Јас од тему ја нарачав преубава е права џунгла мекичка и со еден куп играчиња… животинки …мн им се радува мојава
Мајки на доење ми е бебенцето 5 ипол месеци е и сега почнуваме со вкусови, сакам да и давам малку вода со шише, ама не знае да пие имам од tommee tippee шишето и само е грицка цуцлата, дали треба да сменам друго шише и кое ако може предлог.
Што е ова на 5 ипол месеци бебе кога беше вака не правеше си легна во 9 сега во 3 се разбуди расположена за играње
Здраво мајки, бебе е 5м и почнавме со вкусови. Пробавме бананана и имаше промена во столицата, како црнки прашинки. Дали е до бананата? Се плашам да не му е нешто друго
Ние сме скоро 5м и мојава од кога е родена има такви епизоди бар еднаш на 2 недели, баш ноќеска имаше една. Среќа обично знае да заспие пак ако ја рецкаме со мм и се свртиме да не не гледа, ќе погуга некое време и ќе се откаже на крај. Ако и даваме внимание се расонува уште поише и тогаш потешко оди презаспивање.
Окцето на станување ни е вакво, стававме тобрекс капки па со физиолошки и после 1 недела пак исто. Правевме брис од око , негативен е . Што да правиме?
Мака мачев со истово до 4 месеци. Мене ништо не ми помогна само од себе исчезна. Исто со физиолошки, тобрекс и масажи, од очај и камилица ставав облоги. Прашував и педијатар сето ова ми го кажаа и плус маст ама јас одлучив да не ја ставам.
И кај мене мојата вакво и беше окцето и ја поминував само со млака вода и газа и самото од себе и помина кога наполни скоро 2м
Сакам да купам кенгур, ergobaby embrace на акција е во Германија 80 евра, некоја мајка да користела да сподели искуство, еден месец утре правиме и бидејќи бебко обожава во раце си велам кенгур ќе ми биде корисен, барем да збркам некоја работа низ дома.
Јас го земав на старо сега кога наполни 6 месеци, многу сум задоволна. Лесен за местење, удобен за носење не знам како е да носиш мало бебе во него ама верувам дека е убаво
@Ladyme од каде го купи стерилизаторот со сушара и колку пари, и дали бара посебни шишенца и цуцли само за нив или може на сите шипенца и цуцли кои се со декларација дека можат да се користат во стерилизатори? Имам на Томи типи, релативно ми е ок мада цуцлите мислам дека ги оштетува може сум гршка ама ми е проблем сушењето т.е морам многу да ги мислам. Гледав нешто на нет во Аџико ми излезе ама распродадено.... а неможам да излезам и да барам по продавници
Еве на Волт ти е супер цена во аптека во еурофарм, е поскапо. Они се увозници ама тука волт дава попуст на прва нарачка. Има неколку програми, јас користам 10 мин стерилизација и 40 мин сушење , шишињата се редат има простор за 10 шишиња (во црниот дел) и плус горе ( белиот дел) над нив простор за ситните работи цуцли, капачиња итн. Може било кои шишиња да се стават. Лесно се чисти, еднаш месечно ради бигорот го чистам.
по колку капки и на колку пати им давате еспумисан дали на секој подој ? не знам веќе со грчевиве што да се прави гревче е се витка, плаче пробавме термофор топло на мешето не сака.
Јас му давам 3 пати дневно. Само сега сменив Инфаколик му давам и babytol d3+k1 не му ги давам веќе 2 дена сменив на вигантол.