Биодерма Јас и зедов мустела и не е нешто посебно малку дури и ја суши кожата но имавме осип па зедов биодерма и каде каде е подобра, еве сега за одмор и заштитен фактор зедов на биодерма задоволна сум
Bebe tri meseci, od bebe sto spiese po cel den sega bebe ima dremki po 10 minuti. Ne place, ne kenka ama ne spie..imam vreme samo do toalet vo drugoto vreme go rwznosuvam sekade. Faza se vrti na strana i probuva od grb na stomak ama ne uspeva celosno, premalo e ..I noknoto spienje pocna da go remeti, taka da ke vidime sleden skok sto ke donese.
Здраво мамички дали имате одено на одмор со 3 месечо бебе? Како поминавте,кога одевте на плажа, ние одиме на 3 дена, се плашам да одам на плажа
Ние бевме. На плажа одевме од 9 до околу 12 и после од 17 до 19 и 30. Беба уживаше, нон стоп си спиеше а кога беше будна си игравме и пеевме. Цело време пазевме да биде на сенка за да не изгори, премногу е бела а и да не дехидрира. Не се плаши сигурно ќе му пријае на бебето
Не сум била со три месечно, ама верувам дека ќе ти е прелесно, отколку со бебе/дете кое проодува. Сега и не е толку топло, нема од што да се плашиш за на плажа одење. Ако бебе нема проблем да спие во галама , ќе седиш, ако му смета ќе одите во смештај да спие.
Ние бевме со тримесечно бебе и супер поминавме. На плажа ја носев попладне дека со уште едно дете дури ги спремам поминал 11 часот. Не ја бањав дека не беше најтопла водата иако матичната ми рече слободно, само да не е во многу гужва. Ич да не се плашиш, сега не е толку јако сонцето, ама ако можеш да најдеш природна сенка најубаво.
Моментално сме на одмор со три месечно. Во хотел сме all inc иначе мислам не би било ок. Мојава лепотица не е учена да спие во гужва па на плажа ја будат деца што вриштат пиштат или трчаат. Затоа одиме на плажа зсабајчечки таму после прва дремка кај 9, за спиење убаво ја качувам кај 12ипол веќе во хотел, во рестораните кај што се служи храна се плаши од тањири чукање многу луѓе па се поделуваме со мм прво јаде еден а друг шета со неа надвор и обратно. Знаев дека вака ќе биде зошто е захтевно бебе и затоа одбрав да одиме во хотел со оброци ужинки појалоци зошто ќе останевме гладни Инаку вака весела е, во вода пробавме два пати ама плаче ептен ноџињата само и ладничко и доаѓа и плаче битно 4пара купачи има па се сликаме спие убаво, цица супер Од мене совет одете, не очекувај да се плажираш мене ми фали сунчање убаво. Денес планирам да ги испратам со маж ми во 12 накај соба и да си поуживам со коктел на плажа еден саат на раат
Моево спиеше, а спие и во ресторани абе чаши кршат не мрда. Дома да чукнам со лажицата на чинијата она е станата. Дома од колената што ни крцкаат се буди да се чудиш.
Исто, абе очите џамлии се да види радознала скроз. Тука во ресортов само се врти натака навака гуга се смее пресреќна е … скроз ново опкружување родена за на море наредна година во јуни ќе бидеме со една дремка во соба и цел ден на плажа … ќе се потврдам со постов зошто одвај чекам да ја спакувам асално да си играме на плажа овојпат тест е само секако е бебушка мала 3м
Еј ќути секој ден мислам ми расте бебево пребрзо. Станува детенце од ден во ден. Имаме братучедче 6месеци веќе е детенце држи се во раче, се смее на глас, се превртува. Одвај чекам - и ако може да остане да спие навечер како сега / тоа ми е желба преку ден нека биде активна
Една дремка само имавме на плажа во 8 дена и тоа во кенгур едвај пола саат… само се ѕвереше се и беше интересно престимулирана надвор. се останато беше трчање во смештај
Да наредна година еден одмор мора таков … моите одат во исти хотел и иста плажа во грчка со години така да од сега знам во јуни 7дена кај ќе бидеме