Марамата е ..ужас џабе фркнав 2500 и не ми е баш ...страв ми е ..или јас нешто претерувам ама бебево ми е мало..50дена некако не можам да го наместам ко што треба во марамата а кенгур имам за поголемо кога ќе седи.
Мојата бебуш кака по саат време Прво иде стандардно почнува да се нервира , после плачење напрегање и после конечно кога ќе се смири знам дека завршила работа. До сега ни еднаш не се искакала смирено.
Majkи, што да ставам на непцата, беба е многу нервозна и овие денови ми е со затнато носе и со мрсулчиња. Педијатарот вели не е настината од забите е, ќе испаѓаат. Па кажете што сте правеле за да им помогнете на бебињата, полесно да ги извадат и да не се тилку нервозни?
Дали ви се случило 6м+ бебе да нема апетит да одбива јадење? Како ослабено ми е бебево. Решение некое? Крвна слика супер
Ние сме скоро 6 и исто се мачиме а мислам е ради заби вадење. Вкусови што ги има пробано и ги сакала ми ги одбива. Мачкам гелче давам глодалки и гледам да ја погодам да нудам кога не ја мачат забите. За цицање не одбива баш ама почна и тоа кога ептен се нервира. Период е, се надевам ќе пројде брзо
Гелчиња, ладни глодалки од тие со течност, замрзнато млеко во цуцла со дупчиња за вкусови пробување што е, тетра пелена за сама да се чешка, ама се тоа помага на кратко и пак се нервира по некое време и ноќе станува ги чеша непцата…
На мојава и помагаше кога и правев вежбички за ноџињата и така полесно ќе се испрдеше и искакаше. Какаше 3-4 пати во ден, и ноќе во 3 често со драми и расонување откога ќе се олесни. Јас давав и пробиотик и еспумисан и колиеф првите 3 месеци дур се стабилизираа цревата. Сега само пробиотик. Како и се со бебиња, период е ќе пројде
Каков кенгур имаш? Обично по месец можеш да го користиш малце со бебче свртено према тебе и главче на страна. Ако нема потпора за глава можеш да придржуваш со рака исто како што си правиш и кога држиш бебе во раце без кенгур
Од кога почнавте во кенгур да ги ставате бебушките ? Ние уште малце два месеци ќе правиме, имам кенгур ергобејби ембрејс ама некако мн ми пропаѓа внатре бебе, изг треба повисоко каишот да го затегнам, бебе некако ми е нервозно, ко да не сака да седи
мене ми рекоа после 3 месеци кенгур сите шо ги прашав. него кога ги носевте прв пат на ортопед? ни рекоа контрола на 2 месеци прва, а денес се видов со др. Тони он ми вика прва на 6 месеци
Зависи кенгуот каков е. Ние имаме кенгур за од 0 месеци и 3кг и веќе неколку пати го носиме во кенгур, а две недели е бебето. Кај нас има патент и се подесува внатрешно, се прави како седиште повисоко и бебето не пропаѓа внатре, туку баш си е таман, свртен е накај нас и делот за поддршка на вратчето е отворен, за да му го држи вратчето. Види на упатството од која возраст е твојот и како да го подесиш за возраста на твоето бебе.
На кенгурот пишува од 0 месеци. Се снајдов, го завиткав каишот долу еднаш и го кренав високо на половина