преку ден е по боди на кратки и дома и надвор, за спиење и облакам шпикозни на долги, доле ништо, месец направи уште немаме облечено чорапи
Мојава уште не се врти, некако покасно мислам дека почнав со тоа оставање на меше, моја грешка ама па и она ич ииич не сака. Упорно ја ставам. А памтам имаше период синчето така кога вртеше сам навечер ќе се свртеше на меше и ќе почне да плаче абе мислам на секои 15 мин цели ноќи го правеше тоа. На крај му ставив перничка за да нема место да се врти и престана. Инаку никој не спиеше.
Мами, бебе е 5.5м, последните два-три дена приметив нагло мавтање на рачето, само со десно раче, дури си мавта и по ушето. Дали сте приметиле такво нешто кај вашите бебушки? Весел си е, си јаде, друга промена нема..
Кај нас дома некако е многу ладно навечер и наутро, навечер обавезно ја облекувам по шпикозни на долги, под нив ништо, не ја покривам, ја повивам и така спие. За надвор ја облекувам со боди на кратки и доле кратки како пантолончиња, некогаш и долги тенки, плус чорапчиња ставам, а ја покривам со тетра, за внатре со боди на кратки, а деновиве и облекувам и долни со ногавички, ако ја оставам по чорапчиња само ги бутка, а некако ладно ни е внатре, за така да ја оставам. Капче ставам само после бањање 15 мин. Преку ден за надвор сеуште е многу топло, особено на сонце и некако рано е за со јорганче да го покриваш.
Покрај бебе, да му го стеснам просторот кај што лежи. Пак си преташе слободно ама не можеше да се сврти.
Горе кратки доле долги хеланчиња или шорцеви зависи од денот какво јорганче во скопје ова??? Мојава среќна сум ако спиеме со подотворен прозор да и префрлам едно тетра пеленче зошто со ноџињата одма го бутка па сега и облакам за навечер долги доле со затворени ноџиња бар да не и бидат голички зошто е склет жив за покривање
Не си штракната, што дека е новороденче, и нив му е топло, подобро е да не го прегрееш него да додаваш слој. Не е времево сеуште толку ладно. Кај нас дома е сеуште многу топло, 24-25 се движи температурата преку ден и уште сме по боди на кратки само. А за надвор ако го шетам и ако многу дува, хеланчиња надоле и може тренерка нагоре, ама син ми е многу склет и не трпи топло, па се соблекуваме за неполни 5 минути хаха. Еве моментално е 23 степени во дневна, облечен е по боди на кратки и хеланки.
Цветче јас и облакам боди по долги и хеланчиња. Бодито ми е од х&м и зара и тенки се не се дебели. И не ја покирам надвор а дома ми е по бодито без хеланки. Навечер по шпикозни ништо друго доле и ќебенце памучно, затоа што кога не ја покирав мн мрдаше посебно кај 4 - 5 наутро и одкако ја покираме до 7-8 спие мирно. Јас лично со тенко ќебенце се покирам како фротирско. Ми студи навечер.
@Cvetce_ Во корпата од количката го ставаш? Нема потреба за капче на ова време, заштитен е убаво во корпата.
Дома ни е ладничко и нас деновиве, го фатив кај грбчето и вратот и ладен беше затоа го покрив со мн тенко јорганче, ми се разбудваше и мене. Битола е посвежо, дувка некое ветре и под сенка некако мене ми е непријатно по кратки долу камоли него. Ама гледам да е раслечен во секој случај на сонце. Уште нешто, како се штитие од сонце, не го држам директно на сонце ама во количката го фаќа, тетра пелена ставам ама не сакам да го покривам, чадорче не можам да најдам по дуќани нигде а капче летно уште помалку
@Cvetce_ Еве чадор: https://www.freeon.mk/product/чадор-за-количка-светло-сив/ Едит: Сега гледам дека веќе нема на залиха
Ќе тркнам до дм после да видам дали имаат на залиха. Мада добро е да фати малку сонце не е штетно ова ама бебко е премногу бел, како снегулка е затоа ми е шубе
Кај вас е посвежо има разлика. Јас викендов ја изнесов и бааги беше спарно, жешко, дефинитивно не беше за на долги, ама таму кај вас Битола, Охрид, друга приказна е.
За Апрамил не знам, ние користиме Hipp Combiotic (една дохрана) и вода Jana (со сино мече). Веројатно, изборот на вода не зависи од млекото.
Izgleda jas cipidlacam I jas Jana koristam pa kaj go prasav chat gpt koga mi izbaci deka Jana baby e dobra za posle treti mesec bebe a moeto e mesec I polovina. I vikam aj da prasam drufarkite
Разочарана сум, не знам до мене ли е, не знам да го гледам ли бебево како што треба, нешто не правам како што треба очигледно. Кога не отпуштија од болница бевме на цицање+дохрана, бебе супер напредуваше, потоа исклучивме дохрана, само на цицање, бебе не напредуваше добро бидејќи не цицаше добро, штом ја ставам на цице одма заспиваше, а и сеуште немаше добро воспоставена лактација. Повторно сме сега со цицање(кое треба да биде минимим половина час)плус дохрана после цицањето плус 30 мл. Штом ја ставам да цица, почнува да цица 5 минути, активно цицање, после 5 минути почнува да прета со раце, нозе, целата се витка и си игра со брадавицата, ја тегне, ќе ја пушти, па пак ќе ја фати, па почнува агресивно да ја бара брадавицата, да ја тегне или пак се успива секундарно на цице и така со спие. Од што прета и додека цица се случува да поврати. Поради ова сум принудена да давам шише цела доза, си го пие цело и си продолжува да спие. Не сум паметна што да правам, самата бара да цица, но штом ја ставам да цица тоа го прави, без исклучок. Имам млеко, градите се полни, не знам што може да биде проблемот.