На 4 ипол м почна моево самостојно да го држи а и ортопедот ни рече покасно дека ќе почни да ја држи бидејќи и е големо хаха а сега пак ко почна да ја држи кога сака ја држи нормално но повеќето ја навалува кога е исправема на десна страна денес на педијатар ќе ја носам да видам што ќе речи... Дури да пораснат не сме рајат се нешто излегува
Дали ви повраќаат бебињата? Моево има 2 и пол месеци и обавезно повраќа после јадење. Ќе си ждригне одма и после тоа повраќа и тоа не да бљуцне малку (некогаш и така), туку повеќе да морам да го преслечам. Пробав и помалку млеко да му давам, пак ист. Некогаш повраќа и проѕирно, кажав на педијатар и ми рече додека крева на тежина нема проблем, ама не знам. Едит: Вчера прими две вакцини, рота и уште една, можно е ли од тоа? Дури и од цицање ми повраќа што не било случај никогаш
Ние имавме и мал рефлукс, ама после првата доза рота вечерта поврати како тие страшните, низ уста, низ нос, уште низ уши не и излезе. Можно е и кај вас да е благ рефлукс, ама како што ти кажале на педијатар, ако напредува не е страшно, ќе помине време, ќе престане
Женски за вакцина ви ја бараа книшката? Сега ми текна дека не ја земав од работа беа да ја заверуваат во фонд оваа од систина родилната ќе ја носам ама здравственава плава ми е на работа
Да бараат за да ги запишат вакцините. Јас ја имав заборавено и им ја дадов само таа од Систина, запишаа во таа од Систина и рекоа следен пат обавезно книшка да се носи и да се внесат. Види дали ќе ри завршат и тебе така работа. Денес бевме на втори вакцини и ни ги внесоа.
Dali ima sansi da ima nekoj nagol rast od 7 do 14 dena bebcevo, vecerta spiese dobro ama eve preku den maka macime nikako da zaspie..
Секој ден ни е иста приказна еве веќе еден месец. Денски до пладне заспивање е филозофија. После 1 немаме проблем ама до 1. Чудо е ова станат во 7 да му се спие да вришти да не сака да заспие...
И ние сме 4 м, главчето си го држи исправено и кога прави тами тајм на лакти потпрана исто си го држи исправено и си разгледува ама некако го затресува и изгледа нестабилно. Незнам дали е нормално тоа затресување
мајки кога првпат ги однесовте на ортопед, бебла е скоро 1месец. Каде ги носевте , се мислам пак Систина што цена е прегледот ако бил некој да сподели. И кога се вакцините ние сме на контрола во петок па ке прашам
Здраво мамички, моето бебе има 2 месеци и 10 дена и стално прави меурчиња со устата и се лигави, незнам дали е тоа нормално прво дете ми е ,во петок одиме на контрола и ќе прашам, дали на некоја од вас исто така прави малку да се опуштам до петок
Бебе е 7ми ден денес.Мислам дека многу тешко се снаоѓам во улогата како мајка. Брадавиците лом , не можам да седнам од епизиптомијата па цица лежејќи и се укочувам цела. Навечер не спие до 4 сабајле.. Јас сум премногу емотивна плачам секој момент мислам дека не сум доволно добра мајка за неа и и се извинувам цело време зашто сум таква нетрпелива, жал ми е она ништо не знае а јас и трауми од пораѓај влечам и многу ми е тешко.. Ќе стане ли подобро , многу ми е тешко и на мм му се лутам без потреба а тој прави се што може..