Мене марамата не ми се погоди некако не ми го собираше бебето (големко се роди), 3 пати само ја искористив од Локо Кроко е. Кенгурот ми е по користен од марамата дефинитивно. ако не ти се проблем парите земи кенгур од oxymommy, јас демек да заштедам земав некој Infantino и ок е ама не е најудобен баш.
@Baby warrior @cocopuff И јас ви се приклучувам во тимот на вриштење за време на цицање, од вчера навака полудев, вечерта му дадов и АД 120мл ги кркна без бунење.. Не знам што се случува, цица 2-3 минути и почнува да вреска, не ми се случило никогаш. Не знам до кога ќе ми трае трпениево.. денес толку сум нервозна, му го тутнав на мм и зготвив 10 работи за да мислам на нешто друго, со молење цица 7-8 минути и толку, нудам и друга града исто 2-3 минути цица и пак вриштење.. А и многу изразен рефлукс и гасови има од вчера. Грчеви воопшто немавме мислам дека е и доцна допрва да се јавуваат. Јас рачно стискам града има млекце.. Вака е весел, кака, мочка, си игра, дури е смешко по цел ден ама се плашам да не не се најадува убаво. Не знам дали секнува млеково, дали е силен млазот, не знам што да правам. Молзење ми е психичка туртура, ептен не можам да се молзам, стерилизирам итн. и не ни пробувам зошто не го гледам како некое долготрајно решение. Фаза ли е некоја.. Втор скок ни пројде, за трет е некако рано… Кажете совети ако ги имате
Мамички од кога е погодно да се користи кенгур? Имаме два месеци и кенгур од momcozy. Сакам да почнеме да го користиме но колку е добро на оваа возраст?
Од 3кг може во тој кенгур да се става бебе. Слободно ставај го, на кај тебе свртено бебето треба да е. Да има простор да диши слободно, да не е престегнато, но не и прелабаво да виси.
Да си ја олеснам душата и јас. Исто мизерно се чувствувам, секој ден го доживувам како да сум заглавена во некаква машина, секој ден како да го преживувам. Од утре останувам сама со бебе, не знам како ќе се снајдам сама, стравувам нешто да не му се случи на бебето, стравувам дека нема да знам што да му правам. Имав до денес помош од мајка ми, многу ми помогна на самиот почеток, но не сакам никого да оптоварувам па дури и мајка ми, бебето си е моја грижа. Сопругот се врати на работа, навечер треба да се наспие, за да функционира, јас останувам со бебе цела вечер, ми фали да врзам барем неколку часа сон. Ја држам во раце и додека ја гледам толку малечка, нежна, како ангел, си плачам, липам неколку пати во денот.
И јас сум сама.. те поддржувам охрабрувам и тука сме сите ..за муабет поддршка ..па здравје боже ..може да си организираме средба со бебенца и онака ќе бидеме на породилно извесен период
Мене искрено ми помогна тоа што си се помирив со судбината. Пред бебе по цели денови без излезена и наеднаш од дома не излегов, па потоа почнав по малку. Тешко е на моменти, ама си реков тоа е тоа сега и нема бегање. За спиење најтешко, ама не го жалам толку маж, иако работи (и тоа напорна работа) го будам често кога плачи бебе зошто толку ми е силата. Засега ми е така, допрва ќе видиме
И мене ми беше многу страв прв пат кога останав сама со него, си правев филмови дека ќе се онесвестам со него во раце, ќе го повредам итн. Лека полека се привикнував, сега сум ок. Ако треба цел ден да останам сама, уште ми е мачно зошто сум престимулирана, ми требаат 20 минути да гледам во празно и да се смирам а ги немам, само тоа ми фали. Мислам дека е проблемот тоа романтизирано мајчинство што ни се сервира по социјални мрежи. Ги гледаш после 2 недели од пораѓај вежбаат, трчаат, дојат, милион активности со бебе, месат леб од кисело тесто и си замислуваш дека породилното треба така да изгледа. Да станеш, да си направиш хелти доручек, да вежбаш, па бебе ко на дугме да стане, да цица, па после да си играте, па ручек да правиш, па да излезеш со другарките и бебе на кафе итн итн, се пораѓаш и се осеќаш ко гомно зошто те боли сѐ на секое станување од кревет. И те мава тука бедот дека не си доволно добра мајка. Некои денови и креветот не стасував да го наместам не па нешто друго. Да не зборувам за тоа дека и од блиски околу мене генерално за мајчинството само убавите работи ги споделувале. Другарка ми 2 недели после царски бевме на кафе, јас не се осеќав спремна да излезам цел прв месец од дома. Ми требаше време да се адаптирам. На глава ми се качи како она после царски излегувала, јас после природно не. Огромен притисок од сами себе си ставаме, околината ни става, хормоните лудуваат. Во суштина е многу тежок период, дури после месец дена доаѓа тоа убавото, кога почнува да се смее и да имате некои заеднички активности. Ама сите одбираат единствено само убавите работи да ги споделат и ни прават илузија.
Мајки, 5 медсеци ке полниме сега, бебето е добро преку ден но навечер многу плаче кога го заспивам, вечерва до степен на вриштење и цел е црвен сакав и на лекар да го носам Многу ме исплаши што би можело да е?
Денес е за нијанса подобро цицањево ама ко да не се дојадува. Цица 7-8 мин и се трга, а знам дека има млеко пошо стискам и гледам дека искача ама не сака да продолжи. Мене па и мали ми се брадавките плус плитко фаќа и само и излага градата од уста и со тоа дополнително се нервира. Уште клика кога пие млеко независно дали е од града или шише, можда од града помалку. Овие денови ја дохранувам со формула пошо едноставно не можам со стресов да се справам, па и поголемиов цела енергија ни ја исцрпува. Како има толку енергија алал да му е
4 скок е тоа, кај некои бебиња е поизразен и баш се чувствуваат промените. Регресија на спиење има сега, блискост твоја, пеење тивко, галење, нека спие до тебе, сигурно ќе помогне нешто. Може да трае месец и фазла. Ќе помине, издржи храбро, зошто иде 5ти
Не можам повеќе да се согласам онака од збор до збор. Ако можам еден совет да ви дадам баталете ги телефоните и уживајте. Сериозно пробајте неколку дена без инстаграм ќе се препородите и ќе видите дека можеби и имате време за нешто што сакате да го налравите било да е вежбање готвење лакирање дремење било што. Од скролање по инста само депресија може човек да добие. Јас ги мјутнав сите хепи мајки што прават ко што опиша Ена. Меселе леб од кисело тесто и вежбале па исфенирани во косите па стомакот рамен ко даска после 5 дена од пораѓај. Супер браво за вас. Но верувајте има поише што се како сега што ај да кажам жалиме, ама секако дека никој не сака да сподели на инста дека детето му вриши на града, дека има немиена коса 5 дена, дека јаде леб и паштета пошо тоа е најбрзо, пие оладено кафе направено од пред 3 саати. Едно ќе ви кажам: најдобри мајки сте. И кога мислите дека сте најлоши и не знаете што правите пак сте најдобри. Претешко е да се биде родител особено без помош од страна, но дечињата се најголемо богатсво и овие тешки денови поминуваат и се забораваат. Поголемиов ми е 3 год, ко вчера да беше мало бебенце што цицаше и го нишкав да заспие па си замислував кога ќе му читам приказни за да заспие. Еве сега дојде тоа, ко да летна времето.
Ајде добредојде во клубот иначе доенечки штрајк се викало ова мн често се случува од 8-12недела тска се едуцирав денес како некоја регресија на хранење го викаат денес мојава е нијанса подобра една само се скаравме и после успеав некако да продолжи… дали дека со температура цел ден 37-38 од вакциниве па и требаше хидрација и така како поспана повеќе беше не знам ќе дадам апдејт утре … веќе 4 саати немаме температура ич / се молам вечерва да ја поминеме мирно
Матичнава ми спомна дека д3+к треба да прекинеме до 3ти месец и да терам само со д вит и омега… ама некако во брзање не ја прашав што да земам точно сега. До сега бевме на babytol, со што продолживте вие?
Ова мојата некој акробат ќе биде изгледа. Дали е нормално ја ставам во транспортерот она пробува да стане и викам каде мала си уште, иначе четири ипол месеци е. Ако ја легнам значи од станување до легнување е вртење на стомаче видете ме што научив, а ако ја ставам во транспортерот или да ја држам додека седам цело време пробува со глава напнува нанапред како за станување не знам дали е ова нормално. Нозете уште не си ги фаќа па некако очекував прво нозете па после ова како за станување. На четири или пет месеци под колку степени може да седат?