Дури се на болница сигурно им прават. Јас ојдов по една недела рутински, знам ми рекоја дека кога ќе одам да му напоменам да му проверат бубрези оти не му беше направен преглед дури бевме на болница затоа што докторката била на одмор.
Како да се справам со бебе, навечер само во раце на гради кај мене спие без да се буди, го ставам во креветче одма ржи се витка, станува. Исто и на спална. Денски немаме проблем макар шо денес цел ден до кај 3 поручек беше буден, добро можи затоа што му сменав место до кај моите го однесов и му дојде промена. Навечер немам спиено откако излегов од болница
Пови го со тетра пелена, стај термофорче кај стомачето , ќе спие. Ќе осети топлина и тесно како во стомак. Моето цела вечер креваше нозе, звуци испушташе. Додека не плаче не ја земав од кревет. Мора така, за да поспиеш. Ставај пробиотик, ставај еспумисан или саб симплекс и ќе помине. Цуцла давај упорна плука враќај пак, плука пак враќај, прај и звук за цицање со устата додека и ја даваш. Ќе се научи.
Кога цица во врат ме клоца А инаку вака е многу интересно што на спална се турка, ама на подлога не Ама се врти 360 одамна и сеа најново и е од пред 10тина дена што научи да си ги јаде Како погодува да ја фати баш така со рачето ѕвезди да избројам не можам да разберам, и влече мислиш...
Мајки да ве прашам бебињата ваши кога почнаа самостојно да си ги држат главчиња дали ги наведнуваа на една страна моево самостојно почна да ја држи на 4 ипол м ама онака сега некогаш ја подседнувам на скут кај мене и гледам дека малку како на десно да ја наведнува главата... Кажете ми дали мислите дали е за на ортопед или прво на педијатар да ја однесам или ќе се опорави со време?
Како да се справам со бебе со 17 недели (најверојатно во 4ти скок), што не сака да спие. Дневни дремки по 30мин, некогаш ни толку освен ако не го држам во раце. Некогаш спие и само во раце - нема шанси да го спуштам во креветче. Ноќе спие еден подолг интервал од 3-4 часа, другото е се будење на 1-2 часа и исто така спие строго на спална со нас, во креветче го заспивам но откако ќе стане еднаш не сака веќе таму, мора на спална.
Нема начин за справување мајка, ќе држиш во раце, ќе спие до тебе и тоа ти е ако сакаш да врзеш некој саат сон и да имаш весело бебе кое вежба вештини. И скок и јака регресија во ист тој период е, еве и јас чекам да помине месец дена тераме така. Најбитно е дење да го ставаш на подлога да вежба и да стимулираш учење на вештините. Еве ние сега во фаза кај што превртувањето и е главна атракција и вришти ако не се преврти во еден потег
И педијатар и ортопед викаат колку може повеќе на стомаче да е и да стимулираш со играчки да гледа да врти глава и ќе се ојача мускулатурата
27 степени ми е во спална, воздух нема буквално, ќе го сварам ако го повијам, отворам врата за да проветрам ама не можам цело време оти во дневната седат свекор и свекрва.
Моево нема абер за сам да се сврти од грб на стомак, мислам се плаши.. Инаку обожава да го држам седнат, главче си врти од два месеци се супер ама фобија од вртењево 4 ипол месеци е, не знам како да го мотивирам хаха Од стомак на грб се врти…
Мајки ние сме 4 месеци за 4 дена. Бебево се сврте од грб на стомак на точно 3 месеци и од тогаш кога и да ја спуштам на грб за 5 секунди е на стомак наместена. За вртење обратно не покажува интерес сега за сега. Дали има некои вежби или што можам јас да направам за да вежба вртење од стомак на грб? Или треба да ја оставам сама ќе и дојде?
На колку часа ја храните?дека на почеток ми кажаа на 3 часа да нудам АД.сами ја нудите или чекате таа да побара Колиефот капките за грчеви до кој месец ги давате?
Види на youtube или instagram како да ја вежбаш има неколку начини. Најлесно е едното раче да и го држиш и да ја подбутнеш од другата страна дур гледа играчка. И мојава исто само од грб на стомак знае, обратното уште го вежбаме
Колиеф цело време додека давав бебелан, сега сменив на безлактозно и не ставам колиеф само еспумисан малку и тоа. Витамини што имам ставам. Бара сама тешки кризи ако е гладна. Кога и давав 60-90 на 2ипол па почна на 2да бара и зголемував млеко. Така да ако бара почесто давај повеќе млеко. Како зголемуваш треба да зголемиш и сати, пример 120 на 3ипол часа, 180 на 4 часа итн.
Ај сеа едно прашање за скрин тајм алармантна е ситуацијава се радува цела на златно славејче поточиња и слично … знам дека според СЗО вика скрин тајм НУЛА е дозволен до година ипол ама реалноста која е? Пуштате песнички?
Песнички да, звуци треба да слуша зашто не би? Гледање во екран не, еднаш само алармантно во кола кога зајде на сред пат и немаше кај да застане мм
Па ние почнавме на youtube кога не можевме да ја смириме и целата се прерадува, се смее, мафта и сега си викам Зарем 10-15мин дневно може да штетат? Детево е прерадосно кога ги слуша/гледа и пееме