/, по препорака и викам да искористиме попуст, а и валда ќе ни е подобро за на одмор со седиште отколку со транспортер, главно ради ротацијата и плус полегнат ќе биде некако. Ама го немаме пробано уште па не можам да ти кажам конкретно искуство @Baby warrior јас уште се плашам сама да го возам иако мојов најчесто спие во кола, некако немам храброст… а за молови од месец дена ама џевахир мол зашто ми е во зграда и плус преку ден жива душа нема
Ако ставаш на сувозачко обавезно гасење на перничето на тоа седиште. Во секоја кола има опција да се исклучи, обично е во тоа фиоката.
Убаво изгледа и прочитав што како за него ми фаќа око, некако како што сакам да се прилагодува е. И за количка исто се мислев за оваа бетер
Да да и ја од тему имам ретровизорче нарачано уште не дошол денот да го монтирам позади… него ова што спомнавте за сувозачко зарем смее во мк бебе на сувозачко во транспортер да се вози? Не сум видела никогаш така ваљда би се осмелила прво некоја пократка 5-10мин релација да е до мене да ја гледам блиску
Смее, на другарка ортопедот така и препорачал за кога е сама, само обавезно да се исклучи air bag sorry, отпосле видов дека е пишано за airbag
За количка и јас побудалев дури одбрав и мислам може и утнав зашто сигурно ќе ми треба и летна а нееее сакам веќе ствари низ дома, пренатрупани сме а седиштево ми се чини погодено е, ќе видиме што ќе каже малиот шеф
Ние бевме со запек ...сменив на линекс бејби и еспумисан 25 капки во чај бекутан формула аптамил комфорт.
Женски за бебе од 3ипол месеци за на плажа потребно ми е онакво оделце со ув заштита? Здравје за во Грција планираме за септември па не сум сигурна колку би го искористиле, он ќе си биде под сенка секако цело време
Не ти треба, скапи се, а ќе ти биде само за тој одмор. Секако што викаш под сенка сте, ако излезеш на сонце тоа ќе биде кратко и рано сабајле или попладне. Ни спф не му треба. Мало е, ладни облоги ако е потечено местото, обична хидратантна крема ако чеша.
Го гледав подкастов и сфатив дека го имам прегладнато бебево. И вистина заспива и се буди за 10тина минути, а не мислев дека е тоа зошто не е донајадено..
Малава нема какано еве денес е седми ден, мокри пелени има, стомачето не и е тврдо, расположена си е, одвреме навреме пушта гасови. До колку дена е нормално да не се искака? на доење сме. Не знам дали да ја носам утре на педијатар или да почекам