Да, кај Елена. Ништо посебно искрено. Тука како што читам ептен детални прегледи им прават. Нас ни 5мин
Мајки на 6 месеци тек може да се седнуваат на 90 степени. Воопшто не седат на 6 месеци самостојно, значи таму накај 8-9 месеци веќе се стабилни. Немате потреба од грижа. @Stone немаш потреба од форсирање ништо, секое бебе во свое време усовршува моторики. Кога ќе сака тогаш ќе се врти, лази, седи и сл. Ако на 9 месеци не седи постабилно тогаш веќе консултирајте се со ортопед, и ако и тогаш не е престрашно, може денес не седи од утре да пролази и да се исправи. Така да немате место за паника.
Да, нормално е тоа, ама треба време да ја ојача за да седи стабилно. На 6 не седат стабилно, да има бебеиња понапредни, не е дека нема, ама не е воопшто за загрижување. Еве мојата лази од 9.5, претходно месец се клатеше дур се пушти. Се исправа ама на пример кога е на колена се движи по мебел, а исправена на нозе скроз не. Секое бебе во свое време. На 7 почна да се врти од меше на грб, од тогаш нема престанато. Сега веќе само седи и лази, нема шанси легната да ја видиш, одма седнува сама.
Во хранилка си седи исправен ,количка во седиштето сеуште го немаме користено.Кога лежи се подига со рачињата цврсто,сега гледам и газето го дига нагоре на косо со едната па другата нога,а и се бутка наназад.Претпоставувам прво ќе се врти почесто од меше на грб па потоа ќе почне сам да седи.
Сама почна да седнува, наназад си одеше и си седнуваше. Полека ќе си ги јача мускулите и ќе совлада се. Така правеше и мојата па после напред тргна влагаше под гарнитура од наназад идење
Дали беше задоволна од прегледот и ехото и дали следни прегледи и еха ги праваше кај неа? Прв пат треба да одам и се мислам каде.
Веќе цел месец бсж вакцинава на раче и е доста црвена. Како се кај вас? Имал некој искуство вака? Три ипол месеци е поминато од боцкањето во родилиште
И на бебка и беше вака, со тек на време црвенилото се намали. Матичната ми рече добро ја боцнале, убав белег ќе има.
Исто е и кај нас. На 3 месеци на контрола на педијатар кога бевме ми рече само дека успешна е вакцината.