Јас му дадов вчера и завчера оти не беше какано и неколку дена се виткаше од болки Прашав прво педијатар ми кажаа може Иначе бебчето има 2 Нед
Леле и моево е полно со гасови, се грчи се витка, не ми ждрига секогаш кога го дојам и плус брзо цица а и нервозно ми е деновиве додека цица, абе партали ме направи на градите со ноктињата, корни, трга, мава со ноџињата, не знам оти.
Мене тоа ми го прави декс сум со големи гради и млеко и само да тече не требс многу да влече и гладен кога почнувс да тегне многу млекце му течее наеднаш му се полни устето и не може да достаса да голтне и се тегне, влече, штипе пишти дури до зајдување.
Сладок анасон. Ама на моево кое и да му го дадам нема проблем само нешто да се јаде и да се пие. Не знам што ќе правиме вака стрвни
Ама бебе ако е гладно плаче, незнам зошто мислиш дека му фали храна, па му фаваш ад. Ако се нацица и спие. Тоа ќе крене куќа ако е гладно, нема да спие. Така да исфрли ад, не го мачи и нека си цица. Незнам зошто те плашат за килажа кога више цица бебе. Проблем е ако не цица, неможе да фати, плаче, тогаш се дава ад. Кај мене цицнуваше и толку се трга немаше млеко нервоза ја фаќаше. Ако цица на града барем 10-15 мин не треба да се грижиш. Ќе се збуцка.
Давав половина доза 30мл, затоа што прво и давав да цица. Ако цицаше минимум пола саат не давав ад(15мин од едната, 15 мин од другата дојка). Следно ако не се полни градите давав ад. Моето често бара да цица и сега на саат ипол, ако спие подолго време не ја будам, кога ќе се разбуди и давам да цица 2, 3 часа. На првата контрола педијатарот ми рече да не давам ад, само со доење.
Да и јас така ми давав 30 мл плус Сега ми кажаа дека требало 45 @Ladyme докторката ми кажа да давам 8х45 во ден аптамил прематуре Оти не сум имала доволно млеко Затоа што не качил доволно на килажа, не пуштија со 2740, на преглед имаше 3000 Јас не успеав ни 8х30 да давам првата недела ко си дојдовме туку 6-7 подои во 24 ч ми се фаќаат најчесто 7 и гледам да биде колку може на цице а ова со ад не умори двајцата Реално можеби и немам доволно млеко оти еве вчера и денес што пробав да одложам и тие 30 мл некако останува многу долго на цице може и по саат два А Др кажа макс да е 30 мин Искрено навистина не знам кај терам Од дојките тече млекце но не е премногу, според мене треба да го оставам на цице цело време па да видам Како што и пишавте неколку членки А ако ја слушам Др треба да се мачиме и двајцата со комбинации за да може да качи побрзо на тежина ама па можеби така се ризикува да не се лачи плус млеко оти кога пие ад не влече баш убаво на цице
Синко се роди 3950, од болницс испаднавме со 3800 на 01.08 на 06.08 прва контрола беше 4050 др рече дека и фазла одколку што треба е качен и ми рече макс 15 мин од града вкупно 30мин цицање. Зошто ти рекле декс е малку не знам
Не кај нас таа тежина е за две недели вкупно не една Плус под 3 кг кога се родени можеби треба поинаку За жал изгледа дека сепак не ми е доволно млекцето Ќе гледам да сум упорна па може ќе надојде допрва
Давајте му на бебуши колку шо бараат да цицаат, нема учебник за тие работи. Ела моето тргни го од града по 15 минути хаха ќе ја крени куќата И ние сме вишок со килажа од повеќе ама никој педијатар досега не ми рекол да го прекинувам на сред доење, единствено ми имаат речено дека после 15 мин активно доење од града џабе влечи, ама ретко кое бебе новороденче ќе трга 15 мин без престан, си прават паузи, си фаќаат дремки на цице
Веќе е голем си цица он активно од старт знсчи стварно е стрвен после 10 мин он веќе само си одмара нс цицка ако го оставам повеќе после повраќа и се вртиме во магичен круг на јади па поврати па вришти пак за јадење.
Еве вака ми прави сега мене Цело време сака да стои на цице некако Др кажа цицката не е лажалка Да пробам со лажалка Ама се турка не сака никако Се смирува само на цице, ќе повлече некои 5 мин па си дреме па пак И така во круг
Првите 2 месеци по 40минути-саат ми седеше бебка на цице, нејќеше цуцла лажалка само со цице се смируваше и си заспиваше па ќе се подразбуди ќе цицне пак. Мали бебиња немаат сила во 10 минути да исцицаат не знам зашто се форсира тој муабет од медицински лица, особено со жолтица ако се бебињата како мојава ич немаат сила да влечат и само се успиваат. Да слушав доктори и сестри и да ја тргав по 10 минути ни најадена ни смирена ќе беше а и тешко дека ќе ми надојдеше убаво млеко. Еве 5 месеци сме сеа со ексклузивно доење и полека преминуваме на цврста храна.
Исто , ама јас не ги послушав за Ад и си го ставам на цицка кога сака ...во вторник сме на контрола.Греота е да имаме млеко а да им даваме ад , патронажната убаво ми објасни се па си терам така. И порано бебе кога ќе се роди ќе прашаш како е? Спие и цица викаат, тоа им е работа, мајчиното млеко не држи долго како ад и затоа кога си побара јас му давам цице а видам задремува полека тргам оставам да подригне, и или на мене си се гушкаме или на спална си спие , ако не е најаден нема да спие мирно како што си спие ...
Моето е под 3кг родено, од ниеден доктор не добив совет да го дохранувам ниту од патронажната сестра. Ако сакаш да го доиш само тргање формулата. Штом ти тече млеко од другата града додека доиш имаш млеко.
Зависи до бебето. Да го видиш моево како тегне ќе се чудиш. И јас така мислев амаа моево чудо влече како да не видело и за 10 мин ссмо од едната града се најдува ама бара уште и мене ми е жал го ставам и на другата и после тоа повраќаме..
Еве денес од 8 саат како е будна со 12, 13часот, цело време бара да цица, малку ќе цицне и заспива, таман ќе ја однесам до креветче се буди, пак бара да цица и се така се мачиме додека не се умори и заспие да потера саат, два.