Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Да нив многу им е интересно да зјапаат во екран бидејќи ем има едно чудо бои ем само нешто се мрда ама баш тоа е проблемот демек. Не знам не сум доктор ама јас ќерка ми не ја оставам да гледа страв ми е според тоа што сум читала. Вчера баш бевме на гости каде имаше безвезна турска серија пуштено и она очите само натаму…

    Има опции да ставиш picture off на екранот за само звукот да тече, јас така правам особено навечер дека од spotify пуштам приспивни во спална да не и блешти.
     
    На naturally и Baby warrior им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.481
    Допаѓања:
    5.836
    и пуштав уште мала кога беше, не сме имале никаков проблем фала богу, еве ја сега голема ретко гледа, само навечер пред да заспие бара и дали гледа по пола саат.
     
    На Iva.T и Baby warrior им се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.481
    Допаѓања:
    5.836
    три дена сме дома ние исто, три ноќи спие само во раце :drunk: денес беше патронажната и ми вика сега ако не ја одвикнеш ќе се научи така и ќе си имаш проблем, она ќе биде наспана, ти не ... ми рече упорна да бидам и со цуцла да пробам. не знам шо ќе се прави, преку ден спие во гнездо, само навечер кенка
     
    Последна измена: 21 август 2025 во 14:35
    На Cvetce_ и Baby warrior им се допаѓа ова.
  4. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.158
    Пол:
    Женски
    А јас како да го одвикнам од денско спиење во раце?:D Денски по цел ден ми е в раце, се успиваме така со шетање (никако седење во место), па си спие на мене. Мене ми е убаво не дека не, само што не можам апсолутно ништо да направам. Го префрлам во гнездо и за 10 секунди е разбуден. Ќе се смени ли како што расте или да си се помирам со судбината:D
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Ние од 2 недели до 2 месеци спиевме во раце и дење и ноќе. Од кај 2 месеци за ноќе се префрливме заедно на спална спиеме една до друга, а преку ден за префрлање на кревет- само на стомак да ја легнам.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.509
    Допаѓања:
    23.382
    Пол:
    Женски
    Добри 6 месеци така беше денското спиење.
    Па смени после тоа. Дури и од заспивање во раце, што траеше до 8 ми месец, почна да си заспива легната на спална.
    Менуваат многу.
     
    На Anaroz1 и Merten им се допаѓа ова.
  7. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    1.706
    Кај мене успеа така што ја легнувам на страна. Заспана во раце ја префрлам на кревет и да спие на страна. За дневните дремки. На камера си ја гледам цело време или си лежам до неа. Инаку ако ја легнам на грб одма се буди
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    10.445
    Не пуштам, и пред да се пушти некој не нема да ми дадат награда за најмајка ама има причина зошто не се пуштаат екрани. Песнички само звук да, ама и тоа бирај какви, избегнувај кокомелон во широк круг. На дете што му е пуштано ќе бара, дете што не видело нема да бара. Да, се одразува на развојот. Пеј и ти, играј со рачињата, зборувај и многу, така се развиваат највеќе. Ставај ја на подлога со висечки играчки, давај и тропски, сега треба да вежба држење играчки. Ако ти е за 10мин да завршиш нешто закопчај во релаксатор. Нема да стане полесно со поголемите будни прозори затоа не си отежнувај со уште една работа откажување од екран.

    Секое одење на педијатар, вакцина, патронажа сите истото го повторуваат, не давајте екрани. Има време за екрани.
     
  9. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички
    Имам едно прашање
    Дали е нормално новороденчиња да испуштаат чудни звуци додека стенкаат и се напнуваат?
    Бебушот има 6+ недели и чудно стенка додека спие.
    Периодов баш има некое видео кружи на интернет бебе кога спие и како Т-rex диносарусче испушта звуци, епа баш такви :D
    Не знам како да објаснам, дали може да го иритира грлото или мекото непце така?
    Дали имате искуства со ова?