Да не праќам тука ама маж ми на тарабука а син ми на гитара пееја мајсторе мајсторе Зашо имаме тарабука дома не прашувајте хаха
Абе не тарабука има цел оркестар да земам само нека се покака мојата, еве 10ти ден веќе. На секое прднување трчам да видам да не има нешто
Ахахахажа си замислив ситуација супер што се олеснило бебе И мојот дечко денес какаше ама пак тврдо и се измачи малку иако му помагам (го држам со свиткани собрани нозе) Јадеше круша со овес и мислам од тоа се олесни
Не знам која тема е најсоодветна за ова прашање па затоа решив тука, до кој месец им облекувавте шпикозни или панталонки затворени доле кај стапалцата?
1 год има сеуште облакам кога е поладно..баш сега порачав 92ки од примарк со гумирано долу кај стапалата да не се лизга
За спиење со затворени стапала до 4ти пошо тогаш се стопли иначе може и подолго ќе облекував, а преку ден отворени стапала од пред 3ти. Заради моториката убаво е стапалата и рацете да им се што може повеќе слободни.
Јас само два дена зашто се роди во мај и топло беше ептен можеби зимава во такви ќе го ставам да спие кога ќе биде поладно зашто нема шанси да трпи чорапи, ептен е склетџија, бос е нон стоп
Бебе има 8 недели, последниве скоро две недели многу немирно спие, најчесто заспива брзо, но се буди по 5 минути. Го чував прво на мене пола сат пред да го префлам и не се будеше, но сега и на мене кога е исто се буди. Не знам дали има некоја мака, некогаш се буди со плачење, ама ретко. Жал ми е да се мачи, заспи и разбуди се. Дали е некој период или да си одам на педијатар?
Па сега сме во втор скок и ние и вие будење/одбивање цице/кенкавост и уште мн други ствари што си одат соновој скок
Се надевам дека е до скокот, а не дека ми е такво бебево Не сака ни во количка да се шета, ќе заспие и ако застанам 1 минута се буди и не престанува со плачење. Среќа за јадење си јади, ама се надевам и спиењево ќе се среди, жал ми е да го гледам така
Да, баш вака.. значи да си се занимаваме почесто, да не го "присилувам" да спие кога не сака. Некако многу долго ми се чини дека трае, еден ден ќе се среди малку, друг ден пак на старо. Не е фан на tummy time, да вежбаме почесто. Ги ставате скроз на рамна подлога за tummy time или на перниче потпрени рачињата?
Да некако и мене ми се чинеше дека трае вечно, доста беше напорно, дење цел ден во раце, ноќе распретан да не можеш да го фатиш јас скроз на рамно го ставам уште, некако не знам дали би погодила висина на перниче и вака ми е посигурно, ама ич не сака
Исто, седи свртен и плачи, па го кревам. Мислев на странине од гнездоно да го ставам ама некако високи ми стоеја, па реков да не ризикувам
Мајки, каква пумпа за измолзување користите, а да сте задоволни од неа? Дали може искуства? Јас користам рачна од tommee tippee ама не сум задоволна, не ме измолзува
Од каде ја купи и колку пари ако не е тајна? Во Зегин ја гледав 13 000 денари, а на ананас е 6000 ама не знам дали е ист тип, треба да проверам