Па можеш, ама под ова полесно да ја облечеш. Јас имам вакво слично, тргнав да му го облечам ама почна да вреска дека е пресклет бебе и му го соблеков, па се облековме како што ти пишав.
Јас на почеток имав страв да ја шетам , сега не се прибираме. Сега се вративме од шетање, и облеков боди по прерамки, панталончиња и боди по долги. Ја покрив со подебело ќебенце. Сонце ја пече мижи не и одговара ама поубаво него дома у 4 ѕида...
Девојки дали знае некој каде можам да најдам делови за оваа пумпа во смисла на гумата напред и тоа малото кај што тече млекото. Внуката си се играла со нив, не употребливи се
Не е тоа многу облека некако? Јас денес ја шетав во хеланчиња, чорапи и патичиња, а нагоре боди по кратки, памучна блуза и јакничка. На глава само стегач околу ушите да ја фати. И супер си беше. Ако и ставам ќебе, или па тоа зимското од количката жива вода ќе биде и ќе вришти. @happygirl јас вакво би облекла на минусни температури. Надвор милина е времево само за јакничка плус, ништо друго.
Јас боди по кратки му облекувам, тренерчиња, елек и капче тенко. Памучно ќебенце носам ама невозможно е да задржи од мрдање
Во ова е ладно на минусни темп, за тогаш од оние дебелите зимски скафандери таман и беше вака со памучни тренерки и ова одозгора наместо ќебенце. Уште 3-4 бебиња што видов исто во вакви скафандери беа облечени, дури и со памучни капчиња одоздола.
Да прашаш од каде што ја купи да проверат со застапникот од филипс, иако мислам дека немаат резервни делови, но пробај за секој случај
Ич не е рано за таква облека. Јас по мене со гледам, кога мене денес ми студеше под сенка со блуза на долги и јакна шо остана на бебе од два месеци Јас го наоблеков мојот денес небаре на Монтеверест ќе се качваме Од топло на есен нема зијан, не е лето па да го сварам, се изнаспа во корпата од количката, му ставив боди на кратки, боди горе на долги, тенки шпикозни и плус дебел комбинезон, плус во дебела пелена беше завиткан. Знам дека не сум токму ама стварно беше свежичко Битола, 5 степени беше надвор и страв ми е да не го преладам, претходна недела настинавме.
Во февруари родив, по 7 дена искочивме ептен оти царски па мислев ќе ми испаднат органите какви 40 дена дома затворени.
јас сум породена во август, шетавме и пред да направи 40 дена, септември беше убаво времето, се утепавме од шетање во парк
Исто и јас како Noemi дека царски па по 5-6 дена и одтогаш секој ден на прошетка низ маало или парк. Користи дур спие бебе во количка, после често сакаат само да гледаат дур се возат. Плус ќе се загади за некоја недела па друг проблем
Се породив на почеток на мај, веќе после една недела почнав да ја шетам бебка надвор. Какви 40 дена дома затварање, кој уште го прави тоа?
Јас проблем гледам во носењето во 3 различни куќи на 40 дена а не во шетањето. Јас пример не го правев тоа туку постепено си ја носев на гости
Мајки јас прашувам за сега овој период, за лето јасно дека нема да седиме дома ама сега освен надвор во двор, на ладново каде би одела со новороденче? Само на затворено е опција а со вирусиве тоа не доаѓа у обзир. Иначе еве јас 40 дена седам дома и не дека ми е суеверие ама јас не можев од кревет да станам до вц, а не па да ми падне на памет да се дотерам и да шетам. Да ме видеше некој како бездомник бев...(Не дека сега грмам ) Ме пржеше раната не можев да седам ни да стојам, ненаспана, бебе не знае да цица, вришти ... Алал да ви е што одма сте станале, кај мене беше комплициран царски
Па баш сега ако не го прошеташ, што ќе правиш во зима. Ние ноември сме родени, бидејќи беше презагадено не ми дозволи педијатар да ја извадам пред 40 дена, иначе како поминаа не сме дома прибрани. Таман работа само во двор да седиме или да не одам во затворено. И во затворено ја носев.
Да после 40 дена излеговме. Рачунај она 4 недели беше во инкубатор, и две дома одседовме. После се стопли и шетавме сами без мн луѓе. Сега ја шетам, за кратко ќе биде катастрофа воздухот. Ќе идеме за викенди, шапка, осогово. Малку на воздух. И ако е по ок преку ден ќе ја вадам.