И јас имам ваква слична од тему и супер е. Сега ми стигнаа и само турпиички посебно. Нежна е многу (уствари толку и е силата) и да допреш на кожа нема шанси да ја повредиш Нецели 300 ден ја земав.
Не, не сум направила ништо, само прашав дали треба зошто има мирис од устичето и и видов дека има жолто ама не на јазичето туку горе во усната празнина. Може е тоа нормално од млекцето ама ме фаќа паника пред 5 дена се породив да не утнам нешто ви благодарам за советите Некако каде што се породив ништо убаво не ми објаснија па сега само си препрашувам за се.
Дали е нормално толку да се мачи за какање и да има грчеви? 2ипол недели има, до пред некој ден имаше мака со мешето ама си какаше по 3,4 пати на ден. Последниве денови кака еднаш обилно а завчера и воопшто не какаше. Супер јаде и убаво напредува.
Нормално е да не кака и неколку дена. Прави масажи на меше, толпо на неше,ако има ептен грчеви ќе консултираш педијатар за насока што да дадеш.
Да знам дека на мајчино посебно ако се нормално е да не се какани. Со поголемата немав вакви проблеми (или сум заборавила ) Он е на комбинирано и мое и ад па некако си викав бар од адаптираново да се искака. Ама се гледа дека се грчеви. Крева нозе, се мршти, прдка. За сега пробиотик давам и колиеф ми дадоа ама ако не помага ќе консултирам педијатар, следна недела сме на контрола. Фала ти
Мајки денски колку по колку часа ви спијат? Мојата е 3 ипол недели и спие претежно, станува цица и пак се успива.
Мало е затоа само спие, на почеток само спијат и се будат за млеко веќе од трети месец барем кај мене повеќе сакаше да е будна, нека си спие значи дека е најадено и убаво му е
Првото дете ми беше само на доење по 10 дена не какаше,си викав како е можно каде му оди млекото, ама нормално е кога се на мајчино млеко да не какат повеќе дена, само давај пробиотик редовно
И јас го имам и можам да кажам дека се најдобро потрошени пари на тему има на пакувањето која боја за која возраст се користи и за 5 мин додека спие завршуваш работа ни стрес ни собирање нокти ни ништо. Што е подобро кенгур или марама, бебе е скоро 2 месеца и ми треба нешто брзо и практично да не се мкнеме со количка?
Најмногу зависи од детето. За првото прво земав марама - не можеше да ја смисли, вриштеше и пиштеше во неа, ја вратив, земав кенгур - малтене иста приказна, може малку покомотно му беше, ама исто многу малку го искористивме. Е кенгурот повеќе го користевме кога потпорасна, кога беше над год и сме оделе на одмор со шетање, количката ни зафаќаше многу место, така да го носевме во кенгур. Еве второво две недели е, веќе неколку пати го шетаме во кенгур, нема гајле, заспива внатре. Така да, ако имаш од некого да пробаш и тоа и тоа пред да купиш, ќе ти биде најпаметно, за да одлучиш што е подобро за твоето дете и дали воопшто било што од тоа би ти служело.
И мене ми треба нешто за.. набрзина ..да купам да подигнам пратка итн.Купив марама ..и мн.ми е комплицирана за врзување материјалот е дебел..и ме фаќаат нервите додека да ја наместам..плус не ми е некако безбедна
Со првото си спамав во труднички цела испаничена, со второво кога останав трудна, кога се породив. Со тодлерчево дома не ја осетив бременоста Фала ти само убавини да се враќаат
Кенгур е сто пати полесен за користење од марама, бар јас овој што го имам сама се местам во споредба со марамата што ни мм не можеше да ми ја намести