Омегата ги давам на бејбитол, а зс д3 сменив со вигантол по една капка дневно. Има разлика, не ми се грчи толку многу и кога имс грчеви му се со помал интензитет и полесно се смирува. Од денес решив да давам само Nurse Harveys и биогаја пробиотик и витамините нели дс видам дали ќе има разлика оти и од толку многу капки ми е страв да не му прават проблем, а ги примаме од 2 недела и не си го знам детето без капки.
Кашлаше ли имаше некој знак дека нешто му залетнало? Не е проблем да има парченца, некои педијатри и советуваат да не е скроз блендирано како купечка каша за да се навикне полесно бебето да ја користи вилицата. Јас исто неодамна почнав да воведувам храна и ретко блендирам. Најчесто со рачна пасирка (не електрична) стискам само и ок ми прифаќа бебе па планирам така да си продолжам да немам мака после да преминувам од скрос блендирано на парчиња.
Се мрштеше и поткашлуваше, како да се грози. Со виљушка му го испасирав. Во нутрито воопшто не се испасира, најверојатно дека мала количина. Утре ќе направам повеќе за да се испасира како каша за мирна глава. Недајбоже ако е отиднато во дишник одма ќе се дешава нешто, така? Он сега си спие Може некои ќе ми се смеат со муабетиве ама ич не ми е гајле, загрижена сум, колку сакаат нека ме прават проста хаха
Тоа мрштење и поткашлување како гадење е нормално дур се навикнува на текстурата и вкусот на храната, не може одма лапни голтни. Се дур нема некоја потешкотија да диши, не е црвено/модро не би требало да му залетнало ништо
Се спремам за дохрана и јас со малата, здравје од следниот месец, кога ќе биде 5.5м таа. За пиење вода со што почнавте, со шише (какво?) или чашка со клунче? Големиот беше на ексклузивно доење како неа, и никогаш не прифати шише, додуша додека цицаше (до 18м) ниту вода не пиеше. После почна од чашка директ. Сега за неа не знам што да купам?
Нормално е да се грози на почеток затоа се дава по малку. Инаку можеш да пасираш низ цедалка, дека мала количина ни мене не ми фаќаше на блендер. Ама цедалка некоја земи и низ неа со лажичка.
Јас клунче директ и купив, а сега почнав да и давам од онаа некапечката чаша на нук, ама не е многу заинтересирана. Клунче или ептен тврд силикон барај, да не може да го шмука како цуцла, или пластично. @Yowannty само да те поздравам со давењево. Вчера од млеко пак се задави страшно, помодре, денес од вода. Абе ме уништи ова дете. А месо мисиркино за ручек лапа парчиња без проблем. И ги џвака убаво, па полека голта. Такво ќе остане ваљда, ќе се дави од плунка.
Со шише на авент почнав, обично пластично, ама мислеше дека е млеко и не беше заинтересиран, а кога му давав со лажичка пиеше. После му земав чашка со клунче од Дм. Абе живи радоси е кога пие од чашката. Си ја држи со двете рачиња и си пие. Пробај ако ти прифати со шише, ако не земај чашка ич не му ја мисли.
Попаметно и најубаво ти е да почнеш со пасирано. Бебињата се многу поснаодливи од што мислиш. Тоа се вика гагинг рефлекс и е нормална реакција на текстура, не се дави од тоа, си се снаоѓа да си ја соџвака храната. Немаш потреба од грижи, продолжи со парчесто, поубаво е за бебето. Секако ти си до него и го пратиш.
Какво мисиркино даваш? Јас со месово мн кашкам, уште не сум дала од што не знам што и од каде да купам
Мисиркино давам на Виндија свежо од Кам, не можам да најдам убаво свежо друго. Го користам со години и ок е. Телешко нарачувам од месара од кај мене, а лосос најчесто од Веро свеж земам. Пастрмка исто од една локална рибарница. За се си кажав
Ние од утре почнуваме, многу ми е страв со пасирано па ќе почнеме со блендирано. Ама сепак сум за што поскоро воведување на парченца, па се надевам ќе имам храброст поскоро да пробам.
За работи што се меки не се плаши, испасирај со вилушка буквално скоро исто е како блендирано. Мислам на банана на пример, меки овошја како праски, сливи и слично
Пилешко имаш дадено, и ако не како планираш? Се мислам да барам домашно по фармиве, не знам дали е тоа подобро или пак од свежите од маркет како цекин или сл.
Пилешко немам дадено, ама за големата знам свекор ми цело коковче набави, па го колеа, скубеа (не пред мене, ќе се онесвестев мислам). Па уште и ми викаа види младо коковче, посвежо месо од ова нема Свекрва ми го среди ми го свари, подели, ама јас освен тогаш кокошка веќе да не видам. Од тогаш фактички почнав со мисиркино наместо пилешко. Нема логика знам, ама не можам да го пипнам месото од пиле, па колку и да е добро. Инаку од фарма баш не зимај, наклукани се со хормони. Ако веќе бараш пиле, земи од некој што си чува по двор. Оно се е наклукано со хормони ама ај.
Јас така како дете одјадов свинско - кога слушав како ми го колат прасето што си го чував со месеци Лута им бев на сите цела недела и не почнав да јадам свинско дур не пораснав доста Иначе од една старна хормони, од друга страна вакцини. Јас дефинитивно се повеќе се решавам дека сите сме за на село и секој да си одледува и да си јаде...
Пилешко домашно е бајаги жилаво. Барем јас тие што го најдов за првото дете беа такви. Па продолжив со холе од тегла.