И мојот буквално исто прави, исто сме три и пол месеци. И кога е буден и во сон. Кога спие ако успее да се преврти си продолжува да спие. На почетокот се престрашував дали дише, дали му е свртена главата, сега веќе не. А ако е буден неможе раката да си ја извади и вика.
Ние сме 2 месеци и 3 недели и се бањаме секоја вечер,бебе ужива и од се најмногу се радува на бањање и после бањање си јаде и веднаш си заспива , а не планирам да и го скратам тоа задоволство барем засега,многу е среќна и весела,нели и оти сме малечки уште.Мене ме интересира тоа што бебе многу лигави и нон стоп сме со лигавчиња и рацете и двете и се по цел ден во уста,сигурно е период и ќе помине,оти за се друго мислам дека уште е малечкаВаши искуства мамички?Позз
И мене ми беше малку чудно тоа такво вртење мислиш ке се скрше од што ја витка главата скрос назад,мислиш С буквата ја праве,ке почне да се превртува на стомак кај и да е! Мојата сега нема шанси да лежи на грбче ни малку ,ја оставам и за секунда е на меше и главата горе си шара си бара! Инаку цртани гледаме ептен и веке почнувам да и го ограничувам времето,што е многу многу е ,и само во релаксатор и тоа врзана ма да и од таму веке прави напори за да стане,не сака ни да седе да се дигне скрос и кога ке ја подигнам како да стое раат ке почне да пееее да гуга сета срекна! Ох леле слатки маки!
Каков период неверувам,барем во нашиот случај !Има деца што им течат лигички и до две години а не кои воопшто не се лигават а кај некои е период! На една другарка првото дете му течеа лигички до две години а првото запче го извади на 9месеци,а второто никако не се лигавеше а забче на 6 м извади! И јас сакам да е само период ама не верувам ке бидеме мокри цело зимо устата чешма ни е значи! Вака поинтезиво се лигавиме од кај 4месец!
ијас се изнаслушав секакви глупости,затоа прашувам дали е така,во помалите населени места сеуште ги има "турските"адети а јас првпат ги слушам затоа барам друго мислење
јас ги покривам со меко кебенце, и не се откриваат, освен рачињата, и овој период (4 ипол месеци сме) нон стоп ги ставаат рачињата во уста, незнам што ке се прави, цуцла воопшто не сакаат, ја плукаат, а за спиње сме на цице, прво едната, па другата... и пред да заспијат навечер знаат да цицаат и по половина час, уште не сме почнале со сокчиња и кашички, а во врска со јумперите сакам да земам од оние што се закачуваат на врата, интересни ми изгледаат, за дубак не сум размислувала во врска со лигавењето постојано сме мокри, што од блуцкање, што од лигавење, ни лигарници не не спасуваат, по 3 пати ги пресоблекувам, забчиња немаат, мислам рано е
Мајки,да споделам со вас.Денес синко го носевме на док.му го отвараше курето бидејќи му се подувуваше и не можеше да мочка.Беше многу болно не можев да гледам до крај излегов.Докторот на сила со раце му го повлече и почна крв да тече и гнојче,кажа тоа цела ципа се соединило,му стави маст и газичка а дома со чај од камилица да го премивам.Сега кога мочка плаче вика на цел глас и веднаш го мијам со камилица а пак му се собира мочка не може да се измочка.И во петок на контрола.Инаку јас му го отварав секогаш кога го бањам но по малку тоа не се ни гледаше главичката а педијатарот што беше од почеток,а го сменив уште пред 4 месеци,ми викаше ништо тоа не дирај само ќе си се отвори и ете дојде до ова.се надеваме брзо ќе поминат овие денови.
Мене и педијатарот каде што се породив,и сестрата што го облекуваше дента кога си одевме,и потоа педијатарот што си го одбравме за матичен сите ме советуваа да му го отворам по малку на секое капење и ми покажаа како.Јас му го отварав да му се види главичката повеќе ми беше страв да не го боли,ама при отворање кога синко имаше мислам околу 1,5 месец ми мрдна и јас несакајќи му го отворив цело и се тргнав со рацете и викам пиштам да дојде мм а курето му седи така отворено.Иде тој и ми вика будала една за ова толу викаш,го фати му ја повлече кожичката назад а овој не реагира ни како да го боли ништо.И од тогаш на секое капење му до отворам цело и го чистиме.
ние еден месец сме последно ко бев на педијатар прашав кога се почнува со отварање курето ми рече ти нечепкај таму
Последниве неколку дена не можам детево на раат да го дојам. Се нешто и е поинтересно, само се пули во таванот/лустерот и се трга. И се така, неколку секунди доење па пауза, па пак доење... Она си е мирна, не прета ама баш како да и е одвлечено вниманието и добивам впечаток дека цица значително помалку од предходно. Фаза ли е, кај вас така ли беше? Бидејќи детево рака не вади од уста, и е нон стоп разлигавена ај дајте предлог/слика што да и купам. Нешто за 3 месеци бевбе, да може да го држи ро рачето и евентуално да си чешка непцата.
Уф јас не можам мојава да ја успијам од што се исправа само да ѕвера наоколу, а очите и паѓаат Преку ден скоро и да не спие воопшто, само нешто да не пропушти Фаза е и напорна фаза е
Леле Sky кога те читам и јас како истото да го пишувам, и на нас се ни е интересно и само гледа наоколу им гуга на предметите и многу е смешна,очите и паѓаат ама не заспива,дури и кога заспие така на напред гледа и гуга и опс заспа @danichap и ние исто,рацете во уста по цел ден и лиги нон стоп,а нели е рано за запчиња,стварно незнам период ли е ама и јас немам уште купено ништо за да си ги чеша непцата
Јас ја приметувам по рачето во која фаза е. Кога пика цела тупаница, евентуално две, е ненаспана, уморна, гладна...се во едно. Мора нешто да презедам да и сменам расположење. Кога се две прстиња, најчесто средниот и она до малото прсте, си се успива сама и не ја задевам. Дури и во текот на ноќта се буди неколку пати, ќе си стави двете прстиња во муцето и си се успива. Досега навечер не сме имале проблеми. Ја бањам и легнувам 20.00 во креветче директно без думкање. Пред јас да си легнам 23.00-00.00 во сон ја дојам уште еднаш,за да и држи. И после уште еднаш до сабајле. Доброто е што кога спие не ги полни пелените, па со исти памперс тераме до сабајле и не морам да менувам, односно не се рассонува. Дојам, легнувам и автоматски продолжуваме двете. Се надевам дека не е само почетничка среќа, дека ќе трае ова и понатаму.
@Maceto123 моја и твоја ко сестри да се. Од самиот почеток исто се однесуваат. Така малку ни се позахтевни, муабетчики опасни ќе се изгледа
Истото е и кај нас ама викам да не станам досадна со прашањава па се тешам дека е фаза. Вчера а му покажам цице за доење вришти и сака да шета, гуга, да си игра. Па го доев подзаспан малце за да цица. Иначе да прашам на колку саати ви цицаат бебушите? Мојов до пред некој ден цицаше на 2 саати некогаш и почесто, а сега на 3-4 саати.Па ме интересира дали е нормално Инаку и ние сме нон стоп со раце у уста и само се бришеме од лиги. Само што ќе го надојам одма пика раце у уста, па ги вади само кога му пејам или си играме. И така гледам повеќе да го занимавам- да изигравам кловн за да извади раце од уста
И кај нас периодов поретко цица, не е како порано на два саати. Плус и секој подој од пусто пулење лево/десно добивам впечаток дека е послаб од предходно. Во сон кога ја фаќам и кај нас најубаво си цица. Претпоставувам така треба...исто ни се бебушите.
И мојов е цел ден со рацете во уста, ги лиже ко сладолед. Нема спас, таков е периодов. И да држи нешто во рака, пак ќе ја изврти тупаницата од горе да му биде да си лиже.
Auuu i ja neznam sto i stana na beba moja cela vecer place kenka daj i da cica po 5 min legni ja zaspala pak place. Neznam sto i navistina da ne e faza, da ne se zapcinja ama ne se ligavi a racete i se vo usta ama ne mn, da ne deka pkcnav dve ovosja da i mesam pa ima grcevi(ama pa kakase vcera i jadenje i davam okolu 12 na pladne ) neznam sto e ama do sega ne sme imale problem. Neznam sto da pravam samo cice.ne spasuva