Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Јас бев до паркче во ѓорче и т прочитав кога пиша и ај до дома дека почна да ми се буди а спиеше сат ипол таму и само што влегов дома разбудување плачење незнам поцрвене зајде ваздух глас ништо а црвена плаче 6 минути и мислам се мрднав неможам да ја смирам... му се јавив на мм она рикна пушти глас ечи и му викам дојди неможам да ја смирам. Фатија 8-9минути како плаче и во кујна на чешма, и лицето и го поминав еднаш два пати и дувнав и почна да липа и се смири па го зеде цуцлето. Значи така ме извади од памет.Му јавив на мм да не иде. Барав викам дане ја касна нешто незнаев од што плаче. И после одкако ја смирив се искака. Си викам зарем од тоа така плачеше. Незнам.
     
  2. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.361
    Пол:
    Женски
    Исто ми се случува значи скроз скроз исто. Многу сакам да дојам пошо е многу полесно и попрактично, а и реално најдобро, но истовремено и мојот мир и памет да остане здрав гледам да не се казнувам ако не успеам некогаш. Секојпат имам формула при рака и ако се деси нешто вакво давам формула и тоа е тоа. Следен подој пак града и идемо даље.
    Се си мислам околу 2ипол-3 месеци имаше некој ваков кризен период со доењето. Hold on, ќе пројде.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    107
    Мајки, бебчево ми има 8 дена, а го ставам на града после 5 мин заспива и не се дојадува убаво, па и не се буди штипкај чешкај што сакаш прави не се буди, а го оставам негде на кревет или релаксатор оодма се буди кенка плаче...
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    4.261
    Пол:
    Женски
    Леле исто, јас ја местам она ме гледа во очи и уште толку вришти
    ние вчера па фативме накај партизанска накај сити мол а во парлчето во ѓорче мн почесто се шеткаме и со седиме, преубаво ми е, тивко зелено, ќе си влезам во тинексот ќе си купам кафенце или сокче и си уживаме. Амааа вчера на нашиве женски им било ден да не извадат од памет …. Абе рикаше како нешто да ја боли баш затоа се извадив од памет скроз. Ја па не ми текна на маж ми да му ѕвонам 15-20мин се снаоѓав сама додека прекина… на крај ми текна со измолзеното млеко со шишенце да и дадам зошто знам дека плачеше од што е прегладна а инатче е да фати цице нејќеше :worried: попладнето све нормално, вечерва ието си цицаше на два/три саати скроз нормално како ништо да не се десило :angel:
    и мене најголем страв ми беше додека бев бремена доењето дали ќе фати, дали ќе имам млеко итн. Е сега после 2месеци доење ова па.. искрено премногу сакам да дојам, ме смирува да ја гледам додека ручка од мене задоволно и премногу ми е стресно вака кога ми прави глупости :doh: мојата почна со врориот скок ова да прави претходно мн спокојно си цицаше
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    100
    Мајки што користите за одзатнување на носе на бебе? 5 месеци сме, го слушам затнат е кога цица
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Мајки да се пофалам прв пат синоќа откако е роден да спиеме ноќе без кемчење без грчеви, без стрес. Прв пат не му дадов капки Еспумисан, не дека претходно редовно му давав ама неколку дена по еднаш да.
    Го однесов Плодност пти стварно од памет излегував зошто бебе само што ќе го легнам на грбче ржи, се грчи и плачи, мислев рефлукс ама докторката ми рече ако е рефлукс ќе знам одма :)
    Бебе си напредува, си кака си мочка машала 4.150 кг е три недели сме.
    Вика за ова бебе не капки, нема клиничка слика за грчеви и еве не прв пат да спиеме рајат, се си мислам од капките уште повеќе прдеше и го болеше уште толку мешето.

    Си спие сеуште со мене на спалнa шо знам дека не е најдобра идеја ама едонствено решение да се одморам.

    Инаку да ве прашам на колку време ги капите бебушките, знам дека последно препорачуваат два до три пати неделно, вчера ми напомена докторката еднаш неделно оти бил премногу бел ќе му се сушела кожата.
    Го бришам јас со крпчиња со вода и два три пати го капев неделата, газето нормално ако е бербат секој ден.
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Исто и моето, вака го гледам нема ништо во ноздрите а ми шушти со носето кога цица и некогаш кога си седи така.
    Јас капки солен раствор и онакво за тргање со уста ама некако ми е страв и тешко ми оди.
     
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.682
    @Cvetce_ На два дена го капев, а летово секој ден. Знам не е препорачливо ама поубаво ми е кога е чист од цел ден од префаќање.
    Ако нема ништо во носето од млекцето грчи така, нормално е. Немој да тргаш со ноското, ќе направиш штета на празно тој е само ако има видливи мрсулчиња да ги истргаш.
     
  9. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    13.487
    Пол:
    Женски
    Да не има жолтица? Вади го надвор на светло, на тераса е доволно, ќе нудиш да цица нонстоп и не е лошо прво малку да се измолзиш, па да му нудиш за да цица од погустото млеко зашто вака само првото млеко ќе го влече и нема многу да напредува.
    Ќе се среди со тек на време, сега додека е успано така ќе биде, малку напорно за тебе ама мораш да нудиш секогаш кога е будно. Гладно е затоа се буди.
     
    На Anaroz1 и Ladyme им се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Јас со марисол капки ставам убаво стискам не капка по капка и после шмукам со носко со правосмукалка. Мислиш настинат е?
     
    На Dreamer. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    На почетокот на два дена сега летово скоро секоја вечер, бањам, масло веледа масажа и јаде па на спиење. Нема никаков проблем со кожата. Мојата каква е бела, плави очи, плава коса, плави веѓи хаха што да ти кажам.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    100
    Па мислев дека да ама еве сега дише добро без да крчи, ќе го следам.. може од млекото му отишло во нос. Фала ти, ќе земам Марисол ќе се најдат секако.
     
  13. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    100
    Би било супер ако има некоја мајка список со лекарства што зимате за на одмор да сподели.. ќе одиме за 2 недели па ако ми фали нешто да докупам :)
     
  14. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    1.509
    Пол:
    Женски
    Не е ни лоша идеја, гушкајте си се уживајте, најважно, а особено сега е да сте одморени.

    Инаку јас ја бањав на два до три дена. Педијатарот во тој период три различни совети ми даде, еднаш да ја бањам ретко, па следен пат ми направи муабет Како тоа не ја бањаш секој ден? па после беше ни ретко ни често, и така :D
     
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    4.261
    Пол:
    Женски
    За бањањево, нас педијатарот од систина ни рече на 4-5денови, газе секој ден :clap: и така тераме. Оваа мојава не е ни љубител некој на бањање пола вришти пола поливам со вода пола татко к е избањат од што ја држи и прета и така :handshake:
    Него сабајлево си стана си се нацица, па прв дремка саат ипол и ја чекав да стане да цица и да фатиме патот за шетање. Ја ставив на града цицаше 10мин и пак почна врискањето :wasntme: ќе се мрднам … помина еден саат гугавме, песнички пресоблекови пак да пробам на цице за втора дремка нејќе плаче ептен… видов невидив пак измолзено штомимав во фрижидер притоплив и 30мл само исцуца и заспа |-) утре сме на педијатар и вакцини ќе зборувам да видам што се дешава … вака според календариве блиску сме до 3ти скок уште 4дена ….. шокови :emo:
     
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.682
    Мрежичка за на кадичка имате? Ние како полнето перниче имаме, ужива на него од пред 2 месеци почнавме да го ставаме.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    4.261
    Пол:
    Женски
    IMG_8037.jpeg
    Кадичката одеше со ваква анатомска подлога со мрежиче некогаш лежи некогаш како на трње :D непредвидлива​
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Обична мрежичка е 350 ден во Енци Менци и ќе завршите мн раб, си лежи ја бањам само за грбче минутка ја исправам и мм ја пречекува со бањарче. Ужива се смее. После полека бришење масажа облекување. Читав дека не треба да е кризно све набрзина бањањето дека нормално е стрес за родителот и за бебето. Ама колку се опуштиш и поубаво ќе ти биде и неа исто. А помага мн мрежичката.
     
    На naturally и Baby warrior им се допаѓа ова.
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    4.261
    Пол:
    Женски
    Ќе земам и таква баш да пробаме :inlove:
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Женски
    Чим ја бањате заедно нека проба сопругот да и ги држи рачињата да се осеќа сигурно а ти поливај ја. Не да ја стиска нешто туку со прстињата само за да не и се активира моро рефлексот и да се осеќа посигурно. Кај нас тоа беше game changer, откога почнавме така еден ден случајно она почна да ужива во бањање а предтоа викаше многу.

    Да се надополнам за бањање, јас ја бањам секој ден со маслена купка ама не ја киснам во вода туку само со туш дур си лежи. Косата на 3 дена одприлика. Исто така мачкам биодерма лосион после бањањето обавезно. Кожата и е супер
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.