Здраво. Ве молам кажете ми од кога е најидеално да се воведе храна? И ако може да ми кажете подетално. Ептен сум тапа Си читам и по нет ама сакам да слушнам искуства и од вас. Јас планирам прво да почнам со варено оризот, дали е исправно или грешам? Иначе сме 5ипол месеци Исто ме интересира какви развојни играчки да му земам
и мене, дење ноќе во раце спие на цице ако ја оставам одма се буди, вчера диезапам пиев од што сум укочена цела и врат и кичма, спијам седеечки
Може и подобро е без цуцла. Кај мене фати цуцла, ама сега брадавиците кога цица ги гриза како да се цуцла .
Обично матичните педијатри даваат листа со намирници што кога да се почне. Се воведува по еден вкус три дена за да не јави реакција. Пример јаболче варено 3 дена. После друго нешто. Тие што се испробани може да се мешаат со нови вкусови ама секогаш е еден нов за ако јави реакција да знаеш од што е. Обично јаките алергени се воведуваат подоцна како јајце, јагоди, јатки итн. Најдобро да се советуваш со педијатарот да ти даде листа што кој месец.
Никој ништо не ми даде Само ми рекоа Почни. Во плодност уште од минатиот месец ми рекоја да почнам ама ништо конкретно
Здраво мајки. Бебе е месец ипол. Навечер спие од 18 до утредента до 6 сабајле. Се буди за млеко. Од кога ќе стане,па се до 18 никако не заспива и да спие час или 2 часа на пример. Предремува во раце и штом ја оставиме одма се буди и заплакува. Има грчеви ама не се страшни.. ретко во денот. Дајте ми совет како да ја заспијам за да не се буди,приметив и дека се штрекнува често во спиењето..
Кажете од што можи бебе да е нервозно, екстремно е овие денови дури цица, абе се црвенее, се грчи, мава со раце, прета, ја трга пупката дури цица, хаос. Има гасови мн, прди како голем и кака насекое, насекое прткање има какушка малку и го разранивме газето, од тоа ли да е ?
Не знам, повеќе се како гасови затоа што откако ќе ги испушти се смирува, не плачи без престан, на педијатар ми рекоја да не давам ништо оти нема клиничка слика за изразени грчеви. Јас давам некогаш еспумисан ама шо знам дали помага. А и си сака во раце само да е држен, и простум да го шеташ, не седнати Во денот мн ретко е мирен во лежечка позиција, нон стоп се витка, ржи да го кренам, не знам шо да речам, или е разгален за во раце или има мака со меше.
И кај мене се прди цело време ама кога се грчеви цел се витка. Пробај со Nurse Harvey's не може да му штети ако веќе не сакаш други капки да почнуваш и ако даваш бејбитол д3+к1 прекини го мој совет
Јас веќе неколку дена по ред заборавам да и ги давам овие и омегата. Прочитав дека може и поради нив грчеви да имаат, даваш ли некои други капки наместо на бејбитол д3+к1 ? а омега од истите?
Падна дома папочето на бебето и го задржав ама не знам како би го зачувала, ќе видам нешто што може да се направи како украсче или сл. Од @Надеж♥️ е интересен предлог
Почнав сама. Денеска му дадов оривче варено ама не ми се испасира добро како кашичка и му го дадов така со зрнца. Сега сум цела успаничена да не му е залетнато во дишник. Прво искуство ми е, незнам кај терам и цела сум во паники Одма му дадов после тоа 20мл водичка