Дали седите во кафичи внатре ако нема многу луѓе со 4 месечно бебе? Порано мислев ќе нема гајле ама некако шубе ми е. Колку беше убаво летото на отворено секаде
Вчера седев, понастрана маса и беше отворен прозор близу … не планирам дома да пстанеме цела есен и зима. Секако маж ми се движи со мн луѓе ќе и донесе нешто ако така треба повжно мо е да е облечена топло за времево отколку каде ќе бидеме … исто инза моловиве другарка ме прашува ја носиш во сити мол? Викам а каде да ја прошеетам на дождов не може цела недела дома да седиме знам дека има мн мајки што не носат деца по молови до година … да живеев на медитеран негде со убаво време и ја така би…ама во ск тоа ни е изборот
Хахаха женче од 40 дена дома не сме прибрани. Значи ноември е родена, цела зима или надвор или мол, дома скренување е. Да не зборам постпородилна депресија на најјако, па уште и во четири ѕида да седам.
Добро, да не си мислам дека сум несовесна И јас тоа си мислев, нема шанси да доседам само дома периодов што следи, е сега нормално нема ни во чадилници да го носам
Девојки бебе е 3 месеци и треба да прекинеме со Д3+к1. Сега давам д3+омега на babytol ама педијатар ми рече да давам и плус само д3. Дали и вие вака давате и ако може да ми кажете со кои д3 да продолжам
Мн нормално. Секој ден чист и со убав воздух ќе го користиме за прошетка надвор а останатите ќе шетаме деца кај е потопло ако немаме чисто дома не се доседува и нив им стснува монотоно. Ќе фаќаме некои планински викенди здравје зимово ама во ск тоа ни се опциите за преку недела
Здраво Девојки!! Јас сум породена пред 18 дена природно и после двс дена си дојдовме дома. Родилна тежи на бебе беше 3660, а не пуштија со 3530. Вчера на прва контрола (на две недели) има 3770.. малку ме загрижи докторката дека малку е, а нели треба првите две недели да си ја врати родилната килажа?? Што мислите? Позз
Бебчето ми е старо 16 дена. Втор ден од царскиот го приметив бебушов дека едното окце не го отвара, а другото си е се океј. Педијатрите викаа нормално било, ќе си го отвори и се тоа... Ама мајка како мајка, реков детево има некој проблем и го носам на контроли одма после излагање од болница.... Отидовме на очно ни открија дека има микрофталмија (мало око) на тоа што не го отвара, а на другото што си е океј има колобома.... Првите зборови беа, не сме се уште сигурни дали ќе гледа понатаму, може има невролошки проблем.... Отидовме на второ мислење, отидовме и на трето мислење... Ехо на мозоче уреден. Добивме уште еден одговор на тоа ама сосем поразличен. Дека има само спуштен очен капак... Ама од коа ги приложив и другите извештаи пак се смени мислењето и останавме на тоа да го следиме... За три месеци пак контрола имаме... Ама еве јас го приметувам, кога ќе запалам сијалица он реагира, окцето што не го отвараше сега го подотвара, АМА ирисот му е скроз кај носот и не може да гледа со тоа.... Колку што разбрав имало доста дечиња што се раѓале така со мало око, со колобома... Мајки како се справивте со тоа?
Мене педијатарот ми рече да ги давам babytol d3+omega и плус две капки д3 на пливит (дупла доза до на лето)
Девојки во какви алишта советувате да го облечам бебуш за излегување од болница при вакво време? Боди со долги, чорапчиња, капа, комплет на долги, ќебенце.....скафандер дали да земам
Јас во Февруар, значи на уште поладно, го извадив по боди на долги, шпикозни со ногавички, капче и ќебенце. Ако се вакви температурите кога треба да излегувате, можеш како што ти кажав, или слично. Скафандер за од болница и правец во кола не ти треба, доволно е ќебенце.
Немам искуство со вашиот проблем.Ама ние дека сме предвремено родени не следеше док Беким Татеши добар док.Закажи кај него ако не сте биле досега.Можете и Систина оди док, ама ако средиш на државно со термин да не плаќате.
И јас така мислам дека скафандер за една минута надвор од болница до кола нема потреба. Сепак реков да прашам поискусни мајки.
Се се средува какп што растат.Знам не ти е лесно го мислиш.Ама еве ние сме предвремено родени.Кога не пуштија од оинт бевме со дијагноза имавме ретинопатија 2 на очите одевме кај док може на 2 до 3 недели на контрола и се среди со капки и како он си се развиваше.Затоа само смирено и почести контроли и ќе се среди.
Знам.... Истово го пројдов со првото... Од коа не пушти ја од ОИНТ исто одевме на контроли кај Исјановски, ама се беше во ред.....
Дефинитивно не ти треба скафандер за толку кратко, само полошо ќе направиш ќе ти се прегрее бебче низ болница и во кола па ќе го фати склет и ќе плаче. Ќебенце е сосема доволно