Мојава ја држи главата убаво уште од пред 40дена да направи, цврста е ммогу ама на меше ич не сака исто мрзла ја се трудам ама ќе се помачи малце и тежи газето и кенка да ја дигнам
Да не ве цитирам сите за лежење на меше, не се откажувајте дури и секунди да се само на почетокот. Мојава ич не сакаше до кај 3 и нешто месеци, само со перниче потпрана ќе поседеше малце без да вика ама не се откажував секој ден по малце повеќе ја ставав и по неколку секунди и без перниче. На грб си сакаше од старт па повеќе време така си играше легната, подценето е тоа иако и на грб се учи моторика. Накај 4 почнав да ја учам да се врти од грб на меше, на 4ипол веќе скроз сама почна да се врти и да сака да седи на стомаче, па на 5 веќе по пола саат сама си лежи на стомак и ужива гуга. Нормално е да не сакаат кога им тежи главата, мојава буквално нуркаше во подлога и само некоја секунда ја држеше исправена ама во раце без проблем од месец ипол и беше скроз стабилна. Патем дали ви испуштаат чудни звуци бебињата на успивање? Мојава почна периодов така тивко да си мумла на секое успивање дур ја нишкам пресмешна е. Читам некој self soothing механизам бил нормално е
Тебе ќе те цитирам. И мојата е така, од многу рано почна да ја држи главата стабилно, ама затоа на меше не сакаше да смисли. Пробував секако, се корнеше од плачење, ја ставав јас пак по неколку минути, ама се тоа беше хорор филм од зајдување од плачење. На 8 месеци сама си посака да седи на меше често, џабе јас ја утепав од форсирање. Така да мајки, не ги форсирајте бебињата ништо, секое бебе во свое темпо си прави што сака.
Мојов пред заспивање е најактивен и највозбуден. Вика, мрда, се смее, се глупира. Почнав да го игнорирам вчера и да не му придавам важност зашто 11ч не замина. Обично 8,9 заспива ама ако му придавав важност кој знае кога ќе заспиеше Обожава на стомак да седи ама јас ако го поставам. Ако е на грб плаче за да го свртам на меше само сеуште не е почнато да се врти а више 6м ќе правиме, незнам дали треба да почнам да се грижам. Играчките си ги фаќа си игра ама ако му ги подадеш или случајно ако му се најде на рака. Самоиницијативно не зема, само ја гледа и почнува да плаче и да се тресе по неа за да му ја подадам. Исто и тоа ми е на мисла... Незнам дали и кј вас се случува да завземе "боксерски" став и да седи како уплашено?
Мојава само од грб на стомак се врти, обратно не ни пробува. Демек ја учам и покажувам како ама слабоо. Пробај учи го со играчка пред него да се посегне па со помош од тебе да се врти па полека ќе се ухода сам. Секое бебе со свое темпо
Син ми не сакаше на стомак ич. Негодуваше секогаш кога ќе го ставам, а многу рано научи да се превртува, прво од стомак на грб, па обратно. Мислам од што не сакаше толку да биде на стомак почна рано да се превртува. А немаше типичен тренинг на стомак пред тоа. А цврст си бил секогаш, после си се развиваше супер, со лазење, сам седна од лазечка положба, па стана сам на мебел и прооде на година. Ама на земја беше често. И не го паткав, не го седнував со перници околу. И денес е пргав, може е детето такво, ќе видиме второво, јас сум била мрцина до 2 години не сум знаела да станам , ова на мене ако се метне ќе биде интересно.
Епа од на страна полека со ноџето потсвиткувај му го према страната која се врти и играчка пред него да ја фаќа и ќе се ухода со неколку дена вежбање
Бебињата се раѓаат со дефицит на витамин К, а тој е битен за спречување на ненадејни крварења. Во Плодност им даваат по раѓањето К1 инекција, што е многу добро. Јас давав до трети месец и не верувам дека предизвикуваат грчеви.
Еве ти имаат одговорено да не повторувам. Мене ме интересира нели ги носите на преглед бебињата и нели ви кажуваат таму што до кога се дава?
Јас еве од искуство кажувам дека од бејбитол д3+к1 му се ствараа грчеви. Од кога ги прекинав дома имам ново бебе. Го нема тоа интензивно грчење и вриштење да не може да се смири цел саат. Инаку и на мојот во Систина му имаат дадено К1 по раѓање.
Дали помина фаза во првите 3 месеци нс бебето каде ти се витка од грчеви и ти плаче до зарипнување и ништо од капките за грчеви да не ви помогне?
Ок е, тоа е вашето искуство. Јас не паѓам на таа пропаганда иако имало денови кога ќе заборавев да му дадам и пак имал грчеви. И дај те молам немој да се консултираш со chat gpt за здравје на бебе, затоа имаме педијатри нели.
Со еден ден прескокнат не можеш да видиш разлика. Затоа решив повеќе денови да го прекинам и видов дека таму е проблемот. Не реков дека целосно ги снема грчевите ама една недела веќе дете навечер не ми вришти по саат 2. Секој си го гледа детето како мисли дека треба и секој си има мислење. И chat gpt искористив за во кратки црти да пратам, колку толку имсм читано и статии и не би направила свесно нешто што знам дека ќе му штети на моето дете.