Мајки доколку користевте кенгур од колку месеци го стававте бебето во него? Јас се мислам дали да почнам да го ставам во него, зошто кога шетаме веќе сака се во рака да го земаме и да гледа
Зависи каков кенгур имаш. Сигурно пишува на него од колку месеци можеш да ставиш бебе. Нашиот беше од 3+ месеци и од тогаш го ставив свртен напред. Уживаше бебе во него, многу го искористивме и уште го користеме. Ама веќе почнува да е многу тежок и не се носи веќе хахах.
Кај нас какањето само од себе се среди на 5м немав дадено цврста храна. Какаше секој ден. Со храна почнав на 6, на почетокот исто знаеше да прескокне ден два три, доста потврда столица беше и потемна, послето се опраи, од тогаш сме немале проблем такада храната и не беше кај нас некоја промена..
Majki, moevo e 7 dena gi prima kapkite Babytol Neonate, e sea na otpusnoto pisuva babytol d3400IE + vitamin K1 25mcg i DHA Omega-3 masni kiselini (100mg) tie od 8 den. Dali sega dopolnitelno od utre treba da mu davam vitamin K1 i DhA omega3?
Добив 33 ден од царски, се осеќа мирисот на крвта е друг, докторката викаше ее мн рано нема шанси, на истиот датум еве 4 ти пат добивам, Вториот и третиот траеа по 10 дена, вториот ми беше мн обилен да не земев капки ергометил немааше да прекине, 10 дена како прв ден добиено по 7-8 улошки во ден... незнам колку пати ми протече дома а улошки како пелени огромни. Сега 4тиот да речам нормален. Ако ти е премногу обилен консултирај се. Викаат до 7 дена крварење е ок, после тоа треба да се реагира.
Добровечер мамички, да ви се поздравам и да ви се приклучам тука конечно Пред 8 дена породена царски, мн лошо опоравување имав од анестезијата цело време со главоболки и а одам до кујна или тоалет се задишвам, крвната слика на испуст ми беше топ, д димер се намалиле драстично ама пусти замор не ми дава мир. Башка дојам и моментално сме хаос, бебе денски спие навечер од 1 часот се буди насекое и бара града. Прво мислев дека немам млеко, дрка плачи од глад се молзам и вадам по 50 мл на едно молзење од една града, бебе кака моча леле мори мајко, фонтани навечер Ама штом го ставам во креветче одма кемчи, в раце ми заспива шо значи бара топлина, помагајте утешете ме колку време трае овој период оти стварно сум ицрпена, навечер не спиеме до 10 изутрина, насекое бара во раце. Вчера мислев да му дадам молзено и града му понудив изг мн му дојде поврати, шо значи гладно не е. Околу тоа имаме проблем и со подригнување, не сака ништо живо да подригни, го држам исправен на града ама џабе, си велам можи и подуено му е мешето зато кемчи. Се ми е ново и би ви била благодарна за секој совет околу овие недели, мажот ми за една недела ќе оди Германија дури да поминат 2 месеци не знам како ќе истуркаме периодов а многу ми е од помош. Ме чека огромен предизвик ама години го чекав овој момент и спремна сум на се, само здравјето да ме послужи оти снагата ми е на пола копје.
Јас дадов вчера во 9ипол вечерта во 1 кога стана за цицање дадов еспумисан ама додека цицаше многу убаво си се испрди дете и си се искака. Ќе дадвам пак па ќе видиме
Сеуште не прави разлика меѓу ден и ноќ затоа денски спие, а навечер се буди и мојот така правеше. Мало е сеуште, како што поминуваат деновите ќе си менува а и ти ќе почнеш со рутина па ќе си сфати. Се од наведеното поминав, долги ноќи со неспиење, доење на секој сат и спиење во раце. Колку трае, појма немам. Се ми е матно кога ќе се вратам наназад, а не беше толку одамна. Ни мојот не подригнуваше, абе што не правев се беше џабе дури по некој месец почна.
Шишиња, кутии, се што не е за во уста Книгава и е хит 3 месеци веќе, играчкиве се за во вода ама и како глодалки се користат. Дожд симулатор, овој е соодветен за 5 месеци. Било каква играчка со влечење, подарок ни е ама ги има по страниве.
Едниот близнак имаше после раѓањето, 3 дена беше во инкубатор и примаше инфузија. Нема никакви последици, 3 години дечко е сега, со нормален развој, дури доста понапреден во мајлстони од другиот што немаше таков проблем. Не читај и не се стресирај.
И јас сум со "пелени" ќе видам до утре како ќе сум ако не ќе одам да ме ѕирнат. Ама некако ептен чудна менструација. Чиста крв, обилно, страшни болки, поспана, заморна итн. Никогаш не било вака, ај ќе се среди. Може и дека дома.
Јас моето бебе од 4 месеци го научив од самиот почеток што е ден што ноќ со тоа што навечер беше темно дома, преку ден цело време светлина. Првиот месец следев како му одговара него. Ноќното спиење му започнува во 00:00 иако знам дека е касно ете неговиот биоритам е таков иако има кратки дремки и во 22:00,23:00. Сака цело време да е во раце освен кога си играме. Се буди често кога ќе го спуштам во кревтче или кревет преку ден па затоа го оставам да спие и во раце и еве 4 месеци сеуште не знае и не сака да заспие сам ни во количка додека го возам ни дома,а све ми е пробано. Со сопругот живееме надвор од Мк и немаме помош и затоа за мене спас беше малку да отспијам навечер. За време на грчевите спиеше цела ноќ во раце и се научи да спие по цела ноќ со будење само за цицање. Може не е најдобар совет но мене само така ми успеа. Сега спие од 00:00 до 12:00 со будење за цицање со нас на кревет. Можеш да пробаш неколку вечери да спие на тебе па да пробаш потоа да го оставиш да спие сам навечер. Ќе бара града ама нема да се расони така полесно и побрзо ќе му дадеш и штом заврши со подојот нишкање или цуцла и ќе презаспие.
Мајки, бебево ми е 5 месеци и константно се лигави и е со рацете во уста па целиот предел под вратот и е црвен и иритиран. Ја мачкам константно со Биодерма Атодерм млекото, но цело време пика раце во уста и го брише и е невозможно тој предел да и се одржува сув. Матичната вели да продолжам со Биодермата, ама некако од ден на ден се полошо ми делува. Имате ли препорака за друга крема што би помогнала или пак кожен каде да ја однесам. Би напоменала дека пробано е и со Судокрем, Мустела и Веледа за пеленска. Биодермата досега како најдобра се покажала, но еве ова не успева да го среди.
На истото место истиот проблем го имавме. Нас јекодерм не спаси, ем го хидрира и лечи иритираното, ем прави бариера како заштитен филм за да не се трие кожата и бетер да биде
Или ставај му околу него крпи во ролна или во гнездо. Ќе му е потопло. За грчеви користи термофорче, и капки еспумисан (кај нас тие имаа ефект). За ред со спиење рано ви е да фатите уште одсега, не знае ден и ноќ. Мислам дека кај сите на почетокот е така. За почеток, не му сменувај навечер просторија за спиење. Однеси го во спална и таму успивај го цело време. Придушено светло, и пробај со White noise, сите овде со низ заспиваме Нормално е да си изморена, ама поминува да знаеш. Или едноставно ќе се навикнеш
Одете на дерматолог, за ваков осип ни дадоа антибиотска крема, не поминуваше со Јекодерм и Биодерма. Можно е да е бактерија на веќе иритираното место.
Тоа сакав да пишам, мн е црвено, па и негде кожичката е како разранета. Ако не поминува може треба антибиотик и антифунгална.