Ќе биде подобро верувај. Јас првиот месец плачев секој ден, многу ми беше тешко. Бев само преокупирана со тоа што треба да се прави со бебето и дали ќе успеам, дека сум сама, изолирана и слично, не сакав да зборам со никој (маж, другарки итн), да не доаѓаше мајка ми кај мене ќе паднев во депресија, многу ми помогна нејзината помош, и физички со бебето и психички. Вториот месец веќе беше подобро, а третиот веќе почнав да уживам со бебушка и да ми е убаво што станав мајка. Сега сме 4 месеци и ми е многу убаво Мислам дека скоро сите имаме таков период на почетокот нормално е, и хормони играат голема улога, а и голема промена во животот е реално. Барај помош од некој близок, излези на воздух со или без бебе и верувај дека ќе биде многу подобро.
Многу емоции пепрутче, јас уште имам еве 4 ипол месеци сме. Каква бев првите денови во болки, крв, гази, рана отворена. Она беше во инкубатор со апчиња цело време да можам да идам да ја гледам ама така бев дома посветена на себе.. на болката на све што ми се дешава, плачев навечер како не ја мислам, како е сама таму итн. Мн тежок период за секоја мајка како и да е породена е борба. Јас пренервозна бев со неа. @Feniksgirl ми пиша, ете ја нема ја чекам да се врати, фали многу. Многу мајки истото го поинуваат и не си лоша мајка. Дај ја на мажти малку нека ја почува нека ја успие. Нарани ја и малку ослободи се, легни дај си време да зарасне доле раната. Ќе видиш ќе бледее све полека и она ќе ти срасне за срце. Јас имав осеќај како дете да не сум родила, дека успана, па она во инкубатор. Ја сакав а незнаев како се чуствувам, сега љубовта расте секој ден. Уште имаме тешки денови, некогаш викам си зборам со себе што ми требаше, зошто мене ми даде господ ваква бременост и да се породам порано, дали сум јас за мајка да бидам итн... И сестрами ми рече да напишам една порака до наткасната и да ја читам... ти си и мајка на **** и требаш, ти си целиот нејзин свет. И верувај секој ден кога сум нервозна и она плаче, неможам да се смирам за да не ја истурам нервозата на неа идам го читам тоа. И на телефон си ставив иста позадина. Многу ми треба да работам на тој процес ич не е лесно... Биди добра, смири се, земи Виоплекс спреј прскај се, ќе пројде одма. Ќе ти се врати силата.
Тешко е … ама станува подобро секој ден зошто се навикнуваш и биткаш напред. Не губи сила и пробај да се заљубиш во процесот што ќе ти го оформува бебето во дете. Еве два ипол месеци сме некои денови ми е мн тешко, сама ја чувам, маж ми е дома 2-3саати со неа, јас ноќе сама со неа во спална он во дневна преку ден он на работа до 4 секако не е дома некогаш и попладне треба да излезе по состаноци итн. Ама наградата е среќни очиња и мн љубов, држи се, првите неколку недели ми се во бунило и мене матни сеќавања.
Здраво мајки. Овие неколку дена бебуш одбива да цица, шише прифаќа ама цице ништо живо. Сите финти што ги имав ги пробав, врти ја вака мести ја онака не и не. Од 7-8 подои што обично ги има на ден, дали 3-4 успеваме од кои 2 се ноќни кога е успана. Такво вриштење има кога ја ставам на града заоѓа од плачење. Цуцла одма лапа цице нејќе ни да мирисне што се вика. Толку почна да ми прави стрес ова што сум на раб да се откажам. Сабајлево накај 4 кога стана десната града се имаше преполнето иако цицаше од неа последно. Преку ден ми се меки веќе не знам дали имам или немам млеко. Второ бебенце ми е и не знам дачи побрзо се воспоставува лактација ама со првото вака меки ми беа после 5-6ти месец. Сега бебушов е 2 месеци и 3 недели. Според апликацијата за скокови сега е во трет скок. Во принцип не ги пратам пошо со првото некако ми ствараше стрес за џабе тоа ама сега отворив чисто да видам.
Ќе стане подобро мајка, ептен е тазе сега се ти е испомешано. Ама олеснувај се дали тука дали со некој близок кажи си што имаш. Мачни се првите недели ама после ќе се смееш вистина ти викам
Ти пишував и кај мене е слично. Вришти некои денови не можам да ја смирам на града. Денес зборев со педијатаров пред да и боцнат вакцина и раскажав што се случува ме посоветува да не чекам да стане мн гладна туку да нидам цице точно на 2h, исто и спомнав дека мојата мн често се дави пошто е лакома и заборава да голтне ми рече дека меѓу 8-12 недела мн е често ова и дека млазот ги вознемирува ако е мн силен и не можат да постигнат или пак ако се смирува и не им тече како претходните минути. воглавно докторкава не беше изненадена и ми рече да издржам дека поминува… се додека напредува нели ако приметам дека не јаде и дека стагнира да реагирам со измолзено со шише па ќе мислиме што понатака
Не се обвинувај без потреба. Ќе се навикнеш, ќе најдеш сама згодна позиција .... ќе видиш што и како најмногу и одговара. Мене ми беше стрес во болница како да го хранам, како да го држам.... сите сесри нешто различно ми кажуваа. Едноставно мислев дека сум пре глупа ( колку и да звучи неубаво)... Си викав за останати работи ме бива ама за ова улога лошо се снаоѓам. Кога не пуштија дома едно друго си најдов начин како на него и мене ни одговара. Секако сеуште не сум опуштена во улогата мајка. Многу работи не ѓи знам, па незнам дали правам правилно, па препрашувам дали е ова исправно или не итм. итн Ќе видиш од утре, па од задутре се подобро и подобро ќе се саноѓаш во новата улога.
Не си сама. Таа жена што ќе ти каже дека првите 2-3-4 недели уживала и сѐ и било сјајно и бајно, лаже. Таков шок ме снајде кога си дојдовме дома. Првиот ден супер, бебе цица, уште во болница само си најде града и почна да си цица, животински инстинкт. Јас пресреќна. Не пуштија дома и тука почна пекол. Со 80 хемоглобин ме испишаа. Отеков. Качив притисок прв пат во живот. Како надоаѓаше млеко така топли бранови мислев ќе приумрам. Јас епизиотомијата не ја осетив, ептен добро ме сошија, ама хемороиди затоа, дури пред некој ден прв пат нормално си седнав на газот, бебац е 2 месеци и неколку дена. Не сакав со никого да разговарам, на тоа другарките ми се налутија дека сум исчезнала. Па бебе не напредуваше ко што треба па додавај и АД, па не сакаше града, па со силиконски, па сите околу мене притисоци за доењето. Нема да заборавам плачам цела, крварам, млеко ми тече ко крава, плус многу смрдев мислам дека од хормони, отидов на преглед мислев септички шок имам, докторката ми се изнасмеа вика доилка во лето, на што сакаш да мирисаш. И така, знам дека ти се чини еден век дека трае, ама ден за ден е полесно. Моето бебе почна од 20 дена да врзува по 5 саати сон, веќе си ја преспива цела ноќ, уште е напорно преку ден, сама со него, си бараат внимание и активности ама пробувам да уживам максимално. Сега се доста поспани на почетокот, спијат скоро по цел ден, уживај во тоа, гушкај бебе на гради, гледај серии, ако бива доењето арно, ако не формула е исто така супер опција. Кога ќе се вознемириш многу давај бебе на татко, ептен се поврзани со нас, сѐ чувствуваат и тие стануваат вознемирени. Побарај помош од мајка, свекрва да го погледаат саат-два, отспиј. Побарај помош ручек да ти направат, нешто поздраво, нутритивно. Постави си граници да не ти ломотат што они мислат дека е правилно туку да ти помогнат за побрзо закрепнување. Здрава и среќна мајка = здраво и среќно бебе.
Моето уште не можи салам ред да фати со спиењето, 24 дена сме и има денови кога на секој час како темпиран станува за цице. Прв скок сме изгледа. Денски една дремка од три часа врзува в количка мајка ми го заспива којзнае како му успева ама тогаш јас користам да врзам сон за вечерта колку толку да можам да функционирам. Има вечери кај што се буди на три часа ама ррткост Плус и денски кога ќе завршиме со подој го ставам да спие ама одма се буди, ништо живо не сака никаде да спие освен кај мене на гради.. И кога е буден одма плачи, освен деновиве, денски ми е често пати разбуден шо ме чуди, ама затоа вечерта ја спие повеќе. Се на се хаос хаха Кога ќе помине ова лудило не знам, се осеќам како во тајм лапс, ко не скренав досега мислам ќе терам до крај. Мене никој не ме предупреди за доењето дека можи да е толку захтевно, ко глупа некоја се осеќам, јас мислев бебињата на почеток само спијат
Почетокот, навикнувањето, хормоните, доењето, сите нови грижи наеднаш, бејби блус.. сето тоа си влијае. Еве плачам 6 години веќе. Прво што треба да знаеш, не си сама и не си единствена. Истите чувства ги поминала секоја една од нас. Друго што треба да знаеш и да се потсетуваш цело време е дека сето тоа што ти се случува и чувствуваш - е нормално. Твојата улога и присуство во овој период во домот е најбитна и клучна за поврзувањето со бебето. Поради тоа, пробај секое утро да си направиш атмосфера што ќе биде пријатна за тебе. На пример, уште пред да отвориш очи на утро пушти си YT и омилениот албум нека оди во позадина, или некоја серија на Нетфликс што многу ја сакаш и си ја вртиш одвреме на време па ќе можеш на кратко да ја загледуваш а во глава ги знаеш сите сцени и реплики, сите имаме таква. Јас децава со Френдс ги пораснав, не знам дали има некој во светов што на таа серија направил повеќе вјус од мене. Ако немаш, почни нова и напрај си ја омилена. Откако останав трудна со првото и сега со третово само Френдс ми се вртат на тв. Маж ти нека ти направи топло какао или кој и да ти е омилен пијалак, кафе, чај. Маж ти нека ти го направи омилениот сендвич или нека донесе нешто од пекара што ти особено сакаш да јадеш. Овие мали работи многу допринесуваат да се кренеш малку. Маж ти нека почува бебе, ти измиј си лице, освежи се и па фаќај бебе назад. Знам дека си мислиш колку ти е тешко сега, а бебето не ти помага ич, туку дополнително отежнува, плаче, раздразливо, кенка.. ама и тоа не знае уште што му се десило, тоа сеуште и следните месеци нема да е свесно дека е посебно целинче од тебе. И ти и бебето сте затечени од новата ситуација и колку побрзо го остварите поврзувањето, ќе ви биде полесно. Кога ќе ти стане тешко, дај го бебето некој да го подржи, излези на балкон 3 минути се доволно, диши длабоко, врати се и гушни бебе. Тие 3 минути длабоко дишење ќе ти го смират срцебиењето, па кога ќе го земеш бебето пак во раце, тоа ќе те осети и ќе се смири побрзо. Земај нешто за болки не трпи болка од епизиотомијата, само ќе те направи дополнително нервозна и раздразлива. Секогаш кога ќе можеш стави бебе во количка или во раце и прошетај кратко надвор. Свеж воздух чуда прави. Дома шетај си го и гушкај си го, и потпевнувај си ја омилената песна што тивко ќе ти оди во позадина, нека кенка бебе, нормално е. И за него се ова е ново и е дел од процесот каде заеднички се учите еден на друг.
мене денски малава најмногу ми спиеше на перницата за доење, пробај ја таа опција. Особено дека она немаше рефлукс и не секогаш имаше потреба од ждригање, после доење одма си заспиваше на перница директно, некогаш на полa доење ќе ја ждригнев па ќе продолжеше и ќе заспиеше. Знаеше и по 2-3 саати така а јас си глеав серии, мм (работи од дома) ми носеше вода, чај, кафе, јадење и буквално над глава и јадев и пиев. Проблем беше одење во вц ама некако успевавме да ја преместиме со се перница кај мм во скут па да продолжи и така да дреме. Сеа ми фали тој период најискрено Друга опција е доење на спална легнати, тоа сеа најмногу ни функционира за да не е во раце (4.5 месеци сме)
Многу е мал за да го дојам на спална легнат, главчето уште не можи да го држи. А за перница ќе ја пробам таа опција, има во мапет перница со преграда мислам дека најпрактична е сега додека е многу мал. Еве ја перницата
Баш ја глеав перницата и си реков како порано не ја видов дур беше мала. Пробај ја ваљда ќе е практична. Јас на спална негде накај месец и нешто почнав да ја дојам, одтогаш почна со главчето веќе да го држи по малце
Мене така ми урлаше на цице после бањање кога беше ем преморена ем прегладнета и едвај ја смирував. Некој период во некој од скоковите и давав да цица пред бањање и пак после (дека само со цицање заспива ноќе) па така теравме без урлање. Исто и ми одбиваше легната на спална да цица за заспивање, дали од скоковите или многу млеко и доаѓаше така нагло не знам ама ја префрлав на перница за доење па така сакаше. Енигма се некогаш бебињава, пробувај менувај кога се буни, чим се буни нешто не и е по ќејф
Како што ти пишаа и другите членки, да ти потврдам и јас дека станува полесно верувај. За мене полесното дојде после 2 месеци кога прекинаа грчевите и почнаа огромните насмевки кога ме гледа. Тие моменти се незаменливи А сега плачи си, олеснувај си се дур се стабилизираат хормоните, сите сме плачеле а и уште си подплакуваме понекогаш. Барај помош од маж, мајка, свекрва, кој и да имаш тука ама верувај помошта ти треба највише за низ дома, за бебето си потребна најмногу ти. Јади здраво, хидрирај се, бањај се редовно бар брзински туш се за да се осеќаш колку толку енергично. Гушкај бебе со мисли дека си добра и силна мама. И најбитно спиј кога бебе спие за да имаш сила.
Златосите сме баш вакви да знаеш..калм даун..сега е хорор..ќе помине ..ги читам одговориве од членки..и се охрабрувам полудена сум и јас доење, грчеви бљуцкање неспиење..така растат деца..најверојатно а стареат мајки
Фала ви мамички , зборовиве ептен ме охрабруваат и знам дека не сум сама и дека ќе биде подобро. Тешко е , и за мене и за неа. Денес сум малку подобра , се избањав си ставив маска на лице бебата ја успа бебка.. Секој почеток е тежок тоа го разбирам и сега сфаќам дека не е лесно да си мајка , ама кога ќе ја видам како се смешка у сон со тие дупчиња на образи, како да сум лута? Невино суштсество кое знае само за мене и само мене ме бара..