Ние сме на комбинирано. Имам забележано деновиве од мајчиното повраќа, што може да му е? И малку да цицне, ќе бљуцне. Знам дека не е донајаден, му давам ад и после не бљуцка
Здраво мајки. Бебето има скоро 1месец ама има проблем со спиењето. Ќе заспие и за 10мин се буди или само што ќе заспие веднаш се тегне со рачињата и прета и одма плаче, има грчеви, комбинираме капки, ама ме загрижува што не врзува сон преку ден, одвај во раце 1час и после е цело кенкаво и раздразливо. Некој совет?
Јас би пробла да го повијам некако ем ќе му е топличко ем нема да се буди од што се штрека со рацете. Многу е малечко и се е сосема нормално за едно месечно бебенце. Можеш и нешто на мешето да ставиш пример стоплена тетра пеленка и после повиј го.
Пробав да го повијам ама се нервира повеќе бидејќи не може да претка, топличко ставам, изгледа плус грчеви има и се буди со плачење или не се доцицува, за неколку мин заспива на града... Си викам да не настане некој проблем дека не врзува ич сон
Мајки дадете ми некој совет што да правам. Бебе е 2 месеци амаа на меше ништо живо не сака. Или вришти одма, или ќе си полежи една минута ж, две ќе помрда со нозете и почнува да плаче. Рацете цело време му ги местам за да поткрене глава ама не сака. Ни играчка го интересира, ни картички ни огледало ништо. На мене кога го држам ја исправа главата си гледа му дотежува и ја пушта на рамото, ама на меше никако. Голем е 6200 е му тежи главчето ама мора да зајакнува мускулатура. Секој ден му го масирам грбчето. Плус и во некој скок сме, навечер спиењето ни е забава. Со плачки се будиме, само во раце спиење легнати ни на спалната додека не се успиеме во раце
Слично беше и со ќерка ми, големо бебе со тешка глава. Јас ја ставав на перницата за доење, така издржуваше малце. И на тебе исто е добро чим сака, ставај го и така. Ќе ојача полека па и сам ќе си се врти не се сеќирај
На мене нема проблем ја исправа ама треба и на мешее. Ако продолжи вака нема да сака на меше и за вртење когс ќе дојде време
Кај го ставаш на под? Дека моето на под се плашеше и ме бојкотираше. Почнав на спална да го ставам и уживаше, само на меше сакаше незнам зашто беше како исплашено на под
На кревет го оставам или на петосед оти е потврд или на спална ама дека со наддушек помеко му е. Денеска на под го пробав тоа вриштење ли беше.
И нашиот е со наддушек. Малце ми беше шубе да не е неправилно дека меко и пропаѓа, треба на тврдо ама ете не сакаше. Не го форсирај, само ќе си почне кога ќе е спремно
Па да ти кажам како зима е надвор. Нешто подебелко, јакна, дуксер, боди. Хеланки или тренерки па и хулахопки на 6 степени би облекла, ко што е сега.
Не сум од Скопје, ама времево е исто и кај нас. Додека врне не искачаме секако, а кога ќе престане на вакви темепратури, би облекла боди по кратки/долги зависи, дуксерче и јакничка. Тренерчиња за надоле, чорапчиња со топлинки/патики. Може и памучно капче да му ставам. Син ми не верувам да трпи хулахопки, па најверојатно ќе му ставам некое средна дебелина ќебенце кај ножињата.