Има две различни се. Јас ја имам поефтината Phillips Essential единечна околу 6500 денари е, јас имав ваучер за попуст ми излезе околку 5500 ден. Прво купив рачна на Loco croko бркаше работа ама многу слаба е нема споредба со ова и искрено криво ми е што не ја купив од страт. Вреди навистина.
И јас истава од филипс ја имам супер е. На почетокот многу ја користев, сега поретко ама тоа зашто ме мрзи и гледам повеќе да цица бебуле, инаку пумпата како пумпа си е супер
Бебуш наполни 5м,го гледам не верувам .И таман една вечер ќе имаме мирна и како тишина пред бура ни е.Почна да се врти и да спие на страна,ај што на страна спие сега па почна и скроз на стомак да легнува а не знае уште да се врати.И така како глупо некое лежи и се буди,немам нерви веќе.Не можам цела вечер да го држам.А не можам ни да го оставам зашто се углавува со рацете една под него друга на оградата за креветчето се тегне.Аман бре има ли крај.Ми иде да го врзам за да не се превртува. Секој кога ќе ме праша како е кажувам ќе биде лесно чим наполни 18 години.Пробувам да го учам да се врти и од меше на грб ама интерес нула.
Еве трае веќе скоро 2 месеци ова сега скоро научи на кревет како да се врти на обратно ама џабе е, ако во сон се заврти на меше, одма ја крева главата и е будна, така да наместо повеќе сон да имаме како растат, очигледно ќе имаме се помалку
Девојки здраво, месец дена е бебе се измолзувам и и давам по 60, 65 мл бидејки ми е мрзлива и не влече кога пробувам да ја дојам заспива.. педијатарот рече да пробуваме но сега за сега сме вака со измолзување. Проблемот е што после хранење во текот на денот дури и после 2 ч од оброк знае да поврати. Не повраќа со нагон туку исфрла од нос и уста и дури снемува воздух и ме преплашува.. можно ли е да има некој деуг проблем или сите прават така. Нели доколку е прејадена ке поврати порано а не дури после толку време. Плус ја држам во раце цело време посебно последниве денови..
Немам се уште бидено на гинеколог на контрола, па додека појдам да прашам овде. Породена сум царски пред скоро два месеци и последниве неколку дена осеќам како тапи удари под левава града, најгоре кај стомаков, слично како бебе кога клоцаше. Не е болно ама малку језиво, па страв ме фати. Има некој со такво чувство или да паничам
Јас имам од Филипс таа поскапата да речам ама ја купив на старо за 7000. Некоја феминка ја продаваше. Супер задоволна сум. Имам и рачна од Чико добра ми беше и таа но електричната ми е попрактична.
Фала ти, денеска ја купив и сум задоволна. А, кажи ми како ја стерилизираш со зовриена вода или користиш стерилизатор? И општо за шишиња и такви работи како стерилизираш?
Девојки сакам да ве прашам каде прават ехо на абдомен кај бебе,малиов ми има некој проблем и никој не ме сослушува и мислат дека не е ништо.Бебево има сеуште грчеви 5 м направи,некогаш се послаби ама некогаш се страшни веќе неколку пати дали кога го заспивам во полусон или еве денес заспан после 30 мин почна силно да плаче едвај да го смирам,додека не ги испушти не се намири плачеше многу силно и се гледа дека е од болка.Кажете каде да го однесам за ехо на абдомен.
Грчевите најчесто треба да се исчезнати до 3-4м, меѓутоа се случува и до 6м да ги има и не се загрижувачки доколку постојат до таа возраст.
Со здравје да си ја користиш. Јас ја стерелизирам во стерилизатор ама ја имам и со зовриена вода обично кога сме на викенд. Дома се ставам во стерилизатор имам на kikka boo и шишиња и цуцла се во него. Кога сме на викендица не го носам стерилизаторот, тогаш се зовривам и до сега немало проблем.
Не е страшно. И син ми ги имаше долго. Не знаев дали е за доктор, дали да менам ад, буквално му пукаа цревата и кркореа цела ноќ. Ќе заспие, ќе заплаче. Спиеме заедно и му ги ставав ножињата на перничка или ги држев со рака, одма му олеснуваше. Понекогаш давав еспумисан. Плачеше кога прдеше, мака имаше докај 7 месец сигурно. И со воведување оброци се помачивме, многу работи ( грав, зелка, брокула, карфиол, леќа) не му го давав тогаш. Грав дури сега на 13 месеци проба. Ќе се смират, ама ако се плашеш, однеси го. Сепак мислам не е ништо. Во Штип Кардиоарт прават педијатриски прегледи, е дали само срце или и абдомен, јави се прашај. Тој доктор е од Жан Митрев.
Хаха миле паника сум сите другарчиња околу совладаа само моево размазенко кога ќе му текне ќе се сврти ќе ме израдува и толку фала мајка!