Хаха ја носев два пати на ноќна. Еднаш во козле, јас мајка нова ништо незнае мм вика каде викам козле, кога ја видоа.. месец ипол зрно 2 ипол кила се фати за глава докторката и викаме видете детево грчи црвенее плаче како ќе спијам и викам јас вака... абе смешки ајде крв и зеде тој лаборантот се плаши, докторкава вика јас сум тука одговарам земај крв, ова спие он стиска. Абе будала луѓе она по пат ни заспа ние на лекар ја носиме ни се дави. После уште еднаш кај моја докторка кај битпазар дежурна вика абе вие двајца извадени од памет здраво е детево има шлајм уште, јас викам дане аспирирала нешто млеко мн ми се давеше. И така више почнавме да отрпнуваме и сега знае да се задави некогаш од што наеднаш шмука гладна.. ама кашла се бори и очиве солзи хахаха а не плаче и продолжува. Како човек возрасен кога ќе се засркне. Ќе помине само исправи тапкај и тоа ќе се навикне.
Мене ми викаа по 20 мин да ја чувам исправена, ама ја ставав на перница. Малку ќе блуцне ама и ќе заспие, и тераше по 2-3 дремки долги пак после ќе стане исто хрчеше има шлајм некој од раѓање не и смета на дишење хаха и огледало сум ставала ја луда мајка да видам дали диши кога спие дека така имаше шлајм. После прочитав дека е од тивок рефлукс и затоа. Колку можеш подржи ја.. јас макс 10-15 мин и ќе ја ставам на перница и ќе заспие, прозор на буднос и беше 30-45 мин. Не се плаши. Чистев носе обавезно дека од млекото и враќаше и се запекуваа малку. Па марисол капки со носко вадев.
Еве ја спие до мене повиена, два месеци и една недела и никако другачие не може да спое навечер. Сега веќе има повеќе сила и ми се расповива по 2-3пати во ноќта па повивам одново го прашав Талески, ортопедит пред една недела кога бевме дали има штета, ми рече нема штета за неа, а штета би било ти да не спиеш додека дава да ја повиваш повивај навечер после ќе си ојача да спие сама и моро рефлексот ќе се изгуби
Епа баш ради тоа сум на два има, знам дека ради Моро рефлексот ќе се буди ако не е повиено ама читав дека не препорачувале ортопеди ради колкчиња. Инаку ја повиваш само со ќебенце или со оние пеленине со лепенки?
Ја повивав до кај 2 месеци мислам.. горе раце цврсто доле нозе распуштени и спиеше со нозете отворени баш како што треба. Ортопед рече супер е. Така да пови си бебе.
Имав и вакво од сестрами ама искрено со тетра пеленка, од тие 80 на 80 и таман како фишек. Еве и термофорче ќе и ставев одозгора кај стомачето и така спиеше. Ова е ептен мала кога ми ја дадоа месец нека има, ладничко беше.
Ќе видам, голем проблем имаме. Навечер се случува да нема големи дремки, го ставам да спие или ќе ми се грчи веднаш или ќе стани за кратко време. Од 1 по полноќ до 9/10 сабајле јас сум будна и се борам си него. Во денот дали 4/5 саати спијам вкупно. Го дојам, го држам исправен ќе подреми тро и оп еве ти го станат.
Кога почнав да дојам искрено имав многу слабо предзнаење, среќа не добив совет да го дојам на минимум 2 часа. Голема е веројатноста после таков совет да се откажев од доењето. Зошто? Затоа што, ќе ме дозбунеше, бебето ќе ми плачеше од глад, а јас ќе гледав во часовник дали поминале 2 часа и на крај ќе се одлучев за формула. Кога почнав да се едуцирам за доењето секаде наидов на совет “доење по барање”, стварно не знам дел од педијатриве од каде ги вадат советиве за 2 неделно бебе да се дои на сат.
Искрено за тетра бев и повеќе, пелените ми се повеќе лажи пара искрено, некако некомотни ми изгледаат и ко да ќе стегаат бебе. Ти благодарам најмногу
Со спиење како стоите, освен попладневни дремки не можам поинаку со оглед на ситуацијата што ја опишав
Имам и вакви лепенки ама мојава ги вади рачињата од ова мн брзо со тетра ја виткав и ја до пред 2-3недели, сега имам едно елсстично кебенце баш за wraping од тему, ноџињата доле отворени зошто мојава клоца секундарнооо
Еве исто е и кај нас. Само што она пие од шише и некогаш цел ден го поминуваме во раце затоа што кога ке ја легнам подголтнува и ке поврати. Навечер и дежурам кога ке ја приметам дека и е тешко.. некогаш и ми спие цела ноќ на мене... исцрпувачки е плус целата искривенанна мене ама ете некогаш помага. педијатар вика нормално е само што стресот ке го тргате додека да потпорасне. @Baby warrior мојава така ми направи додека ми беше во раце два саати после последниот оброк.. од што што прават така не знам .. ждригнува и ја држам и како да и доаѓа млеко и се задавува..одговорот од педијатар беше желудникот сеуште им се оформува...ама животот ми го скрати, мислам дека моментално плус уште едно бело влакно на косава ми се направи.
Не мора да значи дека нема да ти спие. Секое бебе е различно. Моето е 2 месеца скоро, ниту еднаш го немам повиено, врзува по 5-6 саати сон уште од првиот месец. Морото го имал, ќе почне да плаче го гушкам, му зборувам декс си се тоа неговите рачиња и се смирувал. Многу му беше изразен во првиот скок, тогаш го ставав во гнездо во креветчето да си спие, инаку само во креветче спие. Многу е лошо за моторика повивањето, знам дека раатот нема цена ама светот го осознаваат преку дланките доминантно и стопалата. Им се ускратува тоа право. Овој муабет го имаме зборено со многу педијатри и ортопеди и секогаш е советот голи стопала и отворени дланки. Сега на 2 месеци знае да се штрекне од рацете ама си продолжува да спие, мислам дека е така зошто никогаш не го повивав.
I jas ni prvoto ni vtoroto ne gi povivav ..Samo vo gnezdo spiese i prvoto i vtoroto dete sega do kraj na vtoriot mesec. Generaciski bebinja sto.ste 2.meseci plus minus sto pravat okolu dvizenjata na teloto vo smisla nastrana vrtenje, glava drzenje i slicno ..Imam zaboraveno so prvoto kako sto bese...