Јас гледав на чико ама некако многу пластични ми изгледаат столчињата за таа цена. Сакав нешто удобно мекано да најдам
Бебе тера веќе втора дремка 30 минути, првата му беше цели 3 саати, што никогаш не се случило (а сношти си спиеше нормално како секоја ноќ). Нормално ли е? Колку спијат вашите бебиња од скоро 4 месеци?
Абе ќути поплукај, мојава сите дневни дремки и се точно 45мин ни минута плус а за ноќите не прашувај дојам на 2саати
Си викав да не си направам малер хаха ама загрижена сум да не настинува и од тоа да спие. Се околу нас е настинато, не може човек да се допази
Ако спие во раце ќе го држиш тоа е. Ќе помогне и тој период. Ама пробувај повеќе начини, топли го, можеби малку на страна легнат ќе е подобро може и не. Нешто ќе упали. Моиве две деца немаа мака голема со грчеви, сега бебкава дали неколку пати кенкаше од тоа. Ама Nurse harveys ни помогна тие неколку пати.
Се сум заборавила од првото дете Ќерка ми кога спие мн немирно спие, испушта звуци, се тегне, крева рачиња и нозе и навечер и денски..има дремки и не право така ама повеќето прави.. прават така вашите бебенца? 1+ е
Баш пред малку се вративме, преубаво е за прошетка. Боди по долги, подебели тренерки, капче памучно, чорапчиња и врз нив топлинки, средна дебелина ќебенце на ножињата.
Зашто да не, според мене ова е замена за дебели тренерчиња плус можда и ќебенце зависи колку е дебело