Тоа е за да се заштитите вие од вирусот, не е за да се шират паники. Повеќе педијатри ми го имаат кажано истово бидејќи може да го фатите и вие дома и да го поминете како стомачен вирус. Пелените во кеса и убаво миење раце после менување пелена е доволно, не си правете стрес.
Не е за паника, туку да не го фатите вие дома вирусот. Кој немал рота вирус закачено , незнае што е и колку не е наивен. Треба темелно и убаво миење на рацете, не мора да е со ракавици. И пелената да се фрли во кеса и надвор. Тоа за сите три дози, ни го напомена и педијатарот од вакцинален.
Тоа зависи од дете до дете. Исти ортопед на нас ни кажа освен на два месеци што бевме, следно беше откако стабилно ќе седи. Па на три години. А на другарка на два месеци беше и следно на три години и кажа.
Имаат страв од тоа што се шират некои муабети дека предизвикува аутизам. А аутизмот е генетска болест да ја кажеме, каде цел свет уште нема откриено како и зошто настанува. На тие истите да им поставиш прашањето, како деца без ниту една вакцина имаат аутизам, нема да знаат што да одговорат. За било кој вакцина, детето треба да е супер здраво. Што значи, детална крвна слика со мокрач, брисеви обавезно. Имам дефектолог во најблиска фамилија, кој има работено со доста деца, кои не примиле мрп и деца кои немаат примено ниту една вакцина.
До сега фаламу на Бога немаме фатено. Со третата ќе видиме Ако закачиме една инфузија и ваљда ќе се средиме
Држи се до препораките на темелно миење раце и фрлање пелена надвор, подобро ќе биде. Комшискиве фатија рота, две недели едвај се оправија. Не е за заплашување, ама не е ни за игнорирање.
Тој кога има пролив со се алишта целиот се прави лом неможам да се довардам Ете вас ви кажуваат, нас никој ништо ни нема кажано, јас за ова разбрав од чаршиски муабети што се вика...
Знам како е кога ќе прелие од сите страни. Ама измиј бебе убаво, покисни алиштата, измиј рацете темелно и тоа е. Мене ми беше смешно кога ми викаше др да мијам раце после менување пелена. Посекако ги мијам рацете кога менувам пелена. Ама малце потемелно после рота ги мијам.
Нас ни рекоа на 2 месеци прв пат. Ние утре правиме 2 месеци а на 10 сме на ортопед. После знам на 6 месеци дека се носи
Ќе ви каже ортопед кога следно. Се зависи од тоа како се развиени колковите на бебето. Ехото на колкови и таму што си гледаат они, ќе видат за колку време треба контрола. Кај Талески ќе одите?
Ние сме со затнато носе, изгледа ја префати од мене ем со маска во нејзина близина ставаме спрејче од бекутан.. кива почесто од претходно дали да ја носам на педијатар или да почекам некој ден? за колку дена обично им мине и дали да пробам со аспиратор да и вадам мрсулчињата
Господ да не варди само. Нормално дека миеме раце ама таа останува и по предмети, така дааа.... се нешто ќе фатиш со рака на несакање
Ако е само носето, вади со аспиратор. Јас не би носела на вирусиве сега по лекари дете, само за носе ако е.
Јас кај Антоније прв пат ја однесов на 3 недели бидејќи после немаше да биде во Мк. И во Систина ја гледаа нели, ама сепак сакав тој да и направи ехо. Потоа на 4 ипол месеци.
Ехо и детален преглед од глава, до најмалото прсте на ногата. Предетален е и од мене имаш најтопла препорака.
одлично, го знам докторот пошо почнавме да соработуваме и убав впечаток ми остави, затоа решив и да сменам, првата ја носев кај Антоније, ама со тоа шо нема термин никогаш се откажав и сега малово кај Тони планирам да почнам