Иначе бевме со бебуш на ехо, абдоменот е уреден и нормален. Има како во дебелото црево, докторката рече ќе се искака за ден два. Прасе ќе заколам жими се. Рече да зголемам јас на течности, да намалам на млечни производи и општо дека некои бебиња вака си какаат ретко и е нормално.
Па прво заради безбедност, нели да го гледаш во корпата или транспортерот. А во спортското мислам дека треба да има постабилна контрола на вратот и телото.
Добро да не го гледаш и деф е ппдобро ком тебе да е. Но шо си трошиш енергија воопшто И јас не би го возела нанапред ама кој како сака нека си прави. Секој ден гледам дечиња на она во средина во кола застанати се возат, тоа е повеќе загижувачки од ова.
Мајки да прашам, повеќето бебиња на 6 месеци се вртат на стомаче и обратно, моево абер нема. Се има неколку пати свртено, ама не знам дали случајно или совладал. Си викам ако совладал ќе се врти постојано Инаку он се врти на страна, крева ноџиња си ги фаќа, со рачиња си фаќа си префрла играчки, ама повеќе сака да седи. Никако да се врти.. Седи самостојно, мислам да го седнам и да си игра со играчки, го ставам и на стомаче или грбче ама никако да се врти. Има некој слично искуство? Педијатар вика да не се грижам. Инаку 7 месеци е точно.
Не..јас имам Кика Бу не суши. Ти реков јас частев пица 2-3 пати ахахахсх И моето на 6 се сврте..ко од шала. И од тогаш никад не е на грб веќе. Со се демек "касни" ме секира и упорно вежбаме за еден ден после само од себе да му дојде 4 месеца устава ми падна од тапшин танана, браво и чао за од синоќа да почне сам само што ќе слушне тапшин и браво, остава све и плеска, дури седнува на гз ако стои не му се секирај ич, камо да не го мислев и јас...
Многу знае она, и платиле рекламче за количката, што е битно што не знае како јас не би возела од толку рано, што знам
Знам дека можеше од некоја возраст малку да се поткрева корпата пример 30 степени ама од кога можеше не се сеќавам.
Јас на 5 откако ни дадоа зелено светло за на 60 степени, ја свртев напред, односно ја возев во летна количка. Не цело време, ама менувавме колички, некогаш вака некогаш така. Вртењето напред нема никаква врска со бебето, ако добро седи накај тебе свртено, ќе седи и напред свртено. А веќе на таа возраст им е поинтересно да разгледуваат отколку пак да не гледаат нас што и така не гледаат по цел ден
И правам вежби и на подлога и пак ништо и педијатарот ми вика абе еден ден ќе станеш и ќе се превртува и џабе си се секирала, ама пак се секирам, па сакав да чујам некој со слично искуство….
Ксков д3 и омега после 3 месец? До сега давав од бејбитол д3+к1 и омега, ама сакам да сменам зашто два пати ми се лизна капсулата од прст во уста кај бебе, па би продолжила со обични капки. Пливит д3 ок се за толку мало бебе додека да набавам Вигантол? И која омега?
Мајки на бебиња што се лигават многу дали приметувате лигав слуз/мукус во каката? Кај мојава како и напредува оралнава фаза така се полигави се каките. Читав дека е нормално во teething период и педијатарот ми рече да не се секирам ама сепак на мисла сум малце. 4м сме, премногу лиги има и бута се во уста цело време ама сум ја приметила дека си прави како гаргара со лигите се глупира и си ги голта, само дур е на стомаче и капат од уста така да ваљда логично е да и искачаат од газе чим не толку од уста
Ставај ги во лажиче Бејбитолот, ако само тоа е причина да смениш. Мене ми е страв од лизгање па затоа од раѓање давам во лажичка.
Нормална кака е тоа. Исто и моево сега направи 4 месеци. Имај во предвид дека додека доиш, оно диши низ нос, па така голта и се од носот се слева надолу. Не дишат сеуште низ уста, па често се собира нормален секрет во носето, прашинка, влажност на воздухот влијае.. Често знае и млекце во нос да им отиде и да закрчкаат. Се тоа се слева уз доење го голтаат и го вадат низ каката.
Па искрено мене вака ми останува внатре во капсулата, а ако ставам на лажичка мислам дека ќе остане и на лажичката и не ми е сигурно колку имам дадено. Затоа барам капки директ на/под јазик да ставам.
Пресметано е тоа што може да остане внатре, не се грижи. И на лажичето да остане занемарлива количина ќе биде
Останува малку на лажичката, ама го оставам подолго да ја лиже. Не сум сретнала друга омега, Вигантол и јас набавив ама омега ќе давам од бејбитолот.