Мене ми дојде одма ако бевме на доење, повеќе доење ама и прихрана давав. Баш кога имав циклус беше само да цица и да си лежи уживаше. Ден пред да ми дојди се намали млекото ама сепак не се губи потполно.
Леле исто и мене од вчера и исто одбива града. И дури прочитав некаде ако не е циклус може да е бременост па си велам није ваљда
Не знам колку е до детето или до тоа што го правевме, ама ќе споделам може ќе има и кај вас таков ефект. Минимално ја седнував пред да почне да седи сама, за шетање во корпа беше до 5 месеци, а на 6+ седеше без подршка со исправен грб, не како трипод. На 6++ почна да седнува сама од меше и на 6+++ почна да лази и од лазење да седнува. На подлога максимално, врзана само во релаксатор или за јадење. Нозете си ги дофати на 4 и од тогаш ги нема пуштено што резултира со мокри чорапи секое искачање Многу играчки и стимулирање за вртење со оставање ограчки околу неа сама да се труди да ги дофати.
Се беше пробано земав чепче одд аптека прво пробав половина ја исфрли одма после за 1/4 да му дтавам додека го буцнам почна да кака и се излесни
Баш отворив да пишам за ова и еве гледам сте го почнале муабетот. Исто и мене ми се случи болки ниско почнаа.. викам нема шанси да ми дојде мислев рано е.. два месеци има поминато. сабајле гледам баш ко добиено. Она намали со цицање исто деновиве
Слично правам и јас со тоа што од 3.5 не ја сакаше корпата од количката и нејќеше ич да лежи па со препорака од педијатар почнав на 45 степени да ја шетам во количка, од 4 ипол деновиве и во релаксатор/столче хранилка на 45 ја ставам па ќе почнеме со вкусови сега на скоро 5. На подлога скоро цел ден се занимава со играчки ужива, нозе почна да става во уста од 4.5
Моето бебе цица на 1ипол саат некогаш и пократко. Цица и се успива, па ја ставам во креветче, но има пeриоди кога е будна неколку часа, ќе цица, ќе поседи 5-10 мин и ставам мече со музика, си слуша, штом и се здосади одма пак бара да цица, нервозно, става рачиња во уста. И давам да цица, но тоа што го цица го повраќа, пак сака да цица, ај да не е гладна, ја ставам на града, не цица си игра, фати, пушти, нервозна е и почнува да вришти. Ставам цуце, го бутка, некогаш го прифаќа едвај, не знам што да правам па ќе и направам и млекце и тоа ќе го испие. Цела вечер убаво си спиеше од 2 часот ми се будеше на саат ипол да цица и си продолжуваше до кај 8-9 , од тогаш е будна до сега, убаво е најадена, не верувам дека е гладна, а упорно бара цице кога е будна, нема 20 мин поминато откако цицала или сме дале шише. Бебето е 2 недели.
Можеби е до тоа што има несоодветни прозорци на будност. Бебе од 2 недели не би требало да е будно неколку часа. Има една апликација Huckleberry се вика и таму можеш да внесуваш кога спие и да ти кажува кога е идеално да го заспиваш според возраста ако така ти е полесно. Но генерално бебе од 2 недели не би требало да е будно повеќе од еден час. Тоа влијае и на расположение и на ноќниот сон.
Девојки, како ги одржувате шишенцата за новороденчиња? Имам стерилизатор кој не го користам бидејки ми ги упропасти цуцлите. Направов стерализација со зовривање на вода во тенџере ми ги извади бели со бигор цуццлите и шишисенцата. Ги исплакнав со флаширана вода за пиење по совет од чет џи пи ти, ама пак се бели....
И кога ги вријам ставам флаширана вода, не само за плакнење. Инаку ги мијам со фрош тој течниот детергент и од време на време ги превривам ама само со флаширана вода. Можда поважно е превривањето да ти е со флаширана него плакнењето
Имам стерилизатор твистшејк црниот, ги мијам со фрош за бебиња сјај со топла вода и ставам во стерилизатор, има опција стерилизира 10 мин и суши со топол воздух 40 мин. Ништо не ми се уништило све е како што сум купила.
Јас ги ставам во стерилизатор на кика бу до сега ми се нема уништено ништо. Некогаш ги вријам со вода исто никогаш не биле бели или да се оштети нешто. Користам фрош бејби за миење. Веројатно имате многу бигор во водата затоа ти ги вади бели.
Малата задутре прави 4 месеци. Од старт е на АД. До пред 1 недела пиеше по 120-150мл 5-6 шишиња во 24ч. Последниве 5,6 дена скроз се смени едвај, едвај да испие 110 (со молење, буткање шише, некогаш и кенкање плачење) а најчесто пие 80,90, се случува и 130,140 ама поретко. Значи ептен варира. Од промена, живеевме последниве 2ипол месеци на едно место, сега сме дома, и точно како дојдовме дома ова се случува. Инаку има голема промена од 4тиот скок, буквално детево ептен се раздвижи, главата не ја спушта доле, цело време и е крената, се врти, гуга, посилна е. Пробувам да сфатам од каде и доаѓа променава... Родена 3360, моментално има 6400/6500. Дали да ја носам на педијатар со оглед што треба да пие мин 150/180 а она едвај 120...
Јас го имам на кика бу и супер ми е до сега можеби е до водата како што кажа членката или па самиот апарат не е во ред..
Препорака за добар ортопед од кој сте задоволниможеби се закаснивме, ми летна времето.. за неколку дена и вториот месец го исполнивме...морам да закажам
I so voda voda flasirana prevrijav pak cuclite beli mi se napravija. So destirana da probam. Inace j jas do fros gi mijam pred provrivanje.