и мојата во болница си фати убаво на бејбилове но ја самата имав многу голема желба за бибс некако ми беа по срцкасти и еве сега имам цела колекција на цуцли и на авент и мам фриг па силиконска бибс несака ниедна ..
Мислам во болница дека им даваа анатомски, моето не сакаше ниту една ама таква малечка убава му купив од Курапрокс. Многу убавка изгледа, сплосната е и малечка. Ќе ја чувам за второто https://www.zdrava-nasmevka.mk/site...dontska-cucla-golemina-0-07-meseci-2-parchia/
И јас како тебе за третово. Нема цуцла што не ја купив. А на почетокот фаќаше по малку.. и фати да одбива и мислев ќе и погодам некоја ама јок. Дете што решило дека не сака цуце, нема да прифати ни една Првото и второто одма фатија и не им беше гајле каква битно да е цуце
4 месеци е бебуш, на доење сме само. Од пред две недели почна многу ретко со столиците, по 1 на ден, а претходно по 4-5 пати , и сега 5 ден веќе нема столица. Примивме и рота вакцина пред два дена, и првиот пат кога ја примивме имаше запек место дијареа од ротата. Што може да биде? Ќе почекам уште некој да видиме , вака не изгледа како да ја мачи стомакот не се грчи
Мамички на колку месеци вашето бебе почна самостојно да си ја држи главата.и кога лежи и го фатите за рачиња да ја подига ?да не му паѓа назад
Ја држи од 3 ипол месеци, моето е прематурче, иначе кога ја фаќам за рачиња, ако сака се стега се крева ако е љута уште толку плаче хаха. Детево ми е овен, ништо нема на мене
Девојки здраво. Бебе месец ипол.. почнав да приметувам зголемена густа плунка, и смета во дишење и осеќам промена во плачење. Ке заплаче ке пушти гласче и како да се изморува и ке престане. Не ми изгледа настината туку како затната. како да почнав од вчера некое свирење од носето да слушам. Како кркорење.. можно ли е да е настината... Температура нема, исконтактиран педијатар утре одиме на преглед
Кркорењето и чувство на затнатост може да е и од млекцето им се враќа дури им оди и до нос. И јас бев исплашена во еден момент педијатар од систина ја слушна немаше ништо на плуќа минпотврди дека е млекце што и се враќа ако однеси ја да си мирна
Претпоставувам дека истото ке го каже бидејки пред две недели ја слушаше немаше ништо. Ама вака кога ке ја слушнам како да се бори буквално на моментот. И вадам мрсулчиња не премногу ама има па претпоставувам и се собираат и дека и тоа си има улога. Ти благодарам
Исто и на малава и се случи и се упте така знае да слушам како крчење 4.5 месеци е. Ја носев и јас да ја слушнат ми рекоа од млеко е
Кога преминуваат од 4 дремки на 3? После регресијата од 4ти месец? Бебка е 4.5м и деновиве ептен ми ја одбива последната а очи жар црвени, зева и пика прсти во уста. Ако не успеам да ја заспијам едвај издржува до кај 7 и ми урла за ноќното успивање. Да пробам да и ги продолжам прозорите будност? Од 1.45-2.15 и се ама па со дремките уште мака мачиме прекратки се
Јас користам физиолошки раствор Носал капки.По една капка во двете ноздри ќе кивне од капките и не крчи или како затнато.Почесто е додека се помали, еве ние сега само кога ќе се засркне со млекце се дешава.
Majki 10 dena sme stari, ama ne zadrzaa na detska crp visiko najverojatno bakteriska infekcija. Dali nekoj so slicno iskustvo i kolku zadrzuvaat? On nemase nikakov simptom, ni temperatura nisto. Slucajno krvna slika so crp za papoceto pravevme i ispadna ova. Nekoj da spodeli slicno iskystvo?
Мајки хелп, бебе откако ќе цица го држам исправен и како да се грчи, цел се вцрвенва како воздух да не можи да земи, го легнувам и почнува да се витка, да се грчи, дури и ќе посини во секунда некогаш. Знае и да бљуцни ама не секогаш, вчера на три пати ми бљуцна ама така пообилно. Се сомневам на рефлукс. Спие на поткренато креветче под агол 30° Многу ми е страв да не се задуши, педијатарот ни рече по 30/35 мин да го држам после јадење исправен, премногу е исцрпувачки навечер, таман го додржав тој се активирал за следно доење. Исто така ми рече да го дојам на минимум 2 часа растојание.
Два месеца и една недела, од пред една недела почна да се задавува на секој подој скоро, кога беше помала не правеше вака сега не знам што и стана. Полакома е тоа да, цица побрзо ама по моја логика и треба да реагира побрзо. Како да заборава да голтне некогаш а шмука јако. Има ли некоја друга мајка всков проблем? Штом почне без воздух да останува одма дигам од цице и уште толку како да се преплашува и она со мене
Лелеееее сочувствувам. 2 ги доев ова чудо не ме најде, ама затоа третово живот ми кратеше на секој подој. Кај нас на месец ипол почна. И траеше околу 3 недели. Се задавуваше и ќе го исправев оно се дави се црвени, па синее нема воздух на крај вреснува и продолжува да плаче. Животов мал милион пати ми се скрати. Го носев и на педијатар дури мислев нешто не е во ред со бебето и таму го доев и истото се случи пред 2 педијатарки, ми потврдија дека не е страшно како што изгледа. Следниот период ујача и научи подобро да го контролира голтањето. Сега е 4 ипол месеци и сеуште се подзадавува по малку кога го дојам легнати и ќе задреме со млеко во уста, ама многу побрзо и подобро реагира. Сега па се дави и од сопствената плунка. Мора во животов и коса да ни обеле од нешто.
Aј леле значи си трае и трае ми идат мисли дека ако се дави од млеко на 2месеци што ќе правам со храна на 6. Како што сум сама преку ден и ја чувам сама додека дојде маж ми од работа попладне ќе се спобудалам од стресови вакви. На инста почнаа да ми искачаат онакви за прва помош при давење на деца некои направи
Педијатарот да си скине дипломата. Толку мало бебе е успех да издржи и два саати. Може и на еден саат да ти бара. Впрочем ексклузивно доење е тоа, кога сака и колку сака. Инаку сигурно се почнати грчевите. Давај капки на база на симетикон (кај нас еспумисан има), термофорче на меше и масажи. Мачно е ама ќе помине. Можеш да земеш лактамикс, две деца истерав со него, многу смирува меше преку лачење во млекото. Секое бебе има одреден степен на рефлукс кој докај третиот месец се редуцира. За баш дијагноза рефлукс треба млазови обилни да повраќа. Бљуцкање не е страшно. Ти си го знаеш бебето, ама 30 мин држење исправено многу е некако. Пробај да го ставиш со мешето кај тебе на рамо и тапкај нежно по грб, обично така полесно ждригнуваат. @Baby warrior 5 ипол месеци е, уште се дави, само не толку често на секој подој. Коса ми обеле од ова дете, барем 2 пати во денот се дави. Не ми е јасно како јаде убаво, парчиња, а на цицка така прави. Денес и давав киноа со страв да не се задави од зрнцата, она гајле нема јаде како цел живот да џвакала. За после пола саат на цицка да се подави до помодрување.
Не го разбирам ни ја механизмов и што всушност ги дави а и плус тоа дека оваа активност ја прават на 2-3саати и пак не можат да ја усовршат ми е скроз несфатливо мојава е страсен цицач прво си мислев лакома е многу млеко инам па не постига … после сфатив дека нема везе и 10капки да се она ќе успее да се задави