Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Жижи нема грижи ни е главна :D:D
    Од песничкиве се радува на маче мое малечко и кап кап кап (highfive) пресмешна е, се смешка уште без звук и мрда со рачиња и ноџиња задоволно. Сите песнички ги научив за два месеци :rofl: играм и пејам низ дома и маж ми вика кардиоооо 8)
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    592
    Пол:
    Женски
    Ние сме во прв скок очигледно, 4 недели сме веќе. Преку ден до пладне одбива да спие иако се проѕева и го гледам дека му се спие, а навечер после 18 до 21 во глобала вриштиме и ништо не не смирува. Колкуу време трае обично прв скок?
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Една недела :) првиот е таков, спреми се за вториот мене ми беше хорор со одбивање цице со вриштење за јадење хаос … ај не спиењево ќе го поминам ама нејадењево ми беше ужас
     
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Мајки 6ти ден како сме веќе дома со малата. Ми покажаа некои вежбички за колкчињата за раздвижување, да и ги правам секој ден, но од толку информации наеднаш не ги запамтив.
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.513
    Допаѓања:
    23.396
    Пол:
    Женски
    Како пеперутка и ги отвараш. И ги спојуваш према телото и полека и ги шириш.
    Незнам дали убаво ти објаснив…
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.648
    Пол:
    Женски
    Види на YouTube има видеа како треба многу се едноставни
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе добијам совет освен “Издржи тоа ти е” ама морам да се пожалам од ова четвртиов скок и регресијата. 6 недели хаос и абер нема да прекине. Апликацијана вика уште 2 дена од скокот а ми се чинеше како да почна недела дена порано. Ако се само уште 2 дена ок ако не веќе не следам ни апликација ни скокови. Скренав веќе, секоја дремка контактна во раце со тегнење квичење и пак на 25 мин ми се буди па едвај ја презаспивам а некогаш не ни ми успева. Некоја дремка ќе успеам и до саат ипол да и ја истерам ама ќе умрам за мочање од што не ни помислувам да ја спуштам во креветче. Солзи крокодилски ко да ја тепам од што и фали сон.

    Порано бар првата дремка ми ја спиеше во количка па ќе пешачев секое сабајле, последниве денови и во количка ми урла и се крева да стане па со трчање дома да ја заспијам. Ноќе се поише и поише станува и само се тегне по цице, будна во 5ипол спремна да игра и да се превртува а јас ко мртов коњ. Некои денови ми се буди по саат ипол од заспивање и бара цице, а бар 5 знаеше да истера од првиот ноќен сон.

    За доењето дење да не ни почнам да зборам… Само ако сака да се успие или ќе спие подолго ќе поцица иначе абер нема се нешто друго и е поинтересно и после гладна е ноќе.

    Треба да почнам да се организирам да замрзнам нешто сезонско овошје за кога ќе почнеме со храна да и давам ама не знам кога ќе стигнам и тоа да го направам.

    Сега пишувам рефератов дур ми дреме во раце, среќа успеав да ја презаспијам кога стана на 25 минути со плачење. Се изнажалив ама морав некаде бар минимално да ми олесни. ;(
     
  8. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.158
    Пол:
    Женски
    Се плашам кога ве читам, уште имам трауми од првиот скок:sweat::D
     
  9. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Исто, а тешко го подригнувам навечер, ми заспива на града додека си цица и после тешко ми оди. Може и од тоа се стиска, башка гасови грчеви :D
    А преку ден глас не му се слуша
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    33
    Мајки еден совет.. бебето ми е 4 месеци не знам дали да го носам на педијатар, дали е скок или не знам веќе. Веќе неколку дена го смени ноќното спиење, станува на секој саат/саат ипол, кенка се врти во спиење како да не го фаќа место. Денските дремки исто благоречено ужас, дремнува макс 30 мин и се буди со плачење, некогаш и насмеан ама после 15 мин повторно кенкање. Ништо не му задржува внимание повеќе од 5 мин, ни игрална, ни релаксатор, ни водена подлога, за количка не правам муабет пошо после 10 мин плачки се. Заспивањето исто ужас, со плачки со пола саат успивања. Не знам со ова кенкањево дали нешто го мачи, иначе на ад сме нема промена во апетит. Ако е скок, до кога трае овој хорор, ако е нешто друго што би можело да биде?
     
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Четврти скок плус големата прва регресија во едно. Пишував и јас погоре се жалев и ние сме во слична ситуација веќе долго време