Слична ситуација, моето е скоро 2 месеци, уште многу повраќа. Два педијатри го гледаа, ми рекоа штом супер напредува не е страшно. Единствено ми препорачаа антирефлукс перница. Веќе 2 недели ја користиме. Има малку подобрување ама само по ноќните подои кога после јадење и подждригнување, одма си легнува. Преку ден, кога јаде по спиење, и покрај тоа што гледам колку може повеќе да го држам исправен, пак повраќа...не е е секој ден исто, некој денови е само бљуцкање на помала количина, ама некои, како денес е повремено повраќање во млаз. Закажав за утре пак преглед, па ако добијам некој совет плус ќе споделам.
Исто како што опиша е и ќерка ми.. само што е 1 месец. Ако продолжи вака за една недела решив да ја носам на преглед кај некој доктор стручен во таа област.
Исто и моето 1 месец е, цело време се тегне и како да има нешто во грлото хрчи откако ќе се најаде, ако најдеш стручно лице сподели, зошто како што гледам многу докториве не се замараат ако напредува бебето
Исто е и кај мене, ние следната недела 2 месеца. Се грчи, се буди од спиење и плаче, на секое цицање повраќа.
Мајки денеска се снимав рентген за синуси. Ми дадоја еден елек да носам за снимањето додека ме снимаат заради млекото. Дали е штетно ако му дадам да цица? Денеска од кога се снимав му дадов само вештачко, цело време бара цице и многу ми е жал. Иначе 6м има
Не смета, не е тоа којзнае колкаво зрачење, мене ногата ми ја снимаа исто, ми рекоа нема гајле. Исто 6 месеци беше.
Исто и ние ама скоро 4 месеци. И анти рефлукс млеко зедов, прво не повраќаше, па пак почна. Обично викаат на 6 месеци се средувало, но ми е прежално да го гледам кај што се мачи
За сите што пишувате за рефлукс, консултирајте се со вашиот педијатар нормално, ама можеби Алгорал сируп ќе ви помогне, нас ни помогна, доста го намали рефлуксот
Леле јас се мислев дека до 3ти, маааксимум 4ти месец се средува веќе. Ова до 6ти ми звучи многу стресно...
Знам секогаш кога ќе дојде време за јадење јас трауми имам, прво плачи, ги витка/ме клоца со ноџињата, па ќе поврати и како нажален ми стои. По неколку минути пак ќе поврати и така..
Ја да прашам има некоја друга мајка што ја болат зглобовите на рацете над дланките од дигање бебе прво само десната ме болеше сега и левава … има ли нешто што може да ублажам болка? Бебка машала качува килажа се повеќе и е тешка …
Јас сум таа. Со првото го имав тој проблем, он и многу брзо ми накачуваше килажа и едвај се издржуваше, на моменти и го спуштав кога осеќав дека не можам веќе, затоа што се плашев дека навистина ќе го испуштам од раце. Од тогаш едниот зглоб ми остана осетлив, и знае да ми заглави, закрцка на момент, не знам како да ти опишам. Решение за жал не барав, еве ме сега повторно со истиот проблем. Ќе пробам деновиве со стегач за зглобови, се надевам ќе помогне. Ако некој друг има предлог, нека кажува
Кога почнуваат бебињата да кенкаат во спиење во текот на ноќта, ама пак да презаспиваат, ги земате одма за јадење/пресоблекување или ги оставате да се разбудат повеќе/скроз па после тоа ги земате? Малово сега прикенкуваше и презаспиваше саат време, знам дека веќе му се јаде полека, ама не беше буден него си заспиваше пак по 5-10 мин, па пак ќе прокенка, па пак ќе заспие. Без плачки. Ова ми се скроз непознато, првото одма вриштеше и морав да го земам, а ова не знам дали да го оставам повеќе додека скроз не покаже дека е гладно или да го земам одма штом почнува да се буди.
Јас имав некоја акутна болка на двата зглобови одма после пораѓај, бебе немаше 4кг уште а јас плачев од болки. Матичната ми препорача гел блокмакс и ми ублажуваше колку толку само па мн јако мирисаше и ми беше страв бебе да го диши преку моите раце и избегавав да го ставам а не стигнав некои стегачи да купам во тоа постпартум лудило. Среќа поминаа болките по неколку недели.
Дур беше новороденче до кај 2 и нешто месеци ја оставав си се презаспиваше сама и врзуваше повеќе саати сон ноќе. Е сега ако ја оставам се ококорува и си игра така да одма реагирам пошто ќе ми седи будна минимум саат време.
Е да истото чувство како закочување плус ептен болка силна … не знам дали да тркнам деновиве до систина и каков доктор треба да ме види а сега помина? Така сама од себе? Оваа мојава болка се интензивира прво беше на десната рака дека таа ја користам за подигање бебе ама сега како е поголема ја дигам со двете и десната почна од пред некое време.
Ми помина по месец само со чат пат мачкање од тоа блокмакс гелот и пиење витамини. Ама кај мене беше ваљда поинаку не од кревање на бебе туку некоја постпартум глупост само што дојдов од болница ми се јави. Оди кај општ матичен па ќе те упати ако треба негде плус
Немам поима да ти кажам на 22ри сме на вакцина па ќе ја мерат али буцкарка е а заспива во раце со шетање по стан не можам веќе, уплатив консултант за спиење да видам што правам погрешно … дека почна и навечер немирно да спие … се буди мн често па цица сто пати па се врти низ кревет ровари … станувам уморна без сон иако сум силна и издржувам ама се молам да е од 4тиов скок променава и дека ќе помине за 2недели уште
Ако сте 4ти скок, до тоа е. За жал до сега после 7миов, да не ти објаснувам што хорор е, втор и четврт ни беа најлошо. Преку ден поготово… ја отворив летната количка па таму ми спиеше подолго и да не е во раце, иначе цркнав…. 10 минути дремки имаше, мислам тогаш највеќе ослабев, и сега за време на 7миов