Пребарај низ темиве, баш пред некој ден дискутиравме детално за ова јас го носев моево цело време на лекар и цело време какаше на 10-14 дена На темава стр 4714 пред и после
Женски бебе родилна 5 месеци за 4 дена, корегирана возраст 2 месеци.Многу се лигави дали е нормално.Утоп се прави ,раце става во уста кога нема цуцла,дали е нормално за заби рано е уште
Мојава е иста Веци, и балончиња прави и се лигави, рацете ги носи ама не и се цело време во уста, цуцла и давам.
Леле само се пресоблекуваме.Му ставам лигавчиња се покрива со нив.Сега да му купам оние ко марама лигавчиња може нема да се покрива.Не сака цуцла кога му ја ставам ја плука и се смее ,сака само кога се успиваме.
Е мојава не сака цуцла ни кога се успиваме па бута прсти нервозно и на успивање, ептен ја иритираат ваљда непцата. Јас пробав неколку пати и со лигавчиња ама ги пикаше и тие во уста и се откажав
Па кај нас не играа улога. И јас еспумисан давав повремено кога ептен имаше мака со грчеви. И коа прекинав пак исто какаше..т.е не какаше Дали цица? Дали испушта гасови? Дали е расположено?
Ќе ја тагнам и @Noemi Нема грчеви моево нз зашо ни рекоа да го давам еспумисанот. Расположена е, цица редовно и мочка нормално. Прди да и смрткаат ептен прдушкиве
Мајки бебушка е 4 ипол месеци но денес почна на окото да и се прават гурелки и да и се лепи окцето.. Кога се роди исто беше но на другото око но се среди за 3 4 неделипоминував само со топла вода... Дали да ја однесам на др или да почекам не знам што да правам ве молам за совет
На моето му се направи на почетокот и ни рекоа од болница да го чистиме со газичка натопена со физиолошки раствор, се среди за неколку дена
По колку мл пијат отприлика на 1.5 м ,треба да идам на гинеколог после не знам колку да оставам... може ќе имаме среќа да се нацица убаво па да на побара ич но сепак да има за секој случај.
Жени ај да прашам да не ми е во мисла. Вчера ја мерев малата на телесна вага прво јас се мерев па после се мерев со неа. Има 3 ипол месеци и вагата кажува дека има 6100гр. Мене некако многу малку ми изгледа тоа дека има кренато, последно ја мереа пред 40 дена и тогаш имаше 5500гр. Должина 55 см. Вчера мерам должина 65см и во обем на глава исто е порасната. Имам закажано на педијатар ама сакав да се консултирам и тука. Дали е во ред што вака помалку крева на килажа, а оди повеќе во должина?