Бебето ми е една недела. Почна да цица, ама денес по 10тинс минути и цел ден вришти не е спиен, па почна скроз да одбива цице. Мислев гладен е, му дадов АД, исцица едвај 20мл и продолжи да вришти. Помош тука кај оваа тазе мајка што може да е проблем кај толку мало бебе. Не е какан денеска, има гасови
Девојки каков топломер за телесна температура користите и сте задоволни. Дали да земам безконтактен или обичен дигитален за почеток? Имам дома живин и со галиум ама ми е страв со нив да мерам
Задоволна бев ептен јас ја прегледа се. Следно пак ќе ја носам на 6 месеци кај неа. Ко закажвав друга докторка не ни ми предложија само Маргарита ми ја кажаја
Јас имам и дигитален од чико ама за пола степен помалку покажуваше од два живини. Пробај да мериш додека јади
Да не се грчевите почнати? Кај моево бебе отприлика 8-9 ден почнаа и ни дадоа Колиеф. Пробај да го подржиш на стомаче. Тоа обично ги смирува.
Па искрено заради цената. Иначе одпосле видов дека имало посебна тема за пелени.. па таму прочитав повеќе.
Не, не сум била на педијатар сеуште. А омега д3 од осми ден се давват, тоа само знам инаку да, има гасови, не е какан цел ден
Грчеви се сигурно затоа е плачењето. Од мене препорака за инфакол да ти донесе некој од грчка или од бугарија нас тие не решија многу брзо
Ima li skok vo 12-13 ta nedela? Od mirno bebe sto spiese pocna da place denovive i samo vo race saka isto se budi na 10 tina minuti navecer isto mnogu nemirno spie. I racinjata gi butka vo usta celo vreme kako nervozno da e a ne e gladno cica em na dohrana e
Ве молам за искуства. Се породив во петокот. Се е во ред со бебето и ме пуштија дома. Но ги слушнав сестрите како загрижено зборуваа дека на петиците има црно , како помодри и се петиците. Педијатарот ми рече дека се е во ред со бебето. Не знам дали имам простор за загриженост. Гледав дека може да биде знак за слаба циркулација или уште посериозни работи. Дали некоја се соочила со ваков проблем?
Ова медицински се вика акроцијаноза, нормално е и минливо. Поради слаба циркулација и мал доток на крв во тој дел, обично исчезнува за 7 до 10 дена по раѓањето. Не се плаши и не си прави лоши филмови во глава, како тазе мајка му требаш на тоа бебенце, следи го и понатаму секако, ако приметиш дека нешто не е во ред, носи го на педијатар.