Не знам ја користев на почетокот супер беше на Philips advent, си викам не е можно да немам млеко бебето супер напредува и е весел, кога ја стиснам шприца млеко
Majki ke pocnuvame so vkusovi bebe e 5 i pol meseci dosega nemam dadeno voda voopsto,dali koga ke pocneme da davam i voda? i ako da,koga po kolku pati vo denot i po kolku ml ? Koristam nera kristi za mlekceto dali moze od istata i dali da se prevriva?
После хранење 2-3 лажички вода. Јас така практикувам, за пола час негде и си ја дојам и така заспива.
Штом се почнува со цврста храна, треба да се дава и водичка. Јас за син ми давав прво Јана некое време, потоа како за нас, Роса. Не ја преврирав. Се водев по правилото месецих10, значи на 6 месеци - 60мл, што не значи дека ги пиеше на почеток. Нудев во тек на цел ден, е сега не памтам од кога колку пиел, битно нудев. Тој беше на доење, па многу не бев загрижена на тема хидратација. Со ад и замена на шише млеко со оброк е друга приказна.
Мене педијатарот ме советуваше после доење да измолзувам 30 мл млеко и да и го давам, не успевам ништо да измолзам, а градите се полни млеко. Претходно кога немав толку млеко повеќе измолзував.
Истата бев ако ме веруваш... не течи млеко а градите тешки жешки...мислам дека пумпите не молзат убаво. Јас имав од Кика од локо кроко исто како тебе ми беше види некој со поскапа пумпа како поминува. Кој месец е бебе?
Цееело време , место една јас две пелени менувам или облеката поплава е дури и на педијатар кога го соблече си се измоча фонтана
Породена сум пред 5 дена, ама бебушот ми е само со едно окце отворено, другото не го отвара, ако го отвори ќе го подотвори ептен малце. Во болница секој доктор шо ќе дојдеше, ќе го прашав, ќе го видеше, ќе му го подотвореше и само добро е, нема ништо и цело време само тоа го викаа. Планирам денес да го носам на очна клиника, за ако има некој доктор таму што би се нафатил да го види, да каже бар што е... Вака од клиника не испушти ја вчера без да кажат што и како да се прави со окцето.....
Срце мало....може навистина е се во ред. Дај му ден-два време. И кај моето бебе повремено едно оче е како подзатворено, но си го отвара кога не спие.
Отидовме сабајле на клиника на очно. Му го отвори ја очето, само белката му се гледаше, а ирисот беше скроз кај носето, само малце наѕираше. Рекоа мускулот, ама да го види и детски офталмолог
Бебево денеска на 5+++ научи конечно да се врти од грб на стомак и обратно и сега само тоа прави, не можам ни да го заспијам ни 5 секунди да го оставам
Хорор, мојава е три ипол - не спијам цела недела од ова … спие на страна и сака да се сврти на стомаче а нема баланс да се врати и заринкува со главата во сон и кенка нњкој ако нашол начин нека помага … иначе на грб не заспива мојата пошто уште со моро рефлексот мака мачиме со рацете прета и сега сме ни вака ни така
Мислам дека нема помош додека скроз не совладаат и после додека им пројде интересното.. Јас имам проблем последниве недели и што сака да цица на 2 саати секоја вечер па и да си цуцка као со цуцла и да си спие така а цуцла не прифаќа, жива ненаспана сум.
Пробај друг вид цуцла ќе фати нешто другарка моја на 6месеци воведе цуцла ради ова вртењево а детево од почеток нејќеше
Иначе едит за цицањево …мојава така цица од раѓање и навечер на 2ипол саати три макс со тоа со помирив еве ја три ипол месеци никако да свезе навечер повеќе бара цице па си продолжува
Мами како ги облекувате вашите малечки периодов ? Времево е лудницс, под сенка студи, дувка ветре, на сонце печи. Го облеков бебо по долги некни, плус капче памучно и чорапчиња и го помрив со тенко кебенце во количка ама мислам го прегреав, темп имаше 37.5, е сега не знам дали од што имапе ворувче малку фатено или од топло што му беше. Денес го извадив по кратки, после му ставив долги долу и памучно капче на моменти кога дувкаше, стварно н знам како да се облекуваме деновиве, си мислам само јас штракната новороденче по кратки, инаку месец и пол имаме Еве го вечерва за спиење спие по долги и покриен со ќебенце ама изг му достуде оти кај градите е малце ладничок па му фрлив тенко јорганче
Навечер (околу 20-21ч) му облекувам шпикозни со долги ракавчиња и ногавички, без боденце, а преку ден е на боденце на кратки ракави, со голи раце и нозе. Надвор на тераса исто е на кратки. Капче ставам само после бањање, 30тина мин. 12 дена е бебе и уште не сме почнале да шетаме надвор.