и мојата истото го прави, сосема нормално е, период е, не е до тебе не знам зашо даваш дохрана ако имаш млеко, ако ти се успива тргни ја да се расони па пак стави ја, мојава не се успива така лесно, се повеќе седи будна
По препорака од педијатарот бидејќи немаше качено на килажа колку што треба на втората контрола, а на третата па месечна контрола беше супер, но не ми рече да исклучам ад. Сега и давам само кога прави вака, несака да цица само се тегне и гладна е, треба време да се измолзам, а толку е нестеплива за јадење пишти плаче. Кога се успива што и да правам џабе е, пак ја ставам да цица исто, а штом ја пуштам во креветче како боцки да има.
Скрос исто. Обично го дојам без силиконска и знае да фати супер ама кога вака прави прета се витка фаќа пушта и ја тегне градата тогаш ставам силиконска и влече со неа и е мирен... И он е на дохрана плус цицање, ама ако заспие не давам ад само ако плаче после цицање. И се нервирам што слабо крева на килажа ама ад само не давам одма, ќе форсирам доење кога сака и колку сака не на 3 саати како што викаат сега педијатриве
тоа доење на три саати на новороденче ми нема никаква смисла, мојава е цел ден во мене напикана и нормално е уште се многу мали. @Guns N` Roses ја се имам откажано од креветче, со мене спие на спална, пола ноќ во раце, пола ноќ во гнездо и преку ден исто спие како заклана дур ја држам, а ја оставам толку ќе менува, мора да се издржи сега
Душо, само дохрана со ад е на 3 часа, а цицањето најмногу до 2 часа. Секако да му даваш кога сака и колку сака да цица. Но, сепак, гледај да има и паузи од 1-1,5ч евентуално 2ч (доколку си е мирно) за да се наполнат дојките, но и ти да одмориш.
И моето така прави деновиве дури цица, приметив имам силен млаз проток на млеко и најверојатно од тоа е
Давам да цица кога и да посака, проблемот е што не цица или прета, тегне или така си дреме и морам да и дадам ад, останува гладна. Сега ми поврати пак при цицање од што цело време прета и е нетрпелива.
Таков совет добив од двете патронажни сестри кои дојдоа да не посетат. Инаку, Jana само ја затоплувам. А некогаш, додека се свртам, почнува да ми врие .
Pa da toa e malku voda . Dodeka spremam sisence veke pocnuva da vrie pa odma ja trgnuvam. Inace Skopskata voda nogo bigor ima Pa nesakam da mu ja davam seuste.
Скопската вода е тврда вода. Уште долго време ќе даваш купечка. Иако, вода во пластика најдобро е да се избегнува, но во Скопје немаме избор.
Нели?И јас така мислев ама педијатар ми рече многу голтале воздух при доење и затоа повраќале а било гладно.. значи јас не знам кај терам
Дали и со што им ги чистите внатре јазичето и горниот дел во устата мајки? Има жолто од млекцето ама во болница ништо не ми кажаа за ова, ниту пак патронажната сестра
Вода во шишенце стави стерилизирано и загреј вода обична во ѓезве па стај го шишето да се стопли. Немораш водата во ѓезве да ја ставаш па да претураш. Ако е мн топлo шише под чешма и го ладам . Јас користев Роса, сега имам дома филтер ставено од таа вода користам. Имам греач земено и одржава вода секогаш ми е спремно сега ние сме на ад, па затоа и купив одма да не се замарам со температура на вода.