Врвот на се ми беше мајка ми… пред некој ден се видовме и ми рече многу си бледа мајка и косава испопаѓана што ти е да не криеш нешто Што да кријам мајка … не спијам бебе имам со енергија 100ка
Да те утешам дека и 5ти не е нешто подобар, а одма после 4ти е. Нас 4ти по термин не фати, 5ти по дата на раѓање, немавме ни пауза Кажи и на мајка ти да дојде во 7ми скок тек тогаш ќе се чуди
Јас ќе ви се убацам на муабетов да кажам дека имавме точно 3 дена меѓу 4ти и 5ти скок, не ги пратам многу скоковите кога се што се, ама не очекував дека до толку јасно ќе се види кога почнува и завршува скок. веќе сме една недела во 5ти и е полош од 4тиот кај нас, буквално како зомби сум. Колку време најчесто трае овој?
Ја па си мислев 4ти и 6ти се најстрашни уште па на маж ми му се налутив што не резервиравме едно патување што го мислевме … у последен момент се премисли он мала е уште ваму таму ќе ја изреметиме и останавме дома … а ми се шета ми се плаче кога ќе напраи 3 години ќе ја оставам 7дена кај баба и и со маж ми одам на малдиви сум рекла! Да спијам да се сунчам и да гледам у светло море
Јас само да споделам, пак бев на педијатар ама ништо посебно не добив како препорака, освен антирефлукс перница. За 2 месеци има качено 2 кг и докторот смета дека е од прејаденост и дека нема простор за паника. Те молам ако одиш на специјалист, сподели искуство, се мислам и јас што да правам...многу ми е жално така да го гледам
Маркетинг стратегија за агенции сум смислила … попуст за ненаспани мајки за сите далечни патувања … ваше е само да се снајдете кај да оставите дете
Мој најдобронамерен совет е да си шетате со бебе и маж кога имате можности, независно од тоа дали бебе е во скок или не. Ако така откажуваме планови поради “нерасположеност” на бебе што ќе биде после дур вади заби па дур има тантруми, па не знам друго што следува? Сите тие периоди се неизбежни па а плачело дома или негде на плажа е сеедно. Ние одморот годинава го поминавме во најјакото на 5ти скок со ужасна регресија и плус почеток на вадење заби. Неколку неуспешни обиди имав за успивање на плажа па после само трчав во смештај за секоја дремка. Тешко беше да, не беше вистински одмор и јас бев стварно ненаспана ама моментите кога ја гледав колку се радува на прошетки да гледа и да се бања во море ме исполнуваа со огромна енергија и полунаспана да уживам во одморот. Сега пак можам да кажам дека ми беше преубав одморот. Предизвици со деца ќе има цело време независно од тоа каде сме, така да се додека имате можност да шетате користете ја.
И ја се согласувам ама маж ми е скептик и ептен е несигурен дали треба мало бебе по авиони хотели итн. И нас одморот ни беше хаос од гледна точка спиење и мојава нејќеше да спие на плажа нити по ресторани и така во хотел трчав плажа соба па понекогаш и пола ден во соба ама и ја се сложувам скроз дека животот поминува денес ќе плаче утре не и ќе порасне а ние ќе седиме дома … нон сенс ми е … рече маж ми пред нова година таман 6месеци ќе е //// пошто не ни знае кои маки се со забите тогаш
И мојот нешто се откачува, повеќе го збори во смисла да сме иделе сами како порано, ама не. Јас многу сакам да ја шетам и неа. Така што му кажав сега кога ќе биде Black Friday и ќе има попусти купуваме карти негде за во Италија за на пролет и ич не ми е гајле, му реков дека ако треба и сама ќе идам со ќерка Сега ни мене нигде не ми се иде искрено, може нешто до Солун, или низ Македонија да се прошетаме зимава
Јас уплатив идам Ноември во Германија на базар, и купив капче такво од х&м цело и до грлото доле што е, имам скафандер од сестра, тоа додатокот за зима на количката и идеме. Тогаш ќе е 8 месеци, корегирано 6. Па со Господ напред, се плашам малку во авионот како ќе биде ама ќе помине сат ипол е.
И ние кроиме планови за пролет Италија, мм па среќа ептен е возбуден дека тројцата ќе одиме. Ние и со кучето си одиме обично уште поголем хаос и обврска ама па преубаво е сите на куп. За во авион не би малтретирала куче ама бебето мораме некако да го навикнеме
И маж ми ми збори на Christmas market некој да ја носиме ќе видиме што ќе бидне - 6месеци прави во декември. Среќно нека ни е и да не праат циркузи по пат и таму
кај и да одите зимајте кенгур за да не ви паднат рацете и количка секако ама нели кога сакаме да седат во количка они не сакаат... ние викендов исто бевме на шетање со плачкава што се уште никако да ги извади забиве ама па уживаше на шетање на ладничко.
Ми искочи некое рилче како бебиња гледаат во сијалички новогодишни и се радуваат исто и во подземни аквариуми големи … ептен се фасцинантни за бебиња а маж ми све би и купил или би и дал само да ја гледа како се смее и ја на таа карта идам за шетањево
Да си одиш, сестрами лани беа Виена на базар со внуката, тогаш беше 10 месеци и преубаво поминаа. Годинава идеме заедно Германија. Живо забавно ќе биде. Ние пред свадба таа год бевме и мн убаво беше.
Мене не ми се свиѓаше Колмар, не сфатив што толку се потресуваат. Оди Стразбург, само да не е во викенд.
Кога ќе ја сетам а се молам да ја сетам пред да се разбуди. Некни се разбуди и 2 часа им се смееше на облачињата од оградицата... другиот ден ги свртив оградиците од кај белото Кога ви беше термин ,чисто информативно ,за ние до кај сме иако не покажува некои лоши знаци...јас сум благословена со ова бебе Сдк: ве читам за шетањето и ви блазесувам јас сум многу ограничена во психата во однос на шетање со бебиња ,не осудувам други луѓе но не можам да се замислам со 6м. бебе на студен зимски базар или на планина 1000 црни сценарија ќе ми истекнат и деновите таму ќе ми поминат во панични напади Дома најбезбедно ми се гледа ,морам да го решам ова